Актуелниот МВП во НБА лигата, Шеј Гилџес-Александер ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Оклахома го победи Мемфис со 119:103, Шеј натпреварот го заврши со 31 поен. Гилџес-Александер стана само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 20 или повеќе поени во 100 последователни натпревари. Тој го заврши натпреварот со 31 поен и покажа зошто се смета за најдобар стрелец во лигата во изминатите неколку години. Единствениот човек кој ...

Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година. Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на теренот беше Елиф Елмас, речиси рутински ја совлада Болоња. На противникот во ...

Кошаркарите на Партизан, во Љубљана ја победија Крка со 99:92, во АБА лигтата. Натпреварот го обележа Двејн Вашингтон со 48 поени. Американецот, спречи уште еден кикс на Партизан, постигна половина од поените на својот тим. Партизан е втор во својата група со осум победи и еден пораз. Вашингтот мечот го заврши со 48 поени, постигна 10 тројки од 14 обиди и го урна рекордот на Дерон Расел, кој во дресот на Морнар, во октомври 2022 година ...

Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан. Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем. Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против ...

Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада. Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција. „За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го ...

Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ. Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на ...

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година. Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место. Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата. Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор. Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми. По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да го назначи Гоце Седлоски за нов селектор на националнит тим. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ), Горан Пандев ( директор на Национални репрезентации), Николче Новески ...

Манчестер Јунајтед вчера во Бирмингем, доживеа пораз од Астон Вила (2:1) и остана без капитенот Бруно Фернандеш. Португалецот се повреди во финишот на првото полувреме, остана на теренот, но не се појави во второто полувреме. Менаџерот, Рубен Аморим, по натпреварот откри дека Бруно е повреден, дека ќе отсуствува одреден период. Според англиските медиуми, Португалецот ќе паузира најмалку еден месец. што значи дека ќе пропушти седум ...

Поминаа девет месеци откако жалбата на Дани Алвеш беше одобрена, со што тој беше ослободен од казната што првично му беше изречена за силување. Оттогаш, Алвес се најде во улога на проповедник, а како што објавија бразилските медиуми, сега се подготвува да се врати на фудбалскиот терен. Дани Алвеш го одигра својот последен професионален натпревар во јануари 2023 година, само неколку дена пред да биде уапсен под обвинение за силување. Пумас, ...

Бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш (28), кој се приклучи на Њукасл пред две години, а за чии услуги се заинтересирани Барселона, ПСЖ и Арсенал, би можел да го напушти клубот уште во јануари. Според најновите информации од Англија, активирана е неговата откупна клаузула, но не е од споменатите клубови, туку од засега неименуван клуб од Премиер лигата. Според тврдењата на англискиот извор „Indykail“, прашање на време с кога ...

Светислав Пешиќ би можел повторно да седне на клупата на Баерн Минхен. Легендарниот српски тренер, до неодамна селектор на српската репрезентација, се споменува како прв кандидат да го води германскиот шампион до крајот на сезоната. Баерн го отпушти Гордон Херберт по серијата лоши резултати, а грчките медиуми пишуваат дека доколку Баварците се одлучат за привремено решение, Пешиќ има најголеми шанси. Популарниот Кари го водеше Баерн во ...

Александер Исак (26) постигна гол за Ливерпул против Тотенхем во 17-то коло од Премиер лигата кратко по влегувањето во игра. „Црвените“ го добија натпреварот со 2:1, но на долг период го загубија напаѓачот, кој ова лето стана најскапиот играч во историјата на клубот и Премиер лигата. Ливерпул, во финишот на летниот преоден рок го купи Исак од Њукасл за 145 милиони евра. Шваѓанецот се уште не се прилагоди на играта на Ливерпул, постигна само ...

Американскиот кошаркар Камерон Пејн, објави црно-бело срце на својот Инстаграм профил, со што потврди дека кариерата ќе ја продолжи во кошаркарскиот клуб Партизан. Во изминатите неколку дена се пишуваше дека црно-белите се блиску до трансферот на американскиот плејмејкер од Њујорк Никс и дека се чека назначувањето на новиот тренер, за клубот да може да објави дека и Пејн ќе пристигне во Белград. Откако стана јасно дека Џоан Пењароја, ќе го ...

Холанѓанецот Макс Ферстапен, во следната сезона во Формула 1, ќе го вози болидот на Ред Бул со својот омилен број три (3), додека Ландо Норис одлучи да го земе бројот еден (1), како актуелен светски шампион. Кога влезе во светот на Формула 1 во 2015 година, како член на тимот Торо Росо, Ферстапен не можеше да го земе бројот три, бидејќи во тоа време го користеше Даниел Рикардо, кој се натпреваруваше за Ред Бул, па Холанѓанецот одлучи да се ...

Манчестер Сити е подготвен да го продаде Савињо. Бразилецот требаше да го напушти клубот во летниот преоден рок, но тогаш Пеп Гвардиола во последен момент се премисли и го запре трансферот. Сега е извесни дека Савињо ќе замине, а следна негова дестинација ќе биде клубот со кого го поврзуваа и минатото лето, Тотенхем. Савињо е играч во ротацијата на Гвардиола, најчесто е резерва, одигра 13 натпревари во Премиер лигата, иако помина помалку од ...

Кошаркарите на Њујорк Никс го победија Мајами Хит на домашен терен со 132:125, во рамките на НБА лигата.. Џејлен Брансон блескаше во редовите на Никс, го предводеше својот тим со 47 поени, на кои придодаде три скока и осум асистенции. Мајами го отвори натпреварот подобро и стигна до +7 на крајот од првата четвртина. Никс ја намалија предноста на Мајами во втората четвртина и го презедоа водството. Покрај Брансон, кај Никс се истакна Мајкл ...

Стивен Џерард е јасен кога станува збор за враќањето во Ливерпул – тој би се вратил и би ја завршил секоја работа што клубот би ја побарал од него. Но, во исто време го поддржа менаџерот Арне Слот. Стивен Џерард е без работа откако ја заврши својата епизода во Саудиска Арабија, а оттогаш често работел како стручен коментатор. Во последното интервју, тој зборуваше за потенцијално враќање во Ливерпул. „Ќе бидам брутално искрен. Би му помогнал ...

Барселона го победи Виљареал со 2:0 на гостински терен вчера во натпреварот од 17-то коло на шпанската Ла Лига. По триумфот повторно под лупа се најдоа судиите. Капитенот на домашниот тим, Дани Парехо, застана пред камерата и не беше многу импресиониран од победата на Барселона. Блауграната добро го отвори натпреварот и поведе со 1:0 веќе во 12-та минута кога од пенал, гол постигна Рафиња. Иако Виљареал пропушти неколку одлични можности во ...

Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0. Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ...

Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство. Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0). Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута. Фиорентина знаеше како да го искористи ...

Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Јунајтед (2:1) на свој терен во дербито на 17-то коло од Премиер лигата. Астон Вила ја забележа скромната шеста победа во 61-от меѓусебен дуел со Јунајтед во Премиер лигата. Головите, со кои Вила ја продолжи победничката серија ги постигна Морган Роџерс во 45-тата и 58-та минута. На другата страна, Матеус Куња погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме. За да биде ...

Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита. Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал. Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка (27) е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација. Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари. Во ...

Еден од најголемите боксери на својата генерација, непоразениот светски шампион Теренс Крофорд, објави крај на импресивна кариера. Одлуката доаѓа по три месеци откако ги обедини титулите во супер средна категорија со победата против Канело Алварез. 38-годишникот од Небраска, кој ја победи мексиканската легенда со доминантен настап во Лас Вегас во септември, ја сподели својата одлука со јавноста преку видео на социјалните мрежи. „Се ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаа уште еден пораз на домашен терен во НБА лигата, петти од вкупно седум колку што имаат во сезоната. Хјустон славеа во „Бол Арена“ со 115:101. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра лоша нтпревар, беше непрепознатлив и особено во првото полувреме (додека резултатот беше изедначен) одеше од грешка во грешка. Брзо се заглави во проблеми со лични грешки, првите три г направи во фаза на нападот 6 фаули… ...

Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзии, откако беше заменет против Севилја (2:0). Овој пат, тоа не го направи на теренот на „Бернабеу“, како за време на Ел Класико, туку пред очите на своите 57 милиони следбеници на Инстаграм. Лут поради свирежите што ги слушна при напуштањето на играта, Бразилецот ја смени својата профилна слика на Инстаграм кратко по завршувањето на натпреварот Реал Мадрид – Севиља (2:0), пишува „Марка“, во ...

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта. Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот ...

Фудбалерите на Арсенал и Лидс забележаа победи во 17-то коло од Премиер лигата, во натпреварите одиграни во саботата навечер. Арсенал го победи Евертон со 1:0 во Ливерпул и ја забележа својата 17-та победа во последните 21 натпревари во сите натпреварувања. Првиот и, како што се покажа, единствен гол на натпреварот беше постигнат во 27-та минута, од пенал. О’Брајан, аматерси реагираше по корнерот на Рајс, играше со двете раце, како да е ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46