Американскиот милијардер Илон Маск повторно испиша историја, а неговото вкупно богатство во моментов изнесува 749 милијарди долари, објави магазинот Forbes. Маск на 19 декември стана првата личност во историјата што достигнала богатство од 700 милијарди долари, а само четири дена претходно го надмина и тогашниот рекорд со вкупна вредност од 600 милијарди долари. До овој драматичен раст дошло откако Врховниот суд на сојузната држава Делавер ...

Според најновите ексклузивни анализи на метеоролозите, на прагот од новата 2026 година се очекува снежна идила во Македонија. Врнежите од снег ќе бидат пообилни, а температурите ќе создадат вистинско зимско време, кое особено ќе ги израдува младите и љубителите на снегот. Сепак, метеоролозите предупредуваат дека се работи за неофицијални прогнози, па понатамошни ажурирања може да донесат промени. Сепак, засега податоците укажуваат на можност ...

Газа бележи благо подобрување во достапноста на основната храна, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи на внимание за кревката хуманитарна ситуација. Според декемврискиот извештај на Интегрираната класификација за фази на безбедност на храна (IPC), повеќе луѓе сега имаат пристап до храна, по речиси две години интензивни судири меѓу Израел и Хамас. Сепак, состојбата останува критична. Околу 1,6 милиони жители на Газа ...

Во Заливот на Коските – Музеј на вода во Охридското Езеро повторно беше поставена традиционалната подводна новогодишна елка. Оваа необична празнична манифестација се одржува веќе повеќе од 20 години и симболично ја означува почетокот на новогодишните и божиќните празници. Елката ја поставија нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид. ...

Иран денес погуби маж осуден за шпионажа за израелската разузнавачка служба, објави новинската агенција Мизнан, поврзана со правдата. Мажот, идентификуван како Акил К., беше уапсен во мај откако фотографирал воен објект во северозападниот ирански град Орумија, објави агенцијата. По првичната истрага, се покажа дека тој бил поддржувач на монархијата и соработувал со милитантна иранска опозициска група, како и со израелската разузнавачка ...

Израелските власти, пред сè премиерот Бенјамин Нетанјаху, се сè позагрижени поради, како што наведуваат, ширењето на иранската програма за производство на балистички ракети, која била оштетена во претходните израелски воени напади. Поради тоа, тие се подготвуваат да го информираат претседателот на САД, Доналд Трамп, за можни нови воени акции, дознава NBC News од извори запознаени со плановите. Според истите извори, Израел е загрижен и дека ...

Попладневните часови донесоа сериозни проблеми во сообраќајот на влезот во Скопје, откако веднаш по наплатната рампа кај Петровец се случи верижна сообраќајна незгода во која учествувале повеќе возила. Според сведоштва на граѓани објавени на социјалните мрежи, густата магла драстично ја намалила видливоста, што придонело за судирот и за дополнително забавување на сообраќајот во овој дел од автопатот. Возилата се движат отежнато, а се создадоа ...

Тешка несреќа се случила денес во Црна Гора на жичарницата кај Савин Кук на Дурмитор кога странски турист падна од корпата на стрмниот, втор дел. Според првичните извештаи, еден маж загинал, додека една жена е повредена, но свесна и комуникативна. Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат, а првичните извештаи укажуваат дека имало дефект на жичарницата во втората делница што води до Савин Кук. Според овие информации, кошничката во која ...

Јорданската армија учествувала во американските воздушни напади врз позиции на Исламската држава во Сирија, соопшти јорданската државна телевизија, повикувајќи се на официјални воени извори. Според информациите, Јордан се приклучил на операцијата со цел да се спречи екстремистичките групи да ги користат овие територии како бази за загрозување на безбедноста на Сирија и нејзините соседи. Од Јордански вооружени сили наведуваат дека учеството во ...

Дронови со долг дострел на Специјалниот центар „Алфа“ на Безбедносната служба на Украина (СБУ) извршија напад синоќа врз рускиот воен аеродром Белбек во окупираниот Крим. Во нападот беа погодени два борбени авиони Су-27, соопшти прес-службата на СБУ, пишува Правда . „Еден од авионите стоеше на пистата со целосна борбена опрема и подготвен за полетување. Беше уништен. Проценетата вредност на двата авиона е околу 70 милиони американски долари. ...

Скопје oд утринава е покриено со густа магла која создава проблеми на Скопскиот аеродром. Во моментов три авиони од Истанбул, Дортмунд и Виена кружат над аеродромот во Скопје. Видливоста е намалена, поради што дел од летовите на скопскиот аеродром се пролонгирани. Одложени се и неколку полетувања, а актуелни информации за летовите може да се најдат на официјалниот веб-страница на аеродромот. Според УХРМ, денеска ќе има и сончеви периоди, но ...

Американските разузнавачки агенции предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја преземе цела Украина и да ги врати деловите од Европа што некогаш му припаѓаа на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори. Според тврдењата на шест извори запознаени со податоците од американските разузнавачки служби, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е во остра спротивност со пораките на американскиот ...

Седум слонови биле убиени, а еден повреден кога воз на пат кон Делхи се судри со стадо слонови во североисточна Индија рано утрово, изјави началникот на окружната полиција, В.В. Ракеш Реди. Инцидентот во округот Хоџаи во државата Асам се случил на место кое не е означено како коридор за слонови, соопшти Североисточната гранична железница. Машиновозачот ја активирал сопирачката за итни случаи кога го видел стадото, но слоновите се упатиле кон ...

Министерството за правда на САД објави илјадници нови документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн, но најмалку 550 страници во тие досиеа се целосно зацрнети, јави CBS. Документите содржат фотографии на лица од неговото опкружување, снимки од неговите резиденции и истражни записници со детали за обвиненијата против него. Сепак, обемот на редакции предизвика критики од политичари, додека Министерството тврди дека ...

Компанијата Ford Motor повлекува речиси 273.000 возила поради проблем при паркирање кој може да доведе до самопокретување на автомобилот и зголемен ризик од судири, соопшти Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата во САД (NHTSA). Ова повлекување се однесува на одредени модели на пикапи F-150 Lightning BEV произведени од 2022 до 2026 година, модели на автомобили Mustang Mach-E од 2024 до 2026 година, како и модели на ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50м има кај Ресен и Удово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Припадници на украинските Специјални сили за операции (ССО) извршиле напад врз руска нафтена платформа и воен патролен брод во Каспиското Море. Нападот се случил ноќта меѓу 18 и 19 декември, а целите биле патролно пловило и платформа за дупчење, соопшти ССО, пренесува Украинска правда. Погоден руски патролен брод Во соопштението се наведува дека бил погоден руски патролен брод од класата „Охотник“, проект 22460. Станува збор за модерни руски ...

Загаденоста на воздухот во Скопје и утрово е многу висока. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот и на второ во Европа по загаденост. Она што е нестандардно утрово е фактот што најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден. Инаку, вчера Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање и излегоа со мерки и препораки до институциите и граѓаните. Загадувањето во Скопје е ...

Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со Исламска држава во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во ...

Умеров, кој престојува во Соединетите Американски Држави каде што учествува во преговорите, преку апликацијата Телеграм соопшти дека во разговорите ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев. „Конструктивно сме насочени. Веќе одржавме прелиминарни консултации со нашите европски колеги и се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна“, наведе Умеров, додавајќи дека безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно ...

Полицијата информираше дека осомничениот, 27-годишниот Чанг Вен, бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зграда, јави Тајванската централна новинска агенција. Според полициските наводи, напаѓачот фрлил димна бомба во близина на излез од подземната метро-станица во Тајпеј, по што пешаците почнале да бегаат. Потоа, во една стоковна куќа, со нож нападнал и избол повеќе лица. Локалните болници соопштија дека три лица ...

На состанокот присуствувале цивилни претставници од двете земји, кои формално се во војна, по втор пат од почетокот на состаноците на оваа група, во која учествуваат и Соединетите Американски Држави, Франција и Обединетите нации. Средбата, затворена за медиумите, се одржала на т.н. „Сина линија“, која служи како граница меѓу Либанон и Израел, пренесува АФП. И покрај прекинот на огнот што е на сила од 27 ноември 2024 година, израелската армија ...

На овие повеќекратни прекршители им биле изречени парични казни во вкупен износ од 820.000 евра, објави порталот ERR. Најголем број од ваквите честитки, кои претставуваат форма на предупредување, биле испратени во окрузите Харју, Ида-Виру и Тарту. Според податоците, бројот на изречени казни укажува дека состојбата со сообраќајните прекршоци годинава се влошила, со оглед на тоа што во 2024 година биле издадени за 30 казни помалку. „На луѓето ...

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ја најавува студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат”, која свечено ќе биде отворена на 22 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте” во Сули ан. Изложбата, која континуирано се реализира уште од 1990-те години, претставува значаен и долгогодишен проект на Факултетот за ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не ја смета Русија за одговорна за жртвите во војната во Украина и повтори дека, според неговото толкување, Москва „не ја започнала оваа војна“. Изјавата беше дадена на неговата годишна прес-конференција, на прашање дали ќе сноси одговорност доколку конфликтот продолжи и во наредната година со нови загуби на човечки животи. Путин истовремено изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека, според проценките на Москва, Киев не покажал подготвеност за територијални отстапки и мирно решавање на војната во Украина, додека руските сили, како што тврди, продолжуваат да напредуваат на фронтот. Изјавите беа дадени на почетокот на неговата годишна конференција за медиуми и граѓани. Според Путин, Русија засега не гледа волја кај украинските власти да ги разгледаат територијалните ...

Говорејќи пред новинарите за време на настан во Овалната соба, Трамп рече дека се надева Украина „брзо да дејствува“. Според претставник на Белата куќа, изасланиците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, овој викенд планираат да се сретнат со руската делегација во Мајами, како дел од напорите на САД да ги приближат Русија и Украина до договор за завршување на војната. Средби со украинската делегација во Берлин Виткоф и Кушнер веќе одржаа ...

Во руските напади во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса синоќа е убиена една жена, додека еден дел од градот останал без електрична енергија и други комунални услуги, соопштија официјални лица. Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, објави на Телеграм дека руски дрон усмртил жена која со автомобил го минувала мостот југозападно од Одеса. Во истиот инцидент биле повредени нејзините три деца. Гувернерот апелира да престане ...

Велика Британија денес воведе нови санкции против вкупно 24 поединци и правни лица, меѓу кои и руските нафтени компании Татнефт, Руснефт, ННК-Оил и Руснефтгаз, кои досега не беа опфатени со санкции, како и против канадско-пакистанскиот милијардер Муртаза Лакани. Најновите мерки имаат за цел дополнително да ѝ ја отежнат на Русија глобалната трговија со нафта, пренесува Ројтерс. Денешниот пакет санкции го опфаќа и Лакани, кој претходно оваа ...

Општина Велење, во соработка со Институтот за заштита на културното наследство на Словенија, ќе го обнови споменикот на Јосип Броз Тито, кој минатата недела беше осквернавен од 49-годишен локален жител. Општината објави дека против познатиот сторител ќе биде поднесена кривична пријава, а по проценката на штетата, ќе биде поднесено барање за надомест, пишува 24ur. Сторителот е жител на Велење, Мирослав Пачник, кој по невидениот вандализам беше ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.79
44%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
0.45
57%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.99
59%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.95
41%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.25
49%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.56
84%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
50%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.89
57%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
54%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
53%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
64%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.9
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.77

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36