Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија. Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна во моментов се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, ГП Блаце околу 30 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива ...
Во најновата видео-анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните што мислат за старото прашање кое се повторува секоја есен и пролет – дали треба да се укине менувањето на времето. Одговорите беа искрени, духовити и речиси едногласни: „Не, доста е, нека си остане така!“ „Дефинитивно не, затоа што губиме дел од сончевите саати“, ни рече една соговорничка, додека друг додаде: „Нека си остане така, 24/7, 365, пак работиме.“ Имаше и такви што ...
Инцидентот се случил околу 11:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Видое Смилески-Бато“ и сервисната улица кај трговски центар. Возилото, управувано од Т.Н. од Скопје, најпрво удрило во пешаците Г.К. (40), М.К. (39) и две малолетнички, а потоа се забило во семафор. Пешаците се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им се укажува медицинска помош. Полицијата изврши увид и го истражува случајот за да се утврдат причините за ...
Русија и предаде на Украина тела на илјада загинати украински војници, а прими тела на 31 загинати руски војници. – Денеска е спроведена репатрација. Илјада тела, кои според Русија, се загинати украински војници, вратени се во Украина, соопшти украинската Агенција за воени заробеници. Киев во средината на септември соопшти дека презела 1.000 тела на загинати војници, како и во јули и во август. Од почетокот на месецот Русија и Украина ...
Двајца украински новинари беа убиени денес во напад со руски беспилотни летала во источниот град Краматорск, а украинскиот омбудсман за човекови права го нарече нападот воено злосторство. Гувернерот на регионот Донецк, Вадим Филашкин, изјави дека Олена Хубанова и Јевген Кармазин од украинскиот државен телевизиски канал „Слобода“ се убиени. Каналот, кој ја емитува програмата на руски јазик, ја потврди нивната смрт и рече дека тие биле во ...
Ерос Рамацоти, еден од најпознатите италијански пејачи и автори, се враќа со нов албум кој ќе излезе на 21 ноември 2025 година. Албумот, најавен како најинтимното и најзрело издание во неговата повеќедецениска кариера, ќе носи мешавина од поп-балади, латино ритам и емоционални текстови по кои Рамацоти е препознатлив уште од 1980-тите. Истовремено, Рамацоти ги руши сите рекорди на неговата европска турнеја – два последователни концерти во ...
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, оцени дека „студентската листа ќе има сè поголема поддршка, и иако некои мислат дека поддршката ќе се намалува со текот на времето“, тој мисли спротивно. „Постои растечко незадоволство од властите, а ако изборите се за една година, мислам дека студентите ќе имаат уште поголема поддршка отколку што имаат сега, без оглед на тоа што ќе се случи во меѓувреме“, рече Ѓокиќ во интервју за „Време“. ...
Наркотиците биле откриени за време на координирана операција во која учествувале Дирекцијата за борба против организиран криминал, Одделот за наркотици и царинските и финансиските власти, информираат грчките медиуми. Според полициските извештаи, полицајците пронашле 33 пакети со кокаин со вкупна бруто тежина од 38,2 килограми. Дрогата била внимателно скриена помеѓу ладилникот и внатрешниот ѕид на контејнерот. Контејнерот пристигнал со брод од ...
Акциите на азиските пазари паднаа втор ден по ред, поради слабите финансиски резултати на технолошките гиганти и геополитичките тензии. Белата куќа разгледува воведување нови контроли на извозот на софтвер кон Кина, што би можело дополнително да ги влоши односите меѓу двете земји. Во меѓувреме, новите санкции на САД кон руските компании „Росњефт“ и „Лукоил“ го покачија цената на нафтата за околу 3%. Индексите на акции во регионот ...
Изложбата, посветена на професорот Владимир Георгиевски, оваа година ја истражува темата на портретот како ликовен предизвик и како начин за откривање на човечката индивидуалност низ различни стилови и генерации. „Трагајќи по совршениот простор и пристап кон ликовното дело, изложбата го истражува односот меѓу просторот во кој уметникот создава и просторот во кој делото живее пред публиката,“ се наведува во најавата на организаторите. ...
Повеќе од дваесет китови угинале откако се насукале на плажата Паенга Рехија (Сумрак), која се наоѓа во близина на северниот врв на Северниот Остров на Нов Зеланд. Според Министерството за заштита на природата, група од 29 китови била откриена во понеделникот, но не била спроведена акција за спасување поради неколку фактори – непристапност на теренот, тешката состојба на животните и неповолните услови со плимата и осеката, пренесува Ројтерс. ...
Според турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, селата се издвојуваат со својата природна убавина, длабока културна традиција и одржлив пристап кон туризмот. Изборот е дел од петтото издание на глобалната иницијатива на UNWTO, која оваа година опфати 52 села од 29 земји, избрани од над 270 апликации. Селата беа оценувани според зачувувањето на културното наследство, одржливото користење на природните ресурси и придонесот на ...
Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните дали знаат кога запловија галиите во Вардар. Никој не беше сигурен, а најмногу граѓани ги поврзуваат галиите со проектот „Скопје 2014“. На прашањето „Чие ремек-дело се?“, еден граѓанин вели: „На тогашната влада“. Ги прашавме и скопјани дали прават селфи со галиите како што прават туристите. Еве што ни кажаа: „Па, ако сакам да се исмејам со чистотата, да… има измет тука, на пример… ...
Оваа филозофија, создадена уште во XVI век во рамките на чајните церемонии и боречките вештини, денес е длабоко вградена во секојдневието на Јапонците. Во идиличното село Магоме, сместено на античката патека Накасендо меѓу Токио и Кјото, Нина Оцубо Калдадо им ги пренесува на посетителите основите на оваа животна дисциплина. Во тишината на дрвените куќи и под звуците на ветерот што минува низ бамбусовите градини, таа објаснува дека суштината ...
Литванската министерка за одбрана Довиле Сакалиене денеска изјави дека поднела оставка поради спор во владата околу износот на воените трошоци во следниот буџет на оваа балтичка земја-членка на НАТО. Во објава на Фејсбук, Сакалиене го истакна своето несогласување со премиерката Инга Ругиниене, која, исто така, е од Социјалдемократска партија (ЛСДП). Двете имаме „фундаментално различни ставови за тоа како да се зајакне одбраната“, напиша ...
Овие три здрави напитоци, богати со витамини и антиинфламаторни состојки, ќе ви помогнат да го заштитите организмот – особено во сезоната на настинки и вируси. 1. Напиток од ѓумбир Ѓумбирот е вистинска супернамирница, позната по своите антибактериски и противвоспалителни својства. Богат е со железо, магнезиум и антиоксиданси, а во форма на таканаречен „ginger shot“ помага за поголема отпорност, подобра дигестија и заштита на дишните патишта. ...
Воздушно десантските вооружените сили на Украина објавија дека за време на операцијата во селото Кучерив Јар, во правец на градот Добропиље во регионот Донецк, заробиле повеќе од 50 руски војници. Во соопштението за медиумите се наведува дека ослободителната акција ја извршил 132-от посебен извиднички баталјон. Покрај тоа, украинските сили објавија видео на кое се гледа кревањето на украинското знаме во центарот на селото – како симбол на ...
Фактот дека пожар избувнал во Чациланд пред пладне, го потврдува само мирисот на горење што сè уште може да се почувствува околу паркот Пионирски и Парламентот на Србија. Дека не се споменува терористички напад, како што тврди претседателот на Србија Александар Вучиќ, покажува и фактот дека на местото на пукањето нема форензички екипи, специјални единици или други припадници на МУП, освен двајца полицајци кои редовно се на должност пред ...
Израел мора да дозволи доволно хуманитарна помош во Појасот Газа и да соработува со Агенција за помош на ОН, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата (МСП). Пресудата од највисокиот суд на ОН во Хаг, која не е обврзувачка, наведува дека Израел, како окупаторска сила, е должен да се грижи за населението во Газа, пренесува ДПА. Израел мора да соработува и со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток ...
Русија денес соопшти дека извршила голема воена вежба во која било вклучено и нуклеарно оружје, еден ден откако САД објавија одложување на плановите за втор самит меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп. Кремљ објави видео од началникот на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, како го информира Путин за вежбите. Меѓу активностите беа и лансирањата на интерконтинентални балистички ракети способни да стигнат до САД. Предупредување ...
Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе настапи со претставата „Кармен“ на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС во Анкара, кој се одржува од 16 до 26 октомври под мотото „Градот и театарот“. Фестивалот ЕТХОС важи за еден од најзначајните меѓународни културни настани во Турција, каде секоја година учествуваат театарски куќи и автори од целиот свет. Учеството на Драмски театар Скопје претставува важно признание за македонската сцена и ...
Скопје од 22 до 25 октомври ќе пулсира во ритамот на Amber Jazz Festival — новото издание на фестивалот што ќе заземе место во Bruklinski JAZZ Bistro. Овој фестивал ја слави современата џез сцена и нејзините најиновативни артисти. Фестивалот започнува на 22 октомври (среда) со DJ SET на Shrube во 17:00 часот, а вечерта ќе настапи John Ilija Apelgrin во 21:00 часот. Следниот ден, 23 октомври (четврток), публиката ќе го слушне Filip Dinev ...
Teшка сообраќајна несреќа се случи на еден од главните автопати во Уганда, пришто животот го загубија 63 лица, потврди полицијата. Трагедијата се случила на автопатот Кампала-Гулу, еден од најпрометните во земјата, пишува Би-Би-Си. Според полицискиот извештај, несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси што се движеле во спротивни насоки се судриле челно додека се обидувале да избегнат камион и автомобил. Еден од ...
По масовниот настап во Арената „Борис Трајковски“, Слаткаристика се враќа со нешто сосема ново – прв концерт во Станица 26, каде музиката ќе се случува буквално меѓу луѓето. Овојпат без голема сцена и бариери – само урбан амбиент, пулс и контакт „очи в очи“ со публиката. Настанот носи свеж концепт во стилот на „Boiler Room“, со сценска поставеност која ја брише границата меѓу изведувачот и публиката. Публиката ќе биде дел од сцената, на ...
Руските сили утрово нападнаа детска градинка во Харков користејќи беспилотни летала, соопштија највисоки украински претставници. „Имаше директен погодок врз приватна градинка во областа Кхолоднијаркиј во Харков, при што избувна пожар“, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов. Според првичните информации, загинал еден возрасен маж, додека сите 48 деца биле евакуирани од местото на нападот. Децата не се здобиле со телесни повреди, но, ...
На пожарот што утрово избувна пред Домот на Народното собрание на Србија, при што изгореа повеќе шатори во Чачиленд, му претходел инцидент во кој учествувале вооружени припадници на полицијата, а наводно е уапсено едно лице. На видеото кое го објави пратеничката од Странката на слободата и правдата, Мариника Тепиќ, се гледа дека нешто после 10 часот едно лице во цивилна облека излегува од шатор и со тешкотии во движењето се упатува кон ...
По летото исполнето со настапи низ регионот и концертот пред Massive Attack, Дина Јашари се враќа дома – со нова концертна приказна во Public Room, закажана за 20 ноември 2025 година. Настанот е посветен на нејзиниот најнов албум „Растенија без корен“, кој ќе биде изведен во живо, искрено и топло, во препознатливата атмосфера на поткровјето на Public Room. „Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли,“ пишува Дина во ...
Првиот потрес е регистриран во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран околу 188 километри северозападно од градот Сан Луис, кој има приближно 183.000 жители. Само неколку минути подоцна, втор силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди подрачјето на Костарика, во провинцијата Сан Хозе. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), ...
Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт, вели Горан Таневски, најавувајќи го јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“, кој ќе се одржи на 20 декември 2025 година (сабота) во МКЦ – Скопје. „Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката ме наведе на тоа дека ‘Девојка од Бронза’ е најдобар показател во кој правец оди вториот албум ‘More’ од трилогијата ‘Среќен сум дури и без себе’ – а тоа е: ...