Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година. Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е ...

Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза. Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци. „Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот.. Во најдобар случај, Грилиш ќе се ...

Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба. Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген. Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“. Тер Штеген денес го имаше својот ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми. Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни. „Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме ...

Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година. Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски. Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто. Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според ...

Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус. Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната. И покрај тоа што му ...

Манчестер Сити е сè уште во криза бидејќи по поразот во градското дерби против Јунајтед, загубија и од Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „граѓаните“ на северот на Норвешка доживеаја шокантен пораз 3:1. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, тврди дека повредите и разните отсуства се проблем за неговиот тим. Тоа е факторот што го прави Сити неспособен да игра како што треба. Јошко Гвардиол, Матеуш Нуњеш, Рубен Дијаш, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, ...

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата. Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години. Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата. Поголемиот дел од својата клупска ...

Полицијата на португалскиот остров Мадеира е во потрага по маж кој ја запали статуа на Кристијано Роналдо, го снимил неговиот чин и го објавил на интернет. Инцидентот се случил во Фуншал, главниот град на Мадеира и родното место на Роналдо. На видеото се гледа како млад човек истура запалива течност врз бронзена реплика на фудбалерот и ја пали со запалка. Потоа танцува на рап музика. Видеото завршува со тоа што тој покажува среден прст на ...

По убедливата победа на Реал Мадрид над Монако во Лигата на шампионите (6:1), Винисиус Жуниор се осврна на натпреварот и на својот настап, нагласувајќи дека играта на целиот тим е клучна за тој да ја покаже својата најдобра верзија. Бразилскиот фудбалер, исто така, призна дека изминатите неколку дена му биле тешки поради критиките и свирежите од трибините. Против Монако, тој се истакна со две асистенции и еден гол. „Секогаш сум во центарот ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа како гости кај Денвер Нагетс – 115:107. Дејвид Аделман не можеше да смета на Никола Јокиќ и уште неколку играчи, ддодека Остин Ривс отсуствуваше кај „езерџиите“. Лука Дончиќ беше најефикасниот поединец на средбата со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции. Ова беше негов 52-ри трип дабл со најмалку 30 поени, сега има еден повеќе од Никола Јокиќ, додека прв на оваа листа е Оскар Робертсон со 106. Леброн ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Интер, со 3:1 во дербито на вечерта, во претпоследното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Арсенал неочекувано убедливо победи на гостински терен во Милано и ја потврди својата феноменална форма, а сега има 7 победи во 7 натпревари. Ова беше трет пораз на Интер по ред по серијата од четири победи на почетокот на сезоната. Интер загуби од Атлетико во Мадрид и од Ливерпул и Арсенал во Милано. Три ...

Португалија ја победи Данска со 31:29 (12:11) и го освои прворо место во Б групата. Во следната фаза Португалија носи два бода, Данска во новата група, во која се Франција, Норвешка, Германија и Шпанија ќе влезе без бодови. Португалците, во Хернинг, одиграа нестварен натпревар, не подлегнаа на притисокот, ниту во моментите кога Днаците во второто полувреме неколку пати имаа предност од два гола. Данците едноставно немаа решение за браќата ...

Кошаркарите на Црвена звезда, по едно продолжение славеа победа во Монако со 100:96. Црвена звезда ја прекина серијата од шест победи во која беше тимот на Монако, сега има скор 13-10, додека екипата од малото кнежевство е на 15-8. Фантастичен натпревар одиграа двата тима, пол но пресврти и едно продолжение. Црвена звезда, во еден период од втората четвртина имаше предност од 18 поени, Монако до крајот на првиот дел се врати во мечот, ја ...

Боде/Глимт го победи Манчестер Сити со 3:1 (2:0) во претпоследноот коло, во Лигата на шампионите. Екипата од северот на Норвешка на импресивен начин ја забележа првата победа во клупсата историја во елитното натпреварување. Со овој триумф Боде/Глимт ги задржа шансите за пласман во плејофот, а во исто време „граѓаните“ ги компромитираа своите шанси за пласман во Топ 8. Дека Сити ќе доживее класичен нокаут во Норвешка беше јасно кога Хег ...

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20ти јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, г. Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата. Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на г. Илиевски и уште еднаш упатува искрена ...

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Романија со 24:23, во последното коло од Б групата. Македонија сигурно е трета во групата, се избори за полесен пат во квалификациите за Светското првенство, за да биде втора, Данска ќе мора да ја победи Португалија со 17 или повеќе голови разлика. Во Хернинг, избраниците на Кирил Лазаров за малку ќе направеа од готово вересија, мечот го реши Никола Костески со гол на една секунда до ...

Фудбалерите на Бриж остварија важна победа (4:1) и со тоа ги задржаа шансите за пласман во плејофот во Лигата на шампионите. Белгискиот, со втората победа сезонава, по некомплетната седма рунда скокна на 23-то место со седум бода. Бриж успеа да ја оправда улогата на фаворит против најслабиот тим оваа сезона на Лигата на шампионите. Александар Станковиќ, синот на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ го постгна рпвиот гол,а до крајот на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот. Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор. „Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој ја нагласи важноста на навивачите за неговата ...

Един Џеко (39) постигнал договор со Шалке, објави новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенберг. Инсајдерот открива дека сега ќе мора да се договорат водечкиот тим во германската втора лига и Фиорентина. Един Џеко ѝ се придружи ова лето, но одигра 18 натпревари (722 минути) главно како резерва и сега сака да си замине. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Плетенберг додава дека спортскиот директор Франк Бауман и тренерот Мирон ...

Жан-Филип Матета постигна договор со Јувентус и го чека исходот од преговорите меѓу Кристал Палас и „старата дама“. Италијанските медиуми открија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус, според која ќе заработува 4.000.000 годишно, но сега следува потешкиот дел од преговорите. Наводно, Палас сака да собере 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за позајмица до крајот на летото со задолжителен откуп за 28-30.000.000 евра. ...

Финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал сè уште е најжешката тема на фудбалската јавност. Натпреварот во Рабат тешко дека ќе се памети по фудбалскиот спектакл, но настаните ќе се раскажуваат долго време поради кои африканскиот фудбал секогаш ќе служи за потсмев. Медиумите сега се фокусираат на драмата што се одвиваше зад голот на сенегалскиот голман Едуар Менди. Имено, во второто полувреме, капитенот на Мароко, Ашраф ...

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија. Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, ...

Избраниците на тренерот Сеск Фабрегас им нанесоа тежок пораз на „лациалите“ во последниот натпревар од 21-то коло од Серија А и ја продлабочија кризата на тимот предводен од искусниот Маруцио Сари. Комо, среде Рим, го декласира Лацио со 3:0. До победата Комо го предводеа талентираните Нико Паз и Батурина. Хрватот Батурина го постигна првиот гол по 120 секунди игра, Паз зголеми на 2:0 во 24-та минута, а до крајот на полувремето младиот ...

Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај. Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот. Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо Ндала, ...

Натпреварите од седмото коло од Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена. Дербито ќе се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, силите ќе ги одмерат лидерите во Серија А и Премиер лигата, Интер и Арсенал. Интер и Арсенал, во оваа фаза играа и минатата сезона, тогаш италијанскиот тим победи со 1:0. Интер ги загуби последните два натпревари во Лигата на шампионите и никогаш не загубил три во својата историја, додека Арсенал бележи ...

Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс. Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови. Тројца играчи прв пат ќе бидат стартери во тимот на Источната ...

Голден Стејт Вориорс, скапо ја платија убедливата победа над Мајами Хит со 135:112. Поранешниот играч на Мајами, Џими Батлер, поради повреда го напушти теренот. Еден од главните играчи на франшизата, Џими Батлер, незгодно се приземји и, судејќи според она што беше видено, сериозно го повреди коленото. Крилниот играч испушти болен крик, а неговите соиграчи го изнесоа од теренот. „Се молиме сè да биде во ред“, рече тренерот на Вориорс, Стеф ...

Германија ја победи Шпанија со 34:32 и го обезбеди првото место во А групата на 17-то Европско првенство во ракомет. Германците кои беа на работ на бездната, по поразот од Србија, вечерва, го искористија подарокот од Србите, кои претходно загубија од Австрија (25:26) и со победата над Шпанија во втората фаза ќе пренесат два бода. Германците беа подобри од самиот почеток, имаа предност што ја држеа во текот на целото прво полувреме. Како што ...

Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити. Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул. Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година. Дефанзивецот е второто засилување на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
9.77
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.52
96%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
88%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.57
84%
1020
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
96%
1010
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Сребро

3663.67