Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека Москва одбива да се согласи на прекин на огнот долж постојната линија на фронтот, што, според него, претставува клучна пречка за одржување на самитот. „Им реков: ‘Пресечете и запрете ги сите активности на линијата на фронтот. Одете дома. Престанете да се борите, престанете да убивате луѓе’“, изјави Трамп, поддржувајќи го предлогот за замрзнување на конфликтот што веќе доби поддршка од Киев и ...

Двајцата лидери ќе ја посетат една од водечките компании во одбранбената индустрија, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе бидат претставени новини поврзани со извозот на одбранбена опрема. Иако не е објавено која компанија ќе ја посетат, Линчепинг е производствен центар на шведскиот одбранбен гигант Saab, производител на борбениот авион JAS 39 Gripen, извидувачкиот авион GlobalEye, како и различни ракетни системи и ...

Новиот документарен филм на „Paramount+“ со наслов „We Will Dance Again“ ја раскажува болната, но во исто време и длабоко човечка приказна за младите кои го преживеаја нападот што го потресе светот. Преку емотивни сведоштва, архивски снимки и интимни разговори, филмот открива како една ноќ исполнета со музика, слобода и радост се претвори во кошмар. Сепак, на местото на стравот и загубата, никна неверојатна сила – заедништво, љубов и верба во ...

Активистите од „Сапорт Кочани“ беа вечерашни гости во емисијата „Претрес со Ландов“, каде што отворено зборуваа за проблемите со кои се соочуваат во локалната болница. Тие посочија на, како што велат, несоодветен однос од новата директорка, која дури и одбивала да ги сослуша, како и на пожртвуваноста на дел од медицинскиот персонал, која заслужува поголема поддршка и признание. „Имаме закани затоа што зборуваме – но ја зборуваме вистината“, ...

Каталонците целосно доминираа, а клучниот момент се случи во 57-та минута, кога гостите останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Хезе. Барселона потоа постигна четири гола и ја потврди високата победа. Фермин Лопез ја донесе Барселона во водство со голови во 7-та и 39-та минута. Олимпијакос намали преку Ел Каби во 54-тата, откако претходно му беше поништен еден гол по ВАР-интервенција. По исклучувањето на Хезе, Јамал погоди од пенал, ...

Како што објави Скај њуз, во времето кога се случиле наводните барања, на чело на Кралската и дипломатска заштита бил лорд Питер Рослин, кој денес е личен секретар на кралот Чарлс III и кралицата Камила, како и лорд стјуард на кралскиот двор. Тој ја предводел службата за заштита на членовите на кралското семејство во периодот од 2003 до 2014 година. Засега не е јасно дали лорд Рослин, тогаш познат под службеното име командант Питер Логброу, ...

Во близина на градот Уб денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа, кога автобус со десетина патници излетал од патот и завршил во нива. Во несреќата се повредени три деца на возраст од 8, 14 и 16 години, кои биле на пат кон тренинг. Две од нив се пренесени во Ургентниот центар во Ваљево, додека третото дете сè уште се транспортира од страна на итната помош. Според изјавата на дежурниот хирург, децата имаат исеченици и гребнатини, ...

Европските држави, во координација со Украина, подготвуваат предлог-документ од 12 точки со цел да се стави крај на војната долж постојните линии на фронтот, објави денеска агенцијата Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Според информациите, спроведувањето на планот би го надгледувал мировен комитет под претседателство на американскиот претседател Доналд Трамп. Европските лидери, во заеднички повик до Вашингтон, ...

На денешен ден, пред точно 25 години — 21 октомври 2000 година — излезе „Primitive Science“, вториот макси-сингл на Кирил Џајковски, објавен под неговата издавачка куќа Avant Garde Records. Изданието, објавено на 12-инчен винил, ја содржи оригиналната тема и уште три ремикси направени од странски продуценти, што му даваат меѓународен звук и универзален пулс. Колекционерите и љубителите на електронската музика го сметаат ова ЕП за едно од ...

По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова. Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност. „Изложбата ја слави уметноста, животот и хуманоста на Милка Ефтимова(1936–2025) – првенка на Македонскиот народен театар, оперска ...

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...

Во петок, на 24 октомври 2025 година, во камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје ќе се одржи концертот „Подиум на млади“, на кој ќе настапат пијанистот Виктор Рафајловски, виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтијари. Настапот започнува во 20 часот и ветува вечер исполнета со виртуозност и емоција. Во програмата на Рафајловски се вклучени дела од Франц Лист – „Трансцендентална етида бр. 4 Mazeppa“, Тома Прошев – ...

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, изјави во понеделник дека земјата ќе издвои „поголем буџет од очекуваното“ за одбрана до 2030 година. Целта е да се изгради одбранбена индустрија која ќе биде четврта најсилна во светот. Ли ја даде изјавата на најголемиот саем за оружје во Јужна Кореја досега. Според Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Јужна Кореја во моментов е 10-ти најголем продавач на оружје во светот. ...

Според податоците на Министерството за здравство, досега се пријавени над 60 илјади граѓани за вакцинација против сезонски грип, а повеќе од 8 илјади лица веќе се вакцинирани низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје, а сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. „Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории ...

Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, изрази подготвеност да изгради огромен ѕид по должината на северниот брег на Јава за да заштити 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето, објавија индонезиските медиуми. Прабово објасни дека изградбата на ѕид долг 535 километри по должината на северниот брег на Јава е решението на владата за зголемувањето на нивото на морето за околу пет сантиметри годишно поради ефектите од ...

Концерт на ансамблот „Консонанс“ ќе се одржи на 22.10.2025 г. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во 20 часот. Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги ...

Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила. Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”. Според информациите, оштетен бил и локалниот партизанскиот споменик. ...

На денешен ден, 21 октомври 1959 година, во Њујорк официјално беше отворен музејот „Соломон Р. Гугенхајм“ – институција која засекогаш ја смени историјата на современата уметност. Проектиран од легендарниот архитект Френк Лојд Рајт, музејот не претставува само простор за изложби, туку е и само по себе уметничко дело – со револуционерна спирална структура што ги менува дотогашните правила на музејската архитектура. „Гугенхајм“ ја разби ...

Станува очигледно дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје воопшто не се ни труди да го подигне комуналниот смет во Скопје. Затрупани се и тротоарите и тревниците во непосредна близина на контејнерите што веќе го попречува и движењето на скопјани. Како никогаш порано Скопје е затрупано во комунален отпад кој почнува да станува опасност и за јавното здравје. Дури и во последните денови на мандатот, тековната градска администрација мора да се грижи ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска оди во затвор да ја издржи петгодишната казна за заверa за финансирање на својата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија. Саркози беше осуден кон крајот на септември на пет години затвор, од кои една условна, поради договорот со Гадафи во 2005 година, кога беше француски министер за внатрешни работи, за добивање финансии за кампањата во замена за поддршка на тогаш ...

Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска. Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска, Драган ...

Според извори запознаени со ситуацијата, состанокот што требаше да се одржи оваа недела е ставен на неодредено време, објави CNN. Трамп минатиот четврток, по телефонски разговор со Путин, изјави дека „двајцата се согласиле нивните советници на високо ниво да се состанат следната недела“. На платформата Truth Social, Трамп додаде дека „првичните разговори од американска страна ќе ги води државниот секретар Марко Рубио, заедно со други високи ...

Само неколку дена претходно, ватиканската комисија за заштита на децата ги обвини високите црковни функционери дека се премногу бавни во обезбедувањето поддршка за жртвите. Папата имал средба со организацијата „Ending Clergy Abuse“, меѓународна коалиција на преживеани жртви, соопшти групата. На состанокот, кој траел околу еден час, присуствувале четири жртви и двајца активисти, пренесува Ројтерс. Една од учесничките изјавила дека средбата се ...

Скопје ќе биде домаќин на новата изложба на Михаил Корубин – „Артокен генеза“, што ќе се одржи на 22 октомври 2025 година во 19 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности (објект на Педагошкиот факултет). Настанот ќе ја претстави првата „Артокенс“ книга, која ги истражува визуелните и симболичките кодови што Корубин ги развива во своето творештво. Делото е двојазично издание (македонски и англиски) и ги опфаќа основните и ...

Новиот премиер, според Рандријанирина, е избран поради своето искуство и меѓународни контакти со странски организации и финансиски институции. Сменетиот претседател Андри Рандријанирина, кој минатиот викенд побегна во странство, го осуди военото преземање на власта и изјави дека од егзил нема намера да се повлече од функцијата. Иако Уставниот суд на Мадагаскар во рок од неколку часа ја ратификуваше промената на власта, Раджоелина тврди дека ...

Според истражувањето, не станува збор за целосна замена на луѓето, туку за проценка колку делови од нивната работа може успешно да ги извршува вештачката интелигенција. Најзагрозени занимања Помеѓу најмногу погодените професии се: Кои професии се најбезбедни? Од друга страна, медицинските сестри, бродските инженери, молерите и работниците во постројки за пречистување на вода се меѓу професиите кои, според Мајкрософт, најмалку ќе бидат ...

Зеленски оди на состанок на „коалицијата на добронамерните“ во Лондон Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува на состанок на сојузниците во Лондон овој петок, потврди францускиот претседател Емануел Макрон. Состанокот, познат како „коалиција на добронамерните“, е клучен за Киев во неговите напори да ја зајакне поддршката во војната против Русија, објави Ројтерс. Макрон го објави ова во понеделник за време на обраќањето пред ...

Мерката беше усвоена на состанокот на министрите за енергетика на земјите од ЕУ што се одржа во Луксембург, а предлогот сега ќе биде разгледан и во Европскиот парламент. Забраната за увоз на руски гас првично беше предложена од Европската комисија во текот на пролетта оваа година. Со прекинот на увозот на руски гас, Европската унија има цел да го укине еден од главните извори на приходи за Русија, кои се користат за финансирање на војната ...

Нетанјаху, исто така, истакна дека израелската армија (ИДФ) нападнала десетици цели низ целиот Појас Газа и дека елиминирала „многу терористи, вклучувајќи и некои команданти“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека израелските сили фрлиле 153 тони бомби врз Газа затоа што Хамас го прекршил договорот за примирје. „Во неделата видовме јасно кршење на договорот за примирје. За жал, двајца израелски војници беа убиени за време ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска првпат се сретна со жртвите на сексуално злоставување од страна на католичките свештеници. Тој имаше средба со претставници на организацијата „Крај на злоупотребата од страна на свештениците“ (Ending Clergy Abuse) меѓународна коалиција на преживеаните жртви. На средбата со папата присуствуваа четири жртви и двајца активисти. Пред неколку дена Комисија за заштита на децата на Ватикан ги обвини високите црковни ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1018
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
86%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
41%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
58%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.57
57%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
44%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
67%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0527

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95