Мачадо отпатувала во Норвешка и покрај десетгодишната забрана за патување што ѝ ја наметнаа властите во Венецуела и по повеќе од една година помината во криење, но не успеала да пристигне на официјалната церемонија на доделување на Нобеловата награда, која се одржа во средата. Лекарите кои ја прегледале во Осло ѝ дијагностицирале скршеница на пршлен, објави норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“, повикувајќи се на анонимни извори. Според ...

Студентите во блокадата од неформалната група „Студент во секое село“ денес најавија акција наречена „Доаѓаме на вашата врата“, која ќе трае од понеделник, 15 декември до четврток, 25 декември. Тие изјавија дека студентите ќе носат акредитиви за да можат граѓаните да ги препознаат. „Им веруваме на нашите луѓе и сме им благодарни, и се надеваме дека, преку нашите постапки во изминатата година, докажавме и дека сме достојни за вашата доверба. ...

Безбедносната служба на Украина (БСУ) објави снимка за која тврди дека покажува напад врз руската подморница од класата 636.3 „Варшавјанка“ во пристаништето Новоросијск. БСУ наведува дека ова е прв напад со подводни дронови „Sub Sea Baby“ и дека подморницата претрпела критична штета и е онеспособена за понатамошна употреба. Засегнатата подморница, класифицирана од НАТО како класа Кило, е вооружена со четири лансери за крстосувачките ракети ...

Руските сили во Купјанск во Харковскиот регион, кои бројат помеѓу 100 и 200, остануваат опколени, а нивната команда во моментов не е во можност да им пружи каква било конкретна помош, изјави потполковник Виктор Трехубов, началник на комуникациите на Здружените сили на Украина. Според него, проценките се базираат на разузнавачки информации собрани преку пресретнување на радиокомуникации. „Според првичните проценки на нашата разузнавачка ...

Според најновата анкета, огромното мнозинство Украинци веруваат дека националните избори треба да се одржат дури по завршувањето на војната со Русија и потпишувањето на мировен договор, а довербата во претседателот Володимир Зеленски останува на високо ниво, пишува Киев Пост . Анкетата, спроведена од Меѓународниот институт за социологија во Киев (KIIS) од 26 ноември до 13 декември, покажа дека само 9 проценти од испитаниците поддржуваат ...

Европската унија влегува во клучна недела за иднината на Украина, но и за сопствената геополитичка улога, во услови на засилени стравувања дека мировниот договор за ставање крај на војната би можел да биде договорен меѓу САД и Русија, без вистинско европско влијание. Паралелно со дипломатските напори, Брисел се соочува и со тешки преговори околу мултимилијарден финансиски пакет кој треба да ја одржи Украина финансиски стабилна, пренесува ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, дел од населени места во Скопје денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија. Како што е наведено во известувањето, прекинот започнал во 9 часот утринава, а се очекува електричната енергија да биде повторно вклучена до 15 часот. Без струја денеска ќе бидат жителите на ...

Провинцијата Сафи, која се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Рабат, била погодена од обилни и интензивни врнежи од дожд кои за многу кратко време предизвикале нагло излевање на каллива вода и силни поројни бранови. Според соопштението на мароканските власти, поплавени се најмалку 70 куќи и деловни објекти, однесени се десет возила, а оштетен е и дел од патната инфраструктура. Поради тоа, сообраќајот е во прекин на неколку ...

Станува збор за втор поголем дронски напад во помалку од една недела, по оној регистриран на 10 декември, јавува „Киев Индипендент“. Според Собјанин, руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 18 дронови кои се движеле кон Москва. Тој наведе дека засега нема информации за жртви или материјална штета, а итните служби работат на отстранување на остатоците од соборените летала. Руското Министерство за одбрана подоцна објави дека во текот ...

Тој порача дека Кремљ нема да застане на Украина и дека станува збор за поширока закана за Европа, пренесува „Политико“. Говорејќи на партиска конференција на Христијанско-социјалната унија на Баварија, Мерц се осврна на историскиот договор од 1938 година, кога сојузниците му ги отстапиле Судетите на Хитлер. „Исто како што Судетите не беа доволни во 1938 година, така ни Путин нема да застане“, изјави Мерц, потсетувајќи дека по тоа Хитлер ја ...

Иако се очекува трендот на слабеење да продолжи и во текот на наредната година, аналитичарите сметаат дека падот ќе биде умерен и помалку изразен. Според просечните прогнози на стратезите од водечките светски финансиски институции, доларот би можел дополнително да девалвира за околу три проценти во однос на кошничка светски валути. Како главна причина се наведуваат очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе продолжат со намалување на ...

Во своето прво јавно обраќање во седиштето на МИ6, Метруели ќе истакне дека Русија претставува „агресивна, експанзионистичка и ревизионистичка закана“, нагласувајќи дека поддршката за Украина е долгорочна и непроменета. Нејзината изјава доаѓа во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е подготвен да се откаже од амбициите за членство во НАТО, доколку Украина добие правно обврзувачки безбедносни гаранции од Западот. ...

Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот е регистриран од сеизмолошките станици инсталирани низ целата територија на државата, кои се одржуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,3. Земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според ...

Во Австралија знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на жалост за 15 лица загинати во масовното пукање на плажата Бондаи, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе. Албанезе на прес-конференција изјави дека Австралија никогаш нема да биде подложена на поделби, насилство или омраза и дека нацијата заедно ќе помине низ овој тежок период. Бројот на загинати во нападот на плажата Бондаи во Австралија, за време на прославата на ...

Американскиот преговарач Стив Виткоф изјави вечерва дека е постигнат „голем напредок“ за време на петчасовните разговори во Берлин со украинската делегација, предводена од претседателот Володимир Зеленски. „Постигнат е голем напредок“, напиша Виткоф на платформата Икс (X) по разговорите во Берлин, кои беа насочени кон пронаоѓање дипломатско решение за завршување на војната што Русија ја започна во Украина. Средбата меѓу украинскиот ...

Програмата беше реализирана од импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола, во услови на сериозни последици по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Во тој период, Скопје доби на располагање стари репортажни возила донирани од Велика Британија и Италија, што овозможи воспоставување на телевизиско известување. Со емитувањето на првиот ТВ весник започна и редовната програма на Телевизија Скопје, што претставува значаен ...

Информацијата ја потврди и гувернерот на регионот Антиокија, кој соопшти дека „повеќе од дванаесет лица“ го загубиле животот, додека околу 20 се повредени. Според медиумските извештаи, учениците од 11. и завршна година се враќале од престој на плажа на карипскиот брег кон градот Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Во автобусот, кој излетал од патот во рурална област недалеку од Сеговиа, се наоѓале околу 40 патници. ...

Средбата беше прекината во неделата навечер и ќе продолжи во понеделник наутро, потврди советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, пренесува Ројтерс. Литвин информираше дека делегациите разгледуваат нацрт-документи и дека разговорите се во тек, но засега без финални заклучоци. Според него, претседателот Володимир Зеленски ќе се обрати во јавноста со коментар за исходот од преговорите по нивното целосно завршување. Средбата започна ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони останува уверена, и покрај правните пречки, дека центрите за депортација во Албанија што ги промовира нејзината десничарска влада ќе функционираат според планот. „Сè оди точно како што отсекогаш ви велев: Центрите во Албанија ќе работат“, им рече Мелони на поддржувачите на настанот на нејзината партија Браќа на Италија во Рим во неделата. Мелони посочи на договор во рамките на ЕУ за построг став кон ...

Пожарот бил пријавен на 13 декември 2025 година во 21:29 часот во СВР Скопје. Според полицијата, огнот зафатил два магацина во индустриски објект, сопственост на М.Р. (46) од Скопје, кои биле изнајмени на други лица. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и целосно го изгаснала пожарот. Денеска, 14 декември, при вршење увид во еден од објектите, кој под наем го користел М.А. ...

Украина е подготвена да се откаже од своето барање за членство во НАТО доколку САД и Европската Унија понудат доволно силни безбедносни гаранции во рамките на тековните преговори за завршување на војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД, т.е. гаранции слични на Член 5 од НАТО, како и безбедносни гаранции за нас од нашите европски партнери и други ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по вооружениот напад за време на прославите на Ханука во Сиднеј, изјави дека уште во август, испратил писмо до австралискиот премиер Ентони Албанезе, обвинувајќи ја Канбера дека „додава масло на огнот на антисемитизмот“. Парафразирајќи ја содржината на писмото, Нетанјаху рече дека политиките на австралиската влада, вклучително и признавањето на палестинска држава, ја поттикнуваат „омразата ...

Нападот се случил во саботата попладне врз логистичката база Кадугали, која функционира во рамки на мировната мисија на ОН во Абјеј. Според соопштението на службата за односи со јавност на армијата на Бангладеш, нападот бил извршен од вооружени сепаратистички групи со беспилотно летало, во периодот од околу 15:40 до 15:50 часот по локално време. Бангладеш е меѓу најголемите придонесувачи со војници во мировните мисии на Обединетите нации, а ...

Се очекува разговорите да се одржат меѓу американската делегација, претставници на Украина и претставници на клучните европски сили. Засега не се соопштени детали за времето и форматот на средбите. Почетните разговори ќе се водат на ниво на советници и зад затворени врати, без објавување дополнителни информации за содржината. Во Берлин пристигнува и Зеленски Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди своето доаѓање во ...

За четворица од осомничените се издадени официјални налози за апсење, додека едно лице е ставено во превентивен притвор поради сомнеж дека учествувало во планирање напад на божиќен саем во подрачјето на Динголфинг, во јужниот дел на сојузната покраина Баварија. Обвинителството во моментов се сомнева во исламистички мотив за нападот, кој, според досегашните сознанија, требало да биде извршен со употреба на возило. Од обвинителството синоќа ...

Според анкетата, 60 отсто од испитаниците се изјасниле во корист на ваква забрана, додека 24 отсто се против. Околу 10 проценти навеле дека темата не ги интересира, а шест проценти не одговориле или изјавиле дека не се сигурни. Истражувањето е објавено во период кога Австралија оваа недела воведе нови правила со кои се ограничува пристапот до социјалните мрежи за помладата популација. Од 10 декември, децата и тинејџерите помлади од 16 години ...

Говорејќи синоќа на конгресот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во Минхен, Мерц изјави дека периодот на таканаречената „Pax Americana“, поредокот воспоставен по Втората светска војна, во кој Соединетите Американски Држави беа главен гарант на европската безбедност, во голема мера е завршен. Тој ги предупреди европските држави да не сметаат дека американската надворешна политика ќе се врати на поранешната предвидливост по заминувањето на ...

Несреќата се случила околу 20:05 часот, по клучката „Камењане“, кога дошло до судир меѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Поради незгодата, сообраќајот на овој патен правец бил отежнат и се одвивал по една коловозна лента, со пренасочување и регулирање од страна на полициски службеници. Осумте повредени лица биле пренесени со возила на Итната медицинска ...

Пријавата за пожарот била примена синоќа во 22:38 часот, по што на местото интервенирале пожарникари од Јавната противпожарна единица „Дубровачки пожарникари“ со три возила. Пожарот бил локализиран околу 23 часот, а целосно изгаснат околу 1 часот по полноќ. Во пожарот целосно изгореле приземјето и покривната конструкција на куќата. За време на интервенцијата, во приземниот дел од објектот било пронајдено изгорено тело на машка личност. ...

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од десет километри и на растојание од 194 километри од градот Хачинохе. Досега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами. Share ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1019
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
89%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.82
85%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.5
97%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
74%
1020
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1019
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
83%
1019
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.044
95%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
95%
1021
Currency

61.651

Currency

55.021

Currency

73.831

Currency

37.968

Currency

39.032

Currency

67.18

Currency

8.2533

Currency

0.66731

Currency

0.34797

Currency

0.52391

Currency

1.0966

Currency

0.58661

Паладиум

32633.01

Бакар

12.57

Калај

46.57

Платина

49640.75

Кобалт

33.53

Сребро

1667.87

Родиум

302217.02

Рутениум

61086.42

Злато

130085.14

Цинк

3.75

Иридиум

321507.47

Алуминиум

2.99