Под влијание на антициклон – поле со висок воздушен притисок и стабилна, сува воздушна маса – времето во Македонија до крајот на неделата ќе биде стабилно и сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, без изразен ветер. Утрата и натаму ќе бидат ладни и магливи, особено по котлините и речните долини. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9°C, а преку ден ќе биде релативно топло, со максимални вредности од 17 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да започне со тестирање на нуклеарно оружје, со цел земјата да биде „на рамноправна основа“ со Русија и Кина. „Поради програмите за тестирање на другите земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Процесот ќе започне веднаш,“ изјави Трамп на Truth Social, во пресрет на средбата ...

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и поранешен претседател на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за, како што изјави, да ја поправи големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства, кои беа предмет на санкции. Тој оцени дека одлуката за укинување на санкциите „не е само правна, туку и ...

Портпаролот на Европската служба за надворешни работи, Ануар ел Ануни, изјави дека „не постои воено решение за овој конфликт“ и дека е време да се стави крај на „циклусот на насилство, смрт и разурнување“. Повикувајќи на воздржаност, Европската комисија испрати јасна порака дека сите страни мора да го продолжат почитувањето на примирјето постигнато претходно овој месец. Потпретседателката на Комисијата и шпанска комесарка за конкурентност, ...

Според извештаите, станува збор за најсилната бура што ја погодила Јамајка во нејзината историја. На островот Хаити, кој исто така беше зафатен од невремето, властите соопштија дека најмалку 25 лица загинале, додека десетици се водат како исчезнати. На Јамајка, пак, околу 75% од земјата е без електрична енергија, а делови од главниот град Кингстон се целосно отсечени поради урнати дрвја и оштетена инфраструктура. Интернетот и мобилните мрежи ...

Анализата, претставена на членовите на Конгресот овој месец, покажува дека агенциите не гледаат никакви знаци дека Русија е подготвена за компромис, иако претседателот Доналд Трамп се обидува да посредува во мировни преговори. Проценката е во согласност со ставот што САД и западните разузнавачки служби го имаат уште од февруари 2022 година, кога Путин нареди неиспровоцирана инвазија врз Украина. Сепак, според високите претставници, Путин е ...

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека Арапска Република Сирија го призна Косово. „Со поддршка на неговото кралско височество, престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, денеска во Ријад постигнавме договор преку кој Арапската Република Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за нашиот ...

Повеќе од 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот регистриран род откако минатата година стапи во сила новиот закон кој го олеснува овој чекор, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска. Според Законот за самоопределување, кој стапи во сила во ноември 2024 година, лицата во Германија може да го променат родовиот идентитет регистриран при раѓањето, како и нивното име, со поднесување изјава во матичното одделение. ...

Девет лица, меѓу кои четири деца, се повредени во руски артилериски напад врз детска болница во Херсон утрово, потврди Регионалното обвинителство на Херсон, објави „The Kiev Independent“ . Нападот се случил околу 9:20 часот по локално време, кога пациентите, нивните родители и медицинскиот персонал биле во зградата. Меѓу повредените има тројца медицински работници и деветгодишно девојче кое претрпело повреди од експлозија и рани од шрапнели ...

Полски воени авиони беа кренати и пресретнаа руски извидувачки авион Ил-20 над меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море. Како што соопшти полската армија руското летало било без поднесен план на лет, со исклучен транспондер и без радио-контакт, што автоматски се третира како ризично однесување во зона во која НАТО е на висока готовност. Истовремено беше нагласено дека рускиот авион не навлегол во полскиот воздушен простор. ...

Доналд Трамп, денеска повтори дека е „прилично јасно“ дека Уставот на САД не му дозволува да се кандидира и за трет претседателски мандат, додавајќи дека е „тажно и штета што е така“. – Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи – рече Трамп пред новинарите во авионотна пат за Јужна Кореја, каде што ќе присуствува на регионален самит. Трамп наведе дека е на ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека му забранил на Црвениот крст пристап до Палестинците приведени од армијата на земјата, соопшти неговиот кабинет. Министерот „потпиша декрет со кој им се забранува на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посетуваат затворениците кои се во согласност со законот за притвор на нелегални борци“, се вели во соопштението, тврдејќи дека таквите посети би „ја загрозиле ...

Најмалку девет лица загинаа, а пет се водат како исчезнати во силните поплави во централен Виетнам, соопштија денес виетнамските власти. Најмалку 11 лица се повредени, соопшти виетнамската агенција за цивилна заштита. Според националниот метеоролошки центар, обилни дождови продолжија да врнат во централните делови на земјата денес, особено во туристичките дестинации како што се Хуе, Да Нанг и Хој Ан. Се очекува градовите Хуе и Да Нанг денес ...

Неколку дронови од непознато потекло беа забележани синоќа над белгиската воена база во местото Марш-ан-Фамен, во југоисточниот дел на земјата, потврди министерот за одбрана Тео Франкен. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер) истакна дека слични активности биле регистрирани и претходниот викенд. „Се работи за професионални управувачи на дронови кои мапирале одредени делови од базата. Тоа не е дело на аматери, туку на ...

Во израелските напади на Појасот Газа во текот на изминатата ноќ загинале повеќе од 100 лица, од кои 35 деца, соопштија палестинските медицински извори. Според податоците на агенцијата WAFA, од 20:00 часот синоќа до 10:00 часот утрово, болницата Ал-Шифа примила 27 тела на жртви, Ал-Мамадани 10, Ал-Авда 31, Ал-Акса 12, а болницата Насер 20 загинати Палестинци. Меѓу загинатите и палестински новинар Меѓу жртвите е и новинарот Мохамед ел ...

Во близина на Истанбул, во градот Гебзе во покраината Коџаели, рано утрово околу 7:30 часот се урна зграда од седум ката, јавува Associated Press. Спасувачките екипи на терен потврдуваат дека најмалку пет лица се заробени под урнатините, а зграда е евакуирана за поширок радиус и околните објекти – околу девет згради – се поставени под ограничувања. Причината за урнувањето сè уште не е утврдена, но локалните власти укажуваат на можен поврзан ...

Најмалку едно дете загина, а седум деца и еден возрасен се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец кон Белград. Според информации од Заводот за итна медицинска помош, до несреќата дошло кога комби излетало од коловозот, пробило заштитната ограда и завршило во канал покрај патот. На местото на несреќата интервенирале три екипи на итна помош. ...

Вечерва, 29 октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Јавна соба, ќе се одржи ексклузивното издание „Поетроника за млади“ – ново продолжение на уметничкиот проект што со спој на поезија и електронска музика создаде сосема нов сценски израз. Поетроника, зад која стојат Оливер Митковски и Андреја Салпе, овој пат добива едукативна и регионална димензија. Настанот ќе го обележи гостувањето на српската поетеса Радмила Петровиќ, чија ...

Најмалку едно дете загина, а седум деца и еден возрасен се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 3:30 часот на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец кон Белград. Според информации од Заводот за итна медицинска помош, несреќата се случила кога комбе возило излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и завршило во канал покрај патот. На местото на настанот интервенирале три екипи на итна ...

Според истражувањето, овие напади, извршени под централизирана команда, претставуваат не само воени злосторства, туку и злосторства против човештвото. Во извештајот се наведува дека руските сили намерно ги таргетирале цивилите, нивните домови, местата за собирање и пунктовите за хуманитарна помош, како и објектите од критична инфраструктура кои им служат на жителите. Често биле нападнати истите локации по неколку пати, а меѓу метите имало и ...

Новелата, со англиски наслов The Bo®ing Book: A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be, има динамично дејство кое се развива низ повеќенасочна, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна тема. Една од главните области на овој ...

„Санкциите веќе се воведени и наскоро ќе бидат спроведени во целост,“ изјави Витакер во интервју за Bloomberg, додавајќи дека Вашингтон е решен да го прекине протокот на приходи со кои Москва го финансира воениот конфликт. Минатата недела Министерството за финансии на САД ги стави на црната листа руските државни нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“, што претставува прв голем пакет финансиски санкции против Русија откако Трамп ја презеде ...

Нетанјаху ја обвини групата Хамас за „грубо кршење на примирјето“ постигнато пред три недели, но Хамас категорично ги негираше обвинувањата и изјави дека останува посветен на прекинот на огнот. Според сведоци, израелските удари ги погодиле центарот на Газа, вклучувајќи го двориштето на болницата Ал-Шифа, како и населбата Сабра, делови од Кан Јунис и Деир ел-Балах. Најсилните експлозии биле забележани во Газа Сити, а според цивилната одбрана ...

Акциите на европските берзи вчера го завршија тргувањето со пад, додека инвеститорите на глобалните пазари со внимание ја очекуваат одлуката на американската централна банка — Федералните резерви (FED), во врска со понатамошното движење на каматните стапки. Паневропскиот индекс STOXX 600 се намали за 0,2%, индексот на Франкфуртската берза (DAX) падна за 0,1%, францускиот CAC 40 изгуби 0,3%, додека лондонскиот FTSE 100 оствари благ раст од ...

Владата на Соединетите Американски Држави денеска склучи партнерство со три компании со цел изградба на големи нуклеарни електрани во вредност од најмалку 80 милијарди долари, јавува Reuters. Ова е еден од најамбициозните енергетски проекти во последните неколку децении во САД и дел од стратегијата на претседателот Доналд Трамп за максимизирање на домашното производство на енергија, со посебен акцент на нафтата, гасот, јагленот и нуклеарната ...

Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, загинаа во жестока престрелка помеѓу полициските сили и припадници на локална криминална банда во Рио де Жанеиро, соопштија бразилските власти. Според податоците на локалниот портал Globo, 81 лице е уапсено во рамки на голема специјална акција во фавелите на северниот дел на градот, по што дошло до долготрајна размена на оган. Бандата, позната под името „Црвена команда“ (Comando Vermelho), се ...

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и претставници на словенечката влада што ги претставија мерките против криминалот и таканаречениот „Шутаров закон“ — вечерта во ромското населено место Жабјак одекнаа пукотници. Според информациите на Полицијата од Ново Место, нешто пред 20:30 часот биле примени повеќе повици на бројот за итни случаи 113, при што очевидци пријавиле повеќе поединечни и ...

Израел вечерва изврши нови воздушни напади врз Појасот Газа, само неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да одговори на, како што рече, „кршењата на примирјето“ од страна на Хамас. Според палестински извори, најмалку 11 лица загинале во нападите врз Кан Јунис и Газа Сити, а неколкумина се повредени, јавуваат Reuters и AFP. Еден од нападите бил извршен во близина на најголемата болница во Газа – Шифа, што ...

Министерството за внатрешни работи информира дека неколку средни училишта во Скопје и Куманово попладнево примиле дојави за поставени бомби, јавува порталот 360°Степени. Поради дојавите, училишните објекти биле евакуирани, а увид и проверка од страна на полицијата и одделите за заштита и спасување се во тек. До сега нема официјални информации за пронајдени експлозивни направи, ниту за повредени лица; пристапот до локациите е ограничен, а ...

Дополнително, филмот беше одликуван и со Специјална награда на жирито на International Festival of Short Fiction Films – Film Front во Нови Сад, што претставува уште едно признание за македонската авторска креативност и современата филмска естетика. Во образложението на жирито стои: „Поради сугестивното толкување на ликот на жена во патријархално и бирократизирано општество, преку суптилни глумечки нијанси со кои се постигнува силен емотивен ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.28
63%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
95%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
59%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
55%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
74%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Родиум

319899.93