Водени топови, солзавец и судири со полицијата ја одбележаа најновата ескалација на протестите во Тирана. Илјадници граѓани излегоа на улиците незадоволни од плановите на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, за изградба на луксузен туристички комплекс вреден милијарди долари, по што полицијата интервенираше за да ги растера демонстрантите, објави „Ројтерс“. Полицијата употреби водени топови против стотици демонстранти кои удираа по оградите ...

Реал Мадрид ги отфрла наводите на медиумите за наводен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Клубот е иритиран од гласините за потенцијален трансфер на 30-годишникот, и покрај тоа што немале никаков контакт со него. Според весникот „Ас“, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, има намера да всади стил на игра кој не е соодветен за Родри. И покрај ставот на „Лос Бланкос“, шпанскиот играч од средниот ред моментално е на ...

Шпанскиот клуб Барселона на својата официјална веб-страница објави дека напаѓачот Карим Адејеми од германскиот клуб Борусија Дортмунд се пресели на „Камп Ноу“. Барселона и Борусија Дортмунд постигнаа договор за трансфер на напаѓачот кој потпиша договор со Каталонците до 2031 година. Адејеми, роден во Минхен носи возбудлив и разновиден напаѓачки потенцијал во Барселона. Во сезоната 2025/2026 во Бундеслигата, 24-годишниот Адејеми одигра 28 ...

Во кратко интервју за Аксиос , Трамп призна дека таквата одлука би имала последици и нагласи дека сè уште не донел конечна одлука. Претседателот не постави рок за донесување одлука за евентуална воена акција. Двајца други американски претставници потврдија дека не е донесена никаква одлука и не се издадени нови наредби до војската. Досегашната ескалација веќе доведе до тоа цените на нафтата да надминат 100 долари за барел. Враќањето кон ...

Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ објавија дека играчот од средниот ред ќе помине уште една година со тимот и ќе продолжи да го носи дресот со број 14. Хрватскиот капитен одигра 37 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола. Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но и натаму е сериозен фактор во светскиот фудбал. sportmedia.mk Лука Модриќ и Милан го продолжија договорот. „Росонерите“ ...

Пејачката ќе дебитира на големото платно во адаптацијата на истоимениот роман на Силвија Плат, во режија на Сара Поли. 24-годишната музичарка ќе ја толкува Естер Гринвуд, 19-годишна студентка од Бостон чија приказна е центар на еден од најпознатите романи на 20 век. На фотографиите од снимањето, Ајлиш е речиси непрепознатлива, облечена во жолт фустан со шари, преку кој носеше преголемо зелено руно за да се стопли помеѓу сцените. Таа беше ...

Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, Алехандро Гарначо и официјално е нов играч на екипата на Реал Мадрид. Аргентинецот е позајмен на една година, а потоа Вила ќе има опција да го откупи под одредени услови секако. Гарначо ќе го носи дресот со број 17 во Астон Вила, дресот што го носеше за време на неговиот престој во Манчестер Јунајтед и на неговите осум настапи за Аргентина. sportmedia.mk Екс играчот на Манчестер Јунајтед, ...

Владата на САД ја презеде контролата врз извозот на нафта од Венецуела и делумно ги укина санкциите откако го зароби претседателот Николас Мадуро во јануари и ја постави потпретседателката Делси Родригез за шеф на државата, пишува Фајненшл тајмс. Приходите од нафта сочинуваат околу една четвртина од БДП на Венецуела, па затоа се очекуваше олеснувањето на санкциите значително да ја поттикне економијата, која беше во криза дури и пред ...

Унгарски „Икарус“ и австриската ЕВН повторно се избрани како најповолни понудувачи на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и станици за полнење. Нивната заедничка понуда изнесува околу 51 милион евра. До изборот дојде до повторената тендерска постапка, откако претходниот тендер беше поништен со решение на државната комисија за жалби по јавни набавки. Унгарската компанија „Укарус електрик зрт“ заедно со австриската ЕВН дале ...

Откако го загуби финалето на Светското првенство од Шпанија, нов, уште потежок удар стигна за Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Агенти на ФБИ го пресретнаа претседателот на асоцијацијата, Клаудио Тапија, на аеродромот во Њујорк и му ги запленија електронските уреди како дел од гигантска истрага за финансиски малверзации! Штом стивнаа страстите околу настаните на теренот, од Соединетите Американски Држави пристигна вест што ја турна ...

Администрацијата на Доналд Трамп собрала повеќе од 13 милијарди долари оваа година од продажба на венецуелска нафта, но не открила што се случило со тие пари, покажува една анализа. Владата на САД ја презеде контролата врз извозот на нафта од Венецуела и делумно ги укина санкциите откако го зароби претседателот Николас Мадуро во јануари и го постави потпретседателот Делси Родригез за шеф на државата, пишува „Фајненшл тајмс“. Приходите од ...

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони ...

Грција прави голем чекор во зајакнувањето на својата одбрана. На седница на Владиониот совет за национална безбедност, свикана од премиерот Киријакос Мицотакис, беше одобрена набавка на повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана од Израел вредна до 3.5 милијарди евра. Покрај системот „Штитот на Ахилеа“, кој се смета за грчка верзија на „Железната купола“, одобрени се и уште десет програми за модернизација на армијата, вклучително и набавка ...

Бразилските легенди Роналдо и Роберто Карлос се вклучени во договор за купување на Интернационал Лимеира, фудбалски клуб кој се натпреварува во третата лига на бразилскиот фудбал. „Во моментов, Роналдо и јас го купуваме Интернационал Лимеира, заедно со Енрике и двајца наши партнери. Мојата намера е подобро да ги запознаам клубовите во руралните средини, да им помогнам и на двајцата да најдат спонзори и да го оживеат фудбалот во регионите на ...

Жртвата вели дека злоупотребата започнала на почетокот на 2000-тите, кога таа посетувала Меѓуепархиска семинарија во Шалата во Загреб на 16-годишна возраст. Со години, случајот со сексуална злоупотреба на семинар бил прикриен во рамките на Католичката црква во Хрватска, која, според неговите тврдења, започнала кога тој сè уште бил малолетник и траела речиси десет години. Според информациите добиени од dnevnik.hr, хрватските бискупи, а ...

Жителите на Крушево во наредниот период треба да избегнуваат да пијат вода од чешма, откако анализите на Центарот за јавно здравје - Прилеп покажале дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна. Од јавното претпријатие „Комуна“ информираат дека во водата е утврдено присуство на бактерии од црвено потекло и отсуство на разидуален хлор, поради што препорачуваат за пиење да се користи исклучиво пакувана вода се додека не се ...

Хрватската блокада на Црна Гора се однесува на застојот во преговорите за пристапување на Подгорица со Европската Унија поради нерешени билатерални прашања, усвојувањето на Резолуцијата за Јасеновац во црногорскиот парламент и отворените граници и имотните спорови. Главните причини и барања на официјален Загреб вклучуваат: Поглавје 31: Блокирање на затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Отворени прашања: ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварско, при што биле контролирани кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производители и пакувачи на овошје и зеленчук, како и други оператори со храна. Фокусот на контролите бил ставен на почитувањето на забраната за користење вода од гостиварскиот водоснабдителен систем. Од АХВ информираат ...

Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, Министерството за транспорт информира дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа: - Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd. - YES -EU DENMARK A/S YUTONG - BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi - IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN По спроведенета евалуација на понудите, Комисијата за јавни набавки утврди дека од вкупно ...

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. ...

Текстот од договорот не беше објавен јавно, но американските медиуми објавија дека тој ќе ѝ дозволи на Саудиска Арабија да збогатува ураниум во иднина. Експертите велат дека ова создава ризик од идна нуклеарна пролиферација во веќе нестабилниот регион. Министерството за енергетика на САД кажа дека покрај договорот за соработка, потпишан е и „двостран договор за заштитни мерки“. Ова е првпат САД да ѝ помагаат на друга земја да збогатува ...

Хрватска нагласува дека принципот на добрососедски односи е еден од клучните политички критериуми во процесот на проширување на ЕУ, што е експлицитно наведено во Преговорната рамка на Црна Гора и другите земји-кандидатки. ЕУ е многу јасна во своите пораки дека не може и не сака да увезува билатерални спорови, и затоа отворените прашања мора итно да се решат, за да не ги оптоваруваат билатералните односи или процесот на пристапување. Во обид ...

Во Кавадарци денеска е пуштен во употреба целосно реконструираниот Градски базен, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари. Со реновираниот базен градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...

Четиринаесетгодишен охриѓанец завршил во Општата болница во Охрид откако консумирал алкохол во угостителски објект во градот. Полицијата поднесе кривична пријава против фирмата што го управува објектот и против сопственикот и управител Е.Н. од Охрид, поради сомнение за овозможување консумирање алкохол на дете. Според пријавата на СВР Охрид, при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои имаат штета од невремето во Скопје, изјави денеска во Кавадарци премиерот Христијан Мицкоски кој ги повика сите кои претрпеле штета да ја ја пријават во соодветните општински комисии. – Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја ...

Прописите стапија на сила на 15 јули 2026 година и беа заеднички издадени од пет владини оддели, вклучувајќи ја и Администрацијата за сајбер простор на Кина. Правилата наведуваат дека алатките за вештачка интелигенција не смеат „прекумерно да им се додворуваат на корисниците, да предизвикуваат емоционална зависност или зависност воопшто, или да ги нарушуваат вистинските меѓучовечки односи на корисниците“. Компаниите сега мора да вградат ...

„Никој нема да остане сам, штетите ќе бидат надоместени“ со ветување премиерот Мицкоски до луѓето кои претпеа штета во невремето од пред некој ден. „ Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Ние како Влада ...

Западнонилската треска повторно се шири низ Европа, а најблиску до нас е регистрирана во Грција, каде бројот на заразени достигна 21 лице. Дел од пациентите имале посериозни симптоми, а случаи на вирусот се пријавени во македонија и други европски земји, објави „Гр тајмс“. Грчката национална организација за јавно здравје (ЕОДИ) соопшти дека 20 од заразените пациенти во земјата развиле тешки симптоми , меѓу кои енцефалитис, менингитис или ...

По стапките на Шајло, Захара и Медокс, и 18-годишната Вивиен одлучи официјално да го користи само презимето на мајка си Џоли. Најмладата ќерка на славниот актер и Анџелина Џоли поднесе барање за официјална промена на името, со цел да се откаже од презимето на татко си Бред Пит. Според судските документи поднесени до Вишиот суд во округот Лос Анџелес, таа сака нејзиното име да се промени од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.99
20%
1011
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
1.96
34%
1012
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.27
39%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.85
37%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
0.45
29%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.2
72%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.02
41%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
19%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.42
27%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
2.68
46%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
3.58
39%
1014
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 26ᴼ
3.92
50%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Злато

137126.15

Кобалт

56.29