Ибрахим сиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена, создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, велат кураторите Ретроспективна изложба на Беди Ибрахим, еден од најмаркантните ликовни уметници во Македонија, ќе биде отворена на 28 октомври во 20 часот, во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Ќе бидат изложени дела од сите ...

Пишува: Наташа Атанасова Веројатно сите што ме знаат знаат и дека минатата недела ја поминав на Саемот на книгата во Франкфурт. А сите што ме знаат подобро, знаат дека многу се вложував во тоа цело лето и ненормално премногу трите недели пред почетокот на саемот. Толку многу што кога стигнав во Франкфурт, на денот пред отворањето на Саемот, се разболев и снемав глас. За среќа симптомите не водеа кон кароши и со помош на силната волја и ...

Во „Ла кања“ во Старата скопска чаршија вечерва во 21 часот ќе се одржи промоција на новиот број на фанизинот „На пример“. Застапени се цртежи од 60 автори на тема „Животот е тежок, ама ќе помине“. Промоцијата всушност ќе трае два дена. – Ќе ја правиме големата. Музика, тупани и печатење во живо, да не речете не сте знаеле, сте немале време, сте биле уморни или безволни. Ќе ви помине – велат од „Партизанска штампа“. Во фанзинот застапени се дела ...

Претставата „Пијани – литургија zero“, според текстови на: Хајам, Вирипаев и Достоевски во режија на Дејан Пројковски ќе ја има својата прва реприза вечерва во 20 часот на сцената на Народниот театар во Штип. Во претставата играат Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Никола Кузелов, Кристина Атанасова Арсова, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов, Марија Минчева Андонов и Ава Хусеини. Како сценограф се потпишува Валентин Светозарев, ...

Мојата порака до сите жени е: Ако можете да си подарите нешто на себе и на своите блиски, подарете си шанса за живот, здравје и среќа! – вели Даниела Атанасовска од ТК „Триоги рејсинг“, која во септември го заврши триатлонот на долга дистанца „Ајронмен“ во Емилија Ромања, Италија Сè започна во 2021 година, кога рекреативно почнав да трчам и планинарам. Случајно, додека моите две ќерки пливаа и јас почнав рекреативно да пливам. Но, вистинскиот ...

Во камерната сала на Филхармонијата задутре (24 октомври) во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на циклусот „Подиум на млади“. Солистички ќе настапат Џеврие Туле на пијано и Симеон Гошев на виолина во пијано придружба на Весна Ангелова-Христов. На програмата се дела од Лудвиг ван Бетовен, Франц Лист, Николо Паганини и од Томислав Зографски. Џеврие Туле (2006, Струга) своето музичкото образование го започнала на шестгодишна возраст во ОМУ ...

„Фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија.“ Вака е опишан стилот на чешкиот уметник Онджеј Мишек кој вечерва во 20 часот ќе ја отвори својата изложба Paint your life во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил ...

Во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата денеска во 14 часот ќе се одржи промоција на српското издание на романот „Вештица“ на Венко Андоновски. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот е на Љиља Цревар. За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, Андоновски и преведувачката Цревар. По одличниот успех на бугарското издание на романот, „Вештица“ доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа ...

Психотерапевтот и психолог Радмила Живановиќ е наша следна гостинка во „Умен поткаст“. Секогаш отворена за разговор на која било важна тема, со неа разговараме овој пат за депресијата и анксиозноста кај младите и како да им помогнеме полесно да ги совладуваат овие состојби. Живановиќ од 2018 година е дел од „Психотерапика“, професионален колектив на европски акредитирани психолози-психотерапевти, тренери и супервизори. Следете ја премиерата ...

Гран при на 9. „Киненова“ го доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија. Фестивалот беше затворен синоќа во Домот на културата „Билјана Беличанец“. – Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја ...

Истакнатата словенечка македонистка и славистка, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, литература и култура во странство, проф. Намита Субиото од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ќе гостува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Денеска во 13 часот таа ќе одржи предавање на тема: „Ацо Шопов во контекст на македонско-словенечките книжевни и културни врски во XX век и денес“. С о македонската јавност ќе бидат ...

Македонската амбасада во Будимпешта беше местото каде се одржа Вечерта на македонските студенти, средба која ги обедини македонските студенти кои се школуваат во унгарската престолнина и другите градови, но и оние од Унгарија и другите држави кои го изучуваат македонскиот јазик. Настан кој понуди многу музика, пријателство и промоција на Македонија и македонскиот јазик. – Во моментов имаме една прилично голема група на студенти, кои што се тука ...

Пораки за поубав и поеднаков свет со уметност испратија 19 авторки и автори преку изложбата, кои преку својата уметност испраќаат „Од уметност кон родова еднаквост“ отворена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Изложбата е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ чија цел е да ги поддржи и охрабри девојките и младите жени да станат поактивни учесници во општеството, со што ќе се создадат еднакви можности и во јавниот и приватниот сектор. Проектот ...

Со громогласен аплауз публиката ги награди петтемина средношколци за новите научни презентации на отворањето на 3. Научна конференција „Наука за деца“ која се одржа во скопската гимназија НОВА, а ја организираше Фондацијата „Кантарот“. Беа доделени наградите за научен потенцијал „Иван Ќостаров“ на Ангела Тунеска, и наградата за најдобар млад презентер „Колега Стиков“ што ја добија шармантните близначки од Битола, Љубица и Константина Андонови. ...

Во исполнетата сала на Домот на АРМ, вљубениците во планинската култура синоќа можеа да уживаат во прекрасниот филм на режисерот Игор Вртачник од Словенија, „Виорник од работ“. Беше означен почетокот на 15. Фестивал на планински филм „Ехо“. „Треба да го почитуваме нашето минато, нашите предци… Доколку не ги почитуваме, нема самите да се почитуваме и нема да бидеме почитувани од другите. Треба да знаеш кој си и каде одиш. Во спротивно, некој друг ...

Во рамките на актуелното издание на „Киненова“, во тек е сценаристичката работилница со Еирини Дермицаки, која се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец“ од 16 до 19 октомври. На повикот, финансиски поддржан од ЕУ и Институтот „Гете“, се пријавија седум учесници со кои грчката сценаристка и режисерка деновиве активно работи во рамките на фестивалот. Работилницата е наменета за автори или студенти кои сакаат да стекнат дополнително ...

Верувам дека се наоѓаме на опасна раскрсница во нашата земја, од која голем дел се откритија на нашите избори и конкурентските визии за тоа каква земја сакаме да создадеме Пишува: Андон Дамовски, докторант на Институт за социологија, Филозофски факултет-Скопје Секој човек е морално повикан да ги почитува граѓанските должности и одговорности. Како некој кој исклучително посветува внимание, ги сметам моите должности како граѓанин за свети. Овие ...

Во Центарот за култура во Охрид вечерва во 20 часот ќе се одржи претпремиера на претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ во режија на Билге Емин. Премиерата е утревечер во истиот термин. Играат: Адријана Билаловиќ-Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на: Кристина Тодороскс-Петреска, сценографијата е на Татјана Христоска-Бажевска, а костимографијата на Марија ...

„Да се патува по 45-годишната творечка траекторија на д-р Трајче Блажевски претставува деликатна и многу сложена авантура“, вели ликовната критичарка Конча Пиркоска за изложбата на графики која синоќа беше отворена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Тој се претстави со триесетина уметнички дела – графики изработени во последните седум години. – Неговата обемна био-библиографија на извесен начин, сама по себе, априори претставува ...

Во Кинотеката на Македонија, во рамките на програмата на МФФ „Киненова“, вчера се одржа работилница со истакнатиот австриски режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл, годинашен лауреат на Фестивалот. -Мојот интерес беше насочен кон визуелната уметноста. Особено ме интересираа фотографијата и сликарството. Сакав на визуелен начин да ја пренесам мојата порака. Ме интересираше визуелното, а не текстот, не книжевното. Кога се обидувам да ...

Третата научна конференција за деца под мотото „Надгради ја твојата реалност“ вечерва и утре ќе се одржи во училиштето НОВА во Скопје Децата во Македонија добиваат солидна теоретска основа во образованието, но често недостасуваат интерактивни методи и практични вежби кои ќе го задржат нивниот интерес и ќе ги поттикнат на истражување и креативно размислување. Без овие практични искуства, научните концепти понекогаш изгледаат апстрактни и тешки за ...

На 77 години, денес почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство. Љупчо Константинов е роден на 11 декември 1946 година во Охрид. ...

Исклучително шармантни, музикални, креативни актери видовме синоќа со гостувањето на театарот „Улисис“ на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Актерите Никола Недиќ и Марио Јовев со многу смисла за хумор, низ час и кусур ја понесоа публиката што го наполни гледалиштето низ многу приказни автентични за современа Хрватска, но во повеќето од нив и за нас во Македонијa. Концерт-кабарето за лажици и гитара го играат низ Хрватска и други ...

Исклучително шармантни, музикални, креативни актери видовме синоќа со гостувањето на театарот „Улисис“ на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Актерите Никола Недиќ и Марио Јовев со многу смисла за хумор, низ час и кусур ја понесоа публиката што го наполни гледалиштето низ многу приказни автентични за современа Хрватска, но во повеќето од нив и за нас во Македонијa. Концерт-кабарето за лажици и гитара го играат низ Хрватска и други ...

Многу студии можат да се сработат за однесувањето и навиките на македонскиот народ на социјалните мрежи. Најјаките универзитети можат да нè набљудуваат и да дојдат до заклучоци од кои и науката ќе се изненади, а богами некој дел од нас и би се срамеле со кого делат етер. Последниот игран филм чија премиера ја видовме есенва е „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец. Ја имав честа меѓу првите да ја видам оваа урбана градска приказна ...

Во Уметничката галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик, вечерва во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Пред екранот“, составена од дела на 21 автор од Македонија и од Бугарија. Структурата на претставените автори се состои од три дела. Првиот дел го сочинуваат авторите од неформалната група „Конекција“, тоа се ликовните уметници од Македонија, кои живеат и работат во Бугарија: Маријана Иванова, Зоран Мише, Марјан Ѕингаров, Перица ...

На големата сцена „Љуба Тадиќ“ при Југословенско драмско позориште, на 12 октомври премиерно беше изведена претставата „Машка солза“ во режија на Александар Поповски, со музика на Кирил Џајковски. Се работи за текст заснован на 4 едночинки и еден расказ од Антон Павлович Чехов во која главните улоги ги толкуваат Војин Четковиќ, Сања Марковиќ, Ненад Јездиќ, Зоран Цвијановиќ и др. Костимите се на Миа Поповска, а сценографијата на Вања Магиќ. ...

Слем-поетот Матеј Петров е победник на годинешното издание на „Слем поетри Македонија“, кое од 10 до 13 октомври по 14. пат се одржува во Прилеп. Петров пред публиката настапи со песните „Слика“ и „Преку леб, погача“. За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а со минимална разлика во гласовите со победникот, второто место го освои Виктор Спасески од Прилеп. Третото место, според бројот на гласови, го поделија четири слем-учеснички. ...

Со „старовремска книжевна вечер“ ќе биде одбележан 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач, Влада Урошевиќ. Настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ ќе се одржи утревечер во 19 часот, во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Македонската книжевна ...

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште во изминатите две години. Ќе бидат претставени дваесеттина дела кои ќе понудат увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот. Изложбата е резултат на напорите на организаторот на колонијата, Домот на културата „Крсте ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Цинк

3.23