Во заедничка изјава, лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и уште осум европски држави наведоа дека европските војници, со поддршка од САД, би можеле да помогнат во обновата на украинските вооружени сили, заштитата на воздушниот простор и обезбедувањето на Црното Море. Предлогот е дел од нов пакет безбедносни гаранции поддржан од Белата куќа, кој, според американски и европски претставници, би можел да претставува значаен чекор ...

Експлозијата се случила околу 17:30 часот во четирикатна зграда со околу 20 станови. И покрај брзата интервенција на итната медицинска помош, децата починале по обидите за реанимација. Градоначалникот на Треву потврди дека станува збор за брат и сестра. Во инцидентот се повредени повеќе лица, од кои десет биле згрижени поради полесни повреди и пренесени во болници во регионот, додека уште три лица самостојно побарале медицинска помош. Според ...

Пред скопјани и гостите на градот ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Куку Леле, 2 Бона и други изведувачи, со концертна програма и живи настапи. Градот Скопје најавува дека од 15 до 31 декември, секоја вечер од 18 часот, плоштадот ќе биде центар на музички и уметнички случувања, со диџеј-сетови и сценски изведби, додека викендите ќе бидат резервирани за детска програма и анимации. Кулминацијата ...

Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека извела напади врз три пловила во меѓународни води, при што биле убиени осум мажи. „Разузнавачките служби потврдија дека пловилата се движеле по познати рути за шверц на дрога во источниот Пацифик и дека биле вклучени во трговија со наркотици“, објави американската војска на платформата X, заедно со снимки од нападите. Соединетите Американски Држави досега нападнале повеќе од 20 пловила во ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти својата функција, но дека за тоа не се разговарало со Мадуро, според цитат од интервју за американскиот канал Newsmax објавено во понеделник на Телеграм-канал поврзан со администрацијата на Лукашенко. Меѓу САД и венецуелската влада дошло до зголемување на напнатоста, при што САД распоредија војска во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 5 милијарди долари против BBC, обвинувајќи го британскиот јавен сервис за манипулирање со неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарната емисија Panorama. Во судските документи поднесени на Флорида, Трамп го обвинува BBC за клевета и за кршење на законите за трговска пракса. BBC минатиот месец се извини за начинот на кој бил прикажан говорот, но одби да исплати отштета, ...

Властите во американската сојузна држава Вашингтон во понеделник издале наредба за итна евакуација на населението во три јужни предградија на Сиетл, откако попустил насипот по недела дена непрекинати и обилни дождови. Наредбата на округот Кинг се однесува на домови и деловни објекти во делови на Кент, Оберн и Таквила, источно од реката Грин. Истовремено, Националната метеоролошка служба (NWS) објави предупредување за поплави од бујични реки, ...

Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало кон нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руски танкери од таканаречената „флота во сенка“ во близина на турскиот брег и во услови на растечки предупредувања за можна ескалација на војната во Украина. Според соопштението, турските воздухопловни сили подигнале ловци Ф-16 откако ...

Според информациите, разговорите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американското изасланство завршиле без договор за предлогот што се однесува на истокот на Украина. Преговорите во Берлин се водат врз основа на мировна рамка поддржана од САД, која содржи 28 точки и има цел замрзнување на војната. Како дел од тој предлог, од Украина се очекува да се откаже од стремежот за членство во НАТО и да одржи нови избори во рок од 100 ...

Наводно, тој го покажал поздравот на Хитлер во Бундестагот и при тоа ги спол петите – сега обвинителството во Берлин поднесе обвинение против пратеникот на Алтернатива за Германија (AfD) Матијас Мосдорф. Пред тоа во октомври, Парламентот му го одзеде имунитетот на 60-годишникот, кој ги отфрла обвинувањата, пренесува dpa. Истражителите го обвинуваат за употреба на неуставни симболи. Поточно, во 2023 година, за време на седницата на ...

Мачадо отпатувала во Норвешка и покрај десетгодишната забрана за патување што ѝ ја наметнаа властите во Венецуела и по повеќе од една година помината во криење, но не успеала да пристигне на официјалната церемонија на доделување на Нобеловата награда, која се одржа во средата. Лекарите кои ја прегледале во Осло ѝ дијагностицирале скршеница на пршлен, објави норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“, повикувајќи се на анонимни извори. Според ...

Студентите во блокадата од неформалната група „Студент во секое село“ денес најавија акција наречена „Доаѓаме на вашата врата“, која ќе трае од понеделник, 15 декември до четврток, 25 декември. Тие изјавија дека студентите ќе носат акредитиви за да можат граѓаните да ги препознаат. „Им веруваме на нашите луѓе и сме им благодарни, и се надеваме дека, преку нашите постапки во изминатата година, докажавме и дека сме достојни за вашата доверба. ...

Безбедносната служба на Украина (БСУ) објави снимка за која тврди дека покажува напад врз руската подморница од класата 636.3 „Варшавјанка“ во пристаништето Новоросијск. БСУ наведува дека ова е прв напад со подводни дронови „Sub Sea Baby“ и дека подморницата претрпела критична штета и е онеспособена за понатамошна употреба. Засегнатата подморница, класифицирана од НАТО како класа Кило, е вооружена со четири лансери за крстосувачките ракети ...

Руските сили во Купјанск во Харковскиот регион, кои бројат помеѓу 100 и 200, остануваат опколени, а нивната команда во моментов не е во можност да им пружи каква било конкретна помош, изјави потполковник Виктор Трехубов, началник на комуникациите на Здружените сили на Украина. Според него, проценките се базираат на разузнавачки информации собрани преку пресретнување на радиокомуникации. „Според првичните проценки на нашата разузнавачка ...

Според најновата анкета, огромното мнозинство Украинци веруваат дека националните избори треба да се одржат дури по завршувањето на војната со Русија и потпишувањето на мировен договор, а довербата во претседателот Володимир Зеленски останува на високо ниво, пишува Киев Пост . Анкетата, спроведена од Меѓународниот институт за социологија во Киев (KIIS) од 26 ноември до 13 декември, покажа дека само 9 проценти од испитаниците поддржуваат ...

Европската унија влегува во клучна недела за иднината на Украина, но и за сопствената геополитичка улога, во услови на засилени стравувања дека мировниот договор за ставање крај на војната би можел да биде договорен меѓу САД и Русија, без вистинско европско влијание. Паралелно со дипломатските напори, Брисел се соочува и со тешки преговори околу мултимилијарден финансиски пакет кој треба да ја одржи Украина финансиски стабилна, пренесува ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, дел од населени места во Скопје денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија. Како што е наведено во известувањето, прекинот започнал во 9 часот утринава, а се очекува електричната енергија да биде повторно вклучена до 15 часот. Без струја денеска ќе бидат жителите на ...

Провинцијата Сафи, која се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Рабат, била погодена од обилни и интензивни врнежи од дожд кои за многу кратко време предизвикале нагло излевање на каллива вода и силни поројни бранови. Според соопштението на мароканските власти, поплавени се најмалку 70 куќи и деловни објекти, однесени се десет возила, а оштетен е и дел од патната инфраструктура. Поради тоа, сообраќајот е во прекин на неколку ...

Станува збор за втор поголем дронски напад во помалку од една недела, по оној регистриран на 10 декември, јавува „Киев Индипендент“. Според Собјанин, руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 18 дронови кои се движеле кон Москва. Тој наведе дека засега нема информации за жртви или материјална штета, а итните служби работат на отстранување на остатоците од соборените летала. Руското Министерство за одбрана подоцна објави дека во текот ...

Тој порача дека Кремљ нема да застане на Украина и дека станува збор за поширока закана за Европа, пренесува „Политико“. Говорејќи на партиска конференција на Христијанско-социјалната унија на Баварија, Мерц се осврна на историскиот договор од 1938 година, кога сојузниците му ги отстапиле Судетите на Хитлер. „Исто како што Судетите не беа доволни во 1938 година, така ни Путин нема да застане“, изјави Мерц, потсетувајќи дека по тоа Хитлер ја ...

Иако се очекува трендот на слабеење да продолжи и во текот на наредната година, аналитичарите сметаат дека падот ќе биде умерен и помалку изразен. Според просечните прогнози на стратезите од водечките светски финансиски институции, доларот би можел дополнително да девалвира за околу три проценти во однос на кошничка светски валути. Како главна причина се наведуваат очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе продолжат со намалување на ...

Во своето прво јавно обраќање во седиштето на МИ6, Метруели ќе истакне дека Русија претставува „агресивна, експанзионистичка и ревизионистичка закана“, нагласувајќи дека поддршката за Украина е долгорочна и непроменета. Нејзината изјава доаѓа во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е подготвен да се откаже од амбициите за членство во НАТО, доколку Украина добие правно обврзувачки безбедносни гаранции од Западот. ...

Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот е регистриран од сеизмолошките станици инсталирани низ целата територија на државата, кои се одржуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,3. Земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според ...

Во Австралија знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на жалост за 15 лица загинати во масовното пукање на плажата Бондаи, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе. Албанезе на прес-конференција изјави дека Австралија никогаш нема да биде подложена на поделби, насилство или омраза и дека нацијата заедно ќе помине низ овој тежок период. Бројот на загинати во нападот на плажата Бондаи во Австралија, за време на прославата на ...

Американскиот преговарач Стив Виткоф изјави вечерва дека е постигнат „голем напредок“ за време на петчасовните разговори во Берлин со украинската делегација, предводена од претседателот Володимир Зеленски. „Постигнат е голем напредок“, напиша Виткоф на платформата Икс (X) по разговорите во Берлин, кои беа насочени кон пронаоѓање дипломатско решение за завршување на војната што Русија ја започна во Украина. Средбата меѓу украинскиот ...

Програмата беше реализирана од импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола, во услови на сериозни последици по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Во тој период, Скопје доби на располагање стари репортажни возила донирани од Велика Британија и Италија, што овозможи воспоставување на телевизиско известување. Со емитувањето на првиот ТВ весник започна и редовната програма на Телевизија Скопје, што претставува значаен ...

Информацијата ја потврди и гувернерот на регионот Антиокија, кој соопшти дека „повеќе од дванаесет лица“ го загубиле животот, додека околу 20 се повредени. Според медиумските извештаи, учениците од 11. и завршна година се враќале од престој на плажа на карипскиот брег кон градот Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Во автобусот, кој излетал од патот во рурална област недалеку од Сеговиа, се наоѓале околу 40 патници. ...

Средбата беше прекината во неделата навечер и ќе продолжи во понеделник наутро, потврди советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, пренесува Ројтерс. Литвин информираше дека делегациите разгледуваат нацрт-документи и дека разговорите се во тек, но засега без финални заклучоци. Според него, претседателот Володимир Зеленски ќе се обрати во јавноста со коментар за исходот од преговорите по нивното целосно завршување. Средбата започна ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони останува уверена, и покрај правните пречки, дека центрите за депортација во Албанија што ги промовира нејзината десничарска влада ќе функционираат според планот. „Сè оди точно како што отсекогаш ви велев: Центрите во Албанија ќе работат“, им рече Мелони на поддржувачите на настанот на нејзината партија Браќа на Италија во Рим во неделата. Мелони посочи на договор во рамките на ЕУ за построг став кон ...

Пожарот бил пријавен на 13 декември 2025 година во 21:29 часот во СВР Скопје. Според полицијата, огнот зафатил два магацина во индустриски објект, сопственост на М.Р. (46) од Скопје, кои биле изнајмени на други лица. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и целосно го изгаснала пожарот. Денеска, 14 декември, при вршење увид во еден од објектите, кој под наем го користел М.А. ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.88
41%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.11
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.83
67%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
43%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.44
51%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.4
84%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
50%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.7
45%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.69
47%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.36
58%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
71%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.95
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27