Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз Иран, продолжувајќи ја воената операција 13 - ноќ по ред. Иранските власти соопштија дека екслозии биле регистрирани во повеќе градови, меѓу кои Хорамабад, Џаск, Ахваз и Бандар Абас, а според Техеран, во ракетен напад во близина на Ахваз загинале четири лица, додека уште петмина биле повредени, пренесува Ал Џазира. Дополнителни воздушни напади врз Хорамабад и пристанишниот град ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но на одделни делници коловозите се влажни. Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања за влез ...
Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира. Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала. Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели ...
Македонија ја очекува значителна промена на временските услови. Метеролозите најавуваат посвежо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во повеќе делови од земјата се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Локално е можно да наврнат повеќе од 15 литри на квадратен метар, a долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени ...
Рома не успеа. Крилниот напаѓач Крисенсио Самервил се сели во Ал-Хилал со перманентен договор од англиски Вест Хем. 24-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во Амстердам и потпиша четиригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија. Напаѓачот ќе биде платен 70 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Минатата сезона, Самервил постигна шест гола и имаше две асистенции во 31 натпревар во Премиер лигата. По завршувањето на ...
Овен Петокот ви нонси неверојатен налет на енергија и силна желба да ги завршите сите заостанати обврски пред да почне викендот. На работното место ве очекува одлична можност да ги покажете своите способности, додека во љубовта еден искрен разговор може да внесе многу повеќе разбирање со партнерката или партнерот. Вечерта е идеална за дружење и целосно опуштање. Бик Денот е крајно поволен за решавање на важни финансиски прашања и носење ...
Арсенал постигна договор со бразилскиот играч за врска на Њукасл, Бруно Гимараеш. Се очекува наскоро да биде доставена официјална понуда. Сепак, договорот е само меѓу играчот и лондонскиот клуб, додека „страчките“ имаат поинакво мислење. Според информациите, „топчиите“ планираат да му понудат на Њукасл 70 милиони фунти, што е еквивалентно на околу 82 милиони евра. Оваа понуда ќе биде одбиена, но во исто време англиските шампиони се уверени ...
Соединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека ...
Одморот треба да биде време за релаксација и забава, далеку од секојдневниот стрес. Се наоѓате на прекрасна локација, без обврски, а вашата најголема грижа треба да биде каде ќе вечерате. Сепак, од некоја причина, престојот во рајот често се претвора во расправија што сте се надевале дека сте ја оставиле дома. Психологот д-р Керолајн Кинан за Vice открива зошто одморите ги тестираат врските и што да направите пред една расправија да го ...
Сцената повеќе личи на филмски сет отколку на вистинска станбена зона. Сепак, зад белите кули и украсните фасади се крие една од најнеобичните приказни за никогаш незавршен проект за луксузни недвижности, пишува „Тајмс оф Индија“. Изградбата започна во 2014 година Амбициозниот развој, познат како Бурџ Ал Бабас, е дизајниран како луксузно одморалиште за богати странски купувачи, особено од Блискиот Исток. Проектот делумно изгради околу 587 ...
Оваа мерка е обид за оживување на туризмот, кој е во остар пад откако градот стана дел од конфликтот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна, пишува The Guardian. Награди за доведување гости Програмата, наречена „Dubai Invite“, ја започна Министерството за економија и туризам. Им овозможува на жителите на ОАЕ да номинираат пријатели и роднини за посета. Доколку номинираните пристигнат, жителите кои ги поканиле добиваат пакет ...
Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и дефинитивно отфрлајќи ја можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Иако продолжувањето на договорот сè уште не е официјално, се очекува португалскиот играч од средниот ред многу наскоро да потпише нов договор со англискиот клуб, кој сигурно ќе биде рекорден. Според британските медиуми, преговорите меѓу претставниците на играчот и ...
Тоа е една од најголемите заплени на дрога во историјата на таа западноафриканска земја, пишува Euronews. Операција во близина на главниот град Дрогата беше откриена во операција на патот што води до меѓународниот аеродром Робертс, околу триесет километри од Монровија. Уапсени се двајца странски државјани. Државниот обвинител и министерот за правда изјавија дека заплената разоткрила „организирана, софистицирана, комплексна и добро ...
Властите ја распоредија војската да користи беспилотни летала за скенирање на покривите и другите потенцијални места за размножување на комарци за застоена вода. Вирусот уби 56 лица во јужноазиската земја оваа година и зарази повеќе од 77.000 луѓе, од кои повеќе од една четвртина само во јули. Денга треската, која ја пренесуваат комарци, е честа појава во тропските региони, но со зголемувањето на глобалните температури, се шири во нови ...
Тој е 14-ти градоначалник убиен откако Клаудија Шајнбаум стана претседател на Мексико во октомври 2024 година. Валентин Лавин Ромеро, член на Зелената партија, сојузник на владејачката левичарска партија Морено, беше ранет кон крајот на јануари кога беше нападнат од вооружени лица на бензинска пумпа покрај автопатот, објавува Гардијан. Овој пат, напаѓачите влегоа во градското собрание на Темоак, град во близина на Сиудад де Мексико, сред бел ...
Така, вниманието повторно е насочено кон американските ловци, кои релативно ретко се гледаат во јавноста откако пристигнаа во разорената од војна Украина пред две години, објавува Newsweek. „Неодамна го имавме првото соборување во воздушна борба, во кое украински Ф-16 собори руски борбен авион“, рече генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на американските вооружени сили, во обраќањето пред американските пратеници. CJCS Gen. Caine ...
Еден вработен во банка загина во заложничката криза во Германија, откако вооружен 20 - годишен маж предизвикал инцидент во филијалата. Специјалнтие полициски сили брзо реагирале, го блогирале реонот и по интервенција го уапсиле осомничениот напаѓач. Според официјалните извештаи, 20 - годишниот осомничен влегол во банката и ги задржал присутните како заложници. Безбедносните тимови воспоставија кордон околу зградата за да спречат дополнителни ...
Еден од најголемите патнички авиони во светот – Боинг 777, кој ја превезуваше претседателката на Индија Друпади Мурму, беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на нејзината дводневна официјална посета на Македонија. Станува збор за најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион во светот, кој многу ретко слетува на скопскиот аеродром. Токму затоа неговото пристигнување привлече големо внимание кај љубителите на ...
Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот не прецизираше време за закрепнување, тој ќе биде надвор од терените подолго време. Оваа вест го принудува Ханси Флик да ја започне сезоната без еден од неговите најважни играчи. Сепак, на репрезентативецот нема да ...
Трамп изјави дека ќе разговара за вештачката интелигенција со Си Џинпинг, објави Ројтерс. Како што претходно објави агенцијата, повикувајќи се на извори запознаени со подготовките, Трамп и Си ќе ги одржат своите први големи заеднички разговори за вештачката интелигенција за да најдат начини за управување со ризиците што ги претставуваат напредните модели на вештачка интелигенција. Средбата за вештачката интелигенција е еден од резултатите од ...
Летните горештини ги привлекуваат граѓаните кон езерото „Младост“, но капењето и рекреацијата тами и натаму остануваат забранети. Последните анализи на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Велес направени овој месец, водата во вештачката акумулација езеро „Младост“ кај Велес и понатаму е забранета да се користи за капење и рекреација, се додека од страна на стручна институција не се докаже отсуство на цијанобактерии, но и цијанотоксини. Со тоа би ...
Европската централна банка претстави десет финални дизајни за идните евро банкноти, кои го менуваат својот изглед за прв пат во историјата. Се очекува да изберат победник до крајот на годината. Мотивите што би можеле да се појават на банкнотите вклучуваат Леонардо, Марија Калас, Бетовен, Марија Кири и птици што го симболизираат европскиот биодиверзитет, пишува Euronews. Овој пат, европските граѓани ќе го имаат последниот збор. Беа разгледани ...
Повеќе од дваесетина држави поднесоа тужба во четврток против администрацијата на Трамп поради новите правила што ја условуваат исплатата на милијарди долари за помош при катастрофи со спроведување на одредени изборни и имиграциски политики. Државите тврдат дека администрацијата нелегално задржува средства за да ги принуди да ги променат своите изборни системи и да соработуваат во спроведувањето на федералните закони за имиграција, пишува ABC ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека ја координира акцијата за обезбедување и дистрибуција на вода во Гостивар, поради епидемијата што го зафати градот. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, денеска присуствувал на седницата на Главниот штаб во Општина Гостивар, каде што биле разгледани мерките за справување со состојбата. Потоа, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ...
37-годишниот Египќанец од палестинско потекло, идентификуван од медиумите како Мотасема, бил уапсен на почетокот на јуни во туристичкото одморалиште Агиос Николаос во операција на грчките специјални сили, откако неодамна се вработил како електричар во хотелот, објавува „Дејли меил“. Грчката полиција пронашла хемикалии, прецизна вага и друга специјализирана опрема што се користи за изработка на експлозивни направи во неговиот стан во Атина. ...
По повод 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците во конфликтот во 2001 година, во Спомен-паркот во село Непроштено се одржа комеморативно одбележување во чест на жртвите. Со овој настан беше одбележана годишнината од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски, кои се меѓу 12-те Македонци киднапирани за време на конфликтот во 2001 година. Членови на ...
Мрежа основана од Советот на Европа за борба против местење натпревари во спортот идентификуваше неправилности на натпреварите од Светското првенство. Вкупно се примени седум пријави за неправилна активност при обложување. ФИФА донесе поинаков заклучок. Според меѓународниот советодавен панел, за време на Светското првенство во фудбал биле примени седум индикации за потенцијални неправилности поврзани со обложување. Меѓународната мрежа ...
Во 2024 и 2025 година, нуркачите забележале два такви настани во мексиканскиот дел од Тихиот Океан и во Калифорнискиот Залив. Снимките сугерираат дека оваа брутална тактика може да биде средство за добивање храна или само форма на игра, објавија истражувачите денес во списанието Frontiers in Ethology. Станува збор за стратегија на заедничко хранење на орките (*Orcinus orca*) што не беше позната досега, пишува CNN. „Не можев да верувам што ...
Техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Паоло Малдини, објави дека федерацијата е во активни преговори со Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола за назначување на нов селектор на италијанската репрезентација. „Ги контактиравме Анчелоти и Гвардиола. Сакавме да започнеме разговор со најдобрите тренери во светот за да видиме дали би можеле да бидат достапни да работат со италијанската репрезентација“, изјави Малдини. Анчелоти ...
Придружувани од вооружена полиција, толпата се молеше, мавташе со израелски знамиња и ја пееше националната химна, провокативна демонстрација на политичка моќ и кршење на децениски договор. Според тој договор, познат како „статус кво“, на немуслиманите им е забрането да се молат на местото, кое муслиманите го нарекуваат ал-Харам ал-Шариф, а Евреите го нарекуваат Храмска Рид, пишува Гардијан. Системско поткопување на договорот Во последните ...