Македонскиот народен театар со претставата „Лагата“ вечерва во 19.30 часот ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“ во Дебар. Претставата од Флоријан Зелер, e во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле, го доби ...

Изложба на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ од Владимир Мартиновски ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Струмица. Ова е негива трета изложба од овој циклус, а се состои од 12 цртежи (дигитален принт) кои тематски ја поврзуваат музиката, поезијата и ликовниот израз на Мартиновски. Изложбата се организира во рамките на 14. издание на поетската манифестација „100 илјади поети за ...

Во Паркот на франкофонијата во Скопје и Во КСП „Центар-Јадро“ викендов се одржува 3. издание на Маалски фестивал. Работилници, базари, концерти, саем на книги предавања ќе траат до утре. Фестивалот беше отворен синоќа со изложба „Пет години КСП Центар – Јадро“ и концерт на Букршлиев/Томевски, „Мојра“, Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев. – Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава славиме и јубилеј – „Пет години КСП Центар Јадро“, ...

Филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, ќе ја има македонската премиера вечерва во 20 часот на затворањето на 45. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Дебитантскиот долгометражен филм на Оровчанец, во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“, е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското ...

Еден од најинтригантните наслови оваа година, филмот „Мегалополис“ во режија на Френсис Форд Копола од вчера се прикажува низ киносалите на „Синеплекс“, „Киноверзум“ во Скопје, Велес, Свети Николе, во Центарот за култура во Битола. Од 1 октомври ќе се прикажува и во Кинотеката. Карактеризиран како римска епска приказна сместена во надреална, модерна Америка, научно-фантастичниот „Мегалополис“ беше премиерно прикажан на фестивалот во Кан. Беше ...

Голем дел од впечатоците забележани на овие скромни страници на книгата се создавани токму за време на фестивалските денови во Битола Битолска промоција на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска ќе се одржи денеска во 12 часот во кафулето „Порта џез“. Книгата, своевидна ретроспектива на сè што е снимено во Македонија од осамостојувањето до моментот на издавање на делото во април имаше промоција во Скопје. Василевска ...

Осум жени што работат на филм ги раскажаа своите искуства како успеале во свет кој е доминантно машки, на разговорот што се одржа во киното „Манаки“ во Битола, во рамките на 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Како се справиле со улогата на мајки, како успеваат да се грижат за домот и семејството додека работат на сет раскажаа Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна ...

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел годинава беше лауреат на наградата за животно дело „Златна камера 300“. Самиот скромен деновиве во Битола велеше дека уште ќе работи и дека се изненадил од признанеито. До толку е скромен што едвај сака да зборува за своите проекти. Но, многу важно, вели секој треба да е свој, не се обидувајте некого да имитирате, тоа не е возможно. Негов хит што го лансира во светската филмска индустрија во 2001 година ...

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Видување“ од Анита Јовеска-Сот. Низ своите дела таа ги обликува комплексните форми креирани со помош на динамични контурни линии и интензивни вибрантни бои, вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност. – Портретот за уметничката претставува можност за пронаоѓање начини за инвентивна и автентична манифестација на неговите физички и емотивни ...

Повеќе пари за наука, раст од досегашните 0,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на 1 отсто најави вчера министерската за образование и наука Весна Јаневска на презентацијата и дебатата за нацрт верзиите на националните програми за високото образование и научно-истражувачката дејност, што ги изработи Националниот совет за високо образовани и научно-истражувачка дејност. Јаневска рече дека анализите недвосмислено посочуваат дека се неопходни ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова-Шокева, издание на „ПНВ Публикации“. Промотор ќе биде Снежана Стојчевска, којашто ќе чита и стихови заедно со авторката и со Д. А. Лори. На промоцијата ќе биде претставена и видеопоезија според стиховите на Шокева, дело на Дамјан Шокев. ‒ „Модра мрежа“ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два ...

Изложбата „Како горе така доле“ на Андријана Андреева ќе биде отворена вечерва во ? часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На проектот Андреева соработуваше со Црвениот крст и Дневниот центар за лица со попреченост „Пролет“. – Тоа ми овозможи во овој проект да ги вклучам и лицата со попреченост, а преку работилницата да вметнам иновативност во креативниот израз. Тие со нескриен ентузијазам ги изработуваат автоматските цртежи и ...

Во просториите на Europe House во Скопје денеска ќе се одржат работилници за деца во три различни категории. Работилниците се во рамките на „Ноќта на истражувачите“, Европска иницијатива која прв пат е воведена во 2005 година за помогне во општото разбирање за важноста на истражувачката работа и да ја промовира истражувачката работа со тоа што ќе ја доближи до пошироката јавност. Иницијативата е во соработка со Центарот за иновации „Наука за ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја почнува рубриката „Надреден знак“ во која секоја последна среда во месецот, интелектуалци од одредена област ќе пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Олга Рајчиќ, основач на платформата Challenger Технологијата има огромен потенцијал за промена на човечкото однесување, особено кога станува збор за мобилност и одржливи практики. Преку дигитални решенија, компаниите и индивидуалците можат ...

Повикот е отворен до 20 октомври 2024 година, а повеќе информации за начинот на аплицирање и процесот се достапни на следниот ЛИНК. Десет средни училишта од земјава ќе имаат можност да бидат дел од програмата за позитивна трансформација, насочена кон подобрување на условите и грижата за менталното здравје на нивните ученици. Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги ...

Музичкиот состав „Архангел“ ќе одржи концерт на 2 октомври во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар. Со тоа ќе биде и затворена летната сцена што беше промовирана пред две недели. Концертот е насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” и е поддржан од Министерството за култура. Билетите се достапни како и секогаш во онлајн-продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата на ...

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на актерот Игор Ангелов ќе се одржи на 1 октомври (вторник) во 20.30 часот во КСП Центар – Јадро во Скопје. Оригиналниот наслов на монодрамата е Every Brilliant Thing“, а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ...

Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски. Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“, а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“. Куратор на изложбата е Мира Гаќина. Изложбата претставува уникатен поглед на делата на двајца водечки современи уметници, кои ги истражуваат културните, социјалните ...

Основците Ана Урумова, Стефан Тодороски, Љубица и Константина Андонови, Софија Петрушева и Роза Ѓошиќ и Ана Алексова се финалистите за наградата „Колега Стиков“, објави порталот „Наука за деца“ која е дел од фондацијата „Кантарот“. Наградата е востановена летово во чест на доајенот на македонското спортско новинарство, Александар Стиков. На конкурсот пристигнале многу апликации. Победникот ќе биде прогласен на 3. Конференција „Наука за деца“ што ...

Дамјан Давков освои сребрен медал нa 31. Балканска олимпијада по информатика што денес заврши во Охрид. Давков e ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Благој Рујаноски Стојановски, Владимир Грчев и Виктор Максимовски освоија олимписка пофалба. Добитник на највисокиот златен медал и освоено прво место е Даниел Којнов од Бугарија, додека златни медали освоија и Милош Милутиновиќ од Србија, и Борис Михов и Андреј Стефанов од ...

Режисерката и поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија, Андријана Цветковиќ, денеска на прес-конференција во Токио ги соопшти филмските наслови што ја сочинуваат програмата Women’s Empowerment (Женско охрабрување), во рамките на 37. Филмскиот фестивал од А категорија. Ова е прв пат, селектор кој не е Јапонец да ја добие честа и да ја има оваа улога. -Пораснав во свет во кој сонот на една девојка да стане режисер беше далечен, затоа сум ...

Македонскиот краткометражен филм „Состојба на умот“ (“Frame of Mind”) на кинематограферот Душан Кардалевски, во режија на Александра Кардалевска ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“ во Битола, како дел официјалната краткометражна натпреварувачка програма за наградата „Златна камера 300“. Филмот досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил. – ...

Од печат излезе книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров, издание на книгоиздателството „Макавеј“. Во изборот текстови поместени се колумните на Шутаров објавени во последните две години. Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентката на изданието, новинарката Сребра Ѓорѓијевска, истакнува дека „Шутаров прави спој, амалгам на историските факти, го ...

Питер Бижу, Бруно Делбонел и Роби Милер се имиња кои ја оставија својата трага во историјата на светската кинематографија, а од вчера и на „Патеката на славните“ во Битола. Питер Бижу, добитник на „Оскар“ за „Мисисипи гори“ во 1988 година, лично ја откри својата ѕвезда на Широк Сокак. Ланскиот лауреат на „Златна камера 300“ за животен опус, на свеченоста заокружена со присуството на директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, енергично ...

Во Скопје синоќа почина Ирена Кавкалевска, мецосопран, првенка на Националната опера и балет. Родена на 12 февруари 1973 година, таа беше една од највпечатливите солистки на нашата Опера. Кавкалевска е добитничка на неколку награди и школувана во Македониіа, Софија, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а нејзиниот репертоар ...

„Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ е темата на 3. Годишна меѓународна научна конференција на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во чест на Светскиот ден на науката за мир и развој. Меѓународниот програмски комитет на Конференцијата го сочинуваат 35 научници од различни земји одсветот, што дополнително го потврдува и зацврстува нејзиниот меѓународен карактер. Конференцијата ќе се одржи во Битола на 15 и 16 ...

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот концерт ќе на пијано ќе одржат Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски. Тие ќе изведат дела од Григ, Јанкоски, Леон, Коларовски и други. Татјана Џорлева дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стела Слејанска-Стојаноска, каде ја одбранила и докторската дисертација по пијано интерпретација. Научноистражувачката дејност на докторатот ја работела ...

Подолги години факултетот нема добиено нови вработувања. Во моментот, просекот по наставник е повеќе од 40 активни студенти. Оптоварувањето на нашиот наставен кадар е можеби и најголемо во државата – вели проф. д-р Ѓорги Груевски, декан на ФДТМЕ при УКИМ Нашите студенти во моментот лесно доаѓаат до работа по струката и голем дел апсолутно остануваат да работат по струка. Побарувачката на квалитетен и}orgi Greuvskiнженерски кадар е константно во ...

Во Културниот центар „Лабораториум“ вечерва во 20 часот ќе се одржи поетски концерт на Тихомир Јанчовски. Воедно ќе биде промовирана и неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“, претставена низ поетско читање и музичка изведба. Посетителите нема да плаќаат влезници; наместо тоа, секој што ќе присуствува ќе добие примерок од поетската збирка „Граматика на љубовта“. Така ќе можат да ја доживеат уметноста на Јанчовски и да добијат ...

Не можете така лесно да влезете во светот на Тим Бартон. Него го гледате на сет многу малку. Треба да бидете многу брз за да го стигнете. Но, кога ќе му кажете идеја, ќе ви каже, да размислам, дојди утре. Тој е во негов свет и вие само се обидувате да го следите, не можете да влезете – вели Бруно Делбонел, лауреат на наградата „Златна камера 300“ на неговиот мастер-клас што се одржа вчера во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Се бараше ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.62
91%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
86%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05