Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1. Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет. За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена. Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте. „Гризман направи магнетна ...
Усман Дембеле наскоро би можел да го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи сè уште не сака да потпише нов договор со актуелниот европски шампион. ПСЖ одлучи да направи драстични промени во својот проект, пишува шпански „АС“. Европските шампиони радикално ја променија својата политика, не само во однос на трансферите, туку и коа се работи за новите договори. ПСЖ клуб јасно ги искажа своите намери и испрати предупредување до играчите, додава ...
Менаџерот на Манчестер Сиит, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред натпреварот против Вулверхемптон, се осврна на неодамнешните резултати на својот тим. Сити влезе во период на лоша форма, запиша серија од четири натпревари без победа во Премиер лигата, што ги остава седум бода зад лидерот Арсенал. Покрај тоа, поразот од Бодо/Глимт (3-1) во Лигата на шампионите им ги намали шансите за директен пласман во осминафиналето. Соочен со ...
Партизан со епски пресврт, успеа да го победи Хапоел, по едно продолжение со 104:101. Црно-белите, против лидерот во Евролигата надополнија минус од 27 поени и славеа осми пат во сезоната. Во победата Партизан остана без капитенот Вања Маринковиќ. Партизан, како домаќин го пречека Хапоел во Минхен и ја забекежа една од највпечатливите победи во историјата на Евролигата. Лоша вест за Партизан е то во псоледниот напад, во регуларниот дел, се ...
Лоренцо Лука е пристигна во Нотингем, потврди клубот на својата веб-страница. Лука дојде од Наполи на позајмица, а англискиот клуб има опција за откуп во текот на летото. Останува да се види дали ќе може да ги задоволи челниците на двократниот европски шампион. Италијанскиот напаѓач беше најдобар стрелец на Удинезе со 14 гола минатата сезона, што му овозможи трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија. Сепак, немаше многу минути ...
Хрватските ракометари ја отворија главната фаза на Европското првенство со победа над Исланд – 30:29 (19:15). Избраниците на Дагур Сигурдсон водеа од самиот почеток на натпреварот и успешно ги одбиваа нападите на Скандинавците во текот на целиот натпревар. Првото полувреме го затворија со серија од 3:0 и стигнаа до најголеми плус четири. Омар Магнусон реши да ги земе работите во свои раце и со пет гола во второто полувреме успеа да ја ...
Тами Ејбрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19. Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот. Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова ...
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул. Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона. Во Ливерпул ...
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири. Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на ...
Реал Мадрид одлучи да се повлече од Евролигата и да стане еден од основачите на ново европско кошаркарско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА Европа“, пишуваат шпанските медиуми. Според достапните информации, 12 клуба би учествувале во почетната фаза од проектот, а се проценува дека вредноста на франшизите вклучени во натпреварувањето би можела да достигне околу една милијарда долари во следните пет до шест години. ...
Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид. Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот. Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа ...
Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“. Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите. Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30. Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои ...
Јусуф Нуркиќ и Џоел Ембид со по трипл-дабл ја обележаа ноќта во НБА лигата. Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, го забележа третиот трипл-дабл во кариерата, втор по ред. Тој во поразот на Јута Џез од Сан Антонио Спарс со 109:126, забележа 17 поени, 11 скокови и 14 асистенции. На претходниот натпревар, против Минесота, Нукриќ имаше 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции. По едно продолжение, Филаделфија го победи Хјустон со 128:122, во натпревар ...
Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. . Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули. Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска ...
Foto/ EPA Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата. Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград. Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри ...
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година. Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра. Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на ...
Норвешка, во ново формираната Група 1, на Европското првенство ја победи Шпанија со 35:34. Шпанија, во најголем дел го контролираше натпреварот во Хернинг, меѓутоа Норвежаните беа подобри во финишот, мога анулираа минус од два гола и го презедоа водството. Голот за победа го постигна Сагосен на 12 секунди до крајот. Шпанија имаше напад за реми, меѓутоа во ситуација шест на четири (Норвашека имаше двајца играчи помалку), Фернандез од чиста ...
Барселона објави дека шпанскиот репрезентативец Педри ќе биде надвор од теренот во следните четири до пет недели поради повреда на тетивата, што значи дека ќе пропушти помеѓу седум и десет натпревари. Педри се повреди вчера, во Прага против Славија, во Лигата на шампионите. Според каталонските медиуми, во тој период Барселона ќе биде без еден од клучните играчи за врска најмалку шест до седум натпревари, вклучувајќи ги натпреварите во ...
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет. Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја. Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро ...
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24). Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда. Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк. Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна ...
Foto/ EPA Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето. Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, ...
Foto/EPA Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето. Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул. Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико ...
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло. Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за ...
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо. Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“. Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси. „Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои ...
Францускиот фудбалер, Жан-Филип Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот, бидејќи за него се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата и Јувентус, објавија британските медиуми. На Матета му остануваат уште 18 месеци од договорот со Кристал Палас, а како што стојат работите во моментов, нема планови за продолжување на соработката, објавува Би-Би-Си. Италијанскиот гигант Јувентус се обиде да го потпише напаѓачот ...
Играчите на Манчестер Сити одлучија да им ги рефундираат парите на 374 навивачи кои патуваа во Норвешка за да го проследат дебаклот на нивниот тим од Боде/Глимт (1:3) во Лигата на шампионите. Билетот за гостинските навивачи чинеше околу 25 фунти, па играчите на Сити ќе издвојат вкупно 9.357 фунти за да ги надоместат трошоците за оние кои патуваа во Арктичкиот круг. Во име на тимот, капитените Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Родри и Ерлинг ...
Њујорк Никс забележаа рекордна победа, најголема од основањето на франшизата во 1946 година. Во дербито на „Големото јаболко“ против Бруклин Нетс,една од двете најстари НБА франшизи триумфираше со 120:66 (38:20, 22:18, 28:18, 32:10). Пред овој, имаше само два натпревари во историјата на НБА каде што победникот имаше 120 или повеќе поени, а противникот 70 или помалку. Џејлен Брансон беше најефикасен со 20 поени со четири скока и пет ...
Комплетирано е претпоследното, седмо коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Барса преживеа Прага и на крајот стигна до сигурна победа, Ливерпул беше убедлив во Марсеј, Јуве го доби мало дерби против Бенфика, Баерн лесно се псрави со Унион во второто полувреме, а Челзи на „мускули“ го победи Пафос. Њукасл беше убедлив против ПСВ, а Атлетик Билбао, со пресврт во вториот дел победи во Бергамо. Резултати: ГАЛАТАСАРАЈ – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1 (1:1) ...
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок. Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација. Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година. Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би ...