Некои луѓе се справуваат со стресот подобро од други, а еве како и зошто! -Оние кои потешко го поднесуваат стресот можат да им се заблагодарат на своите родители за тоа, покажа новата студија. Тим научници од Детската болница во Филаделфија откриле дека рецепторите во мозокот имаат клучна улога во тоа како реагираме на стрес. Тоа значи дека биологијата „одлучува“ како да се бориме со стресот многу повеќе отколку што го сфаќаме. ...

Кафето поскапе на највисокото ниво во изминатите 10 години, а аналитичарите очекуваат тензиите на пазарот да продолжат до 2023 година, јави Си-Ен-Би-Си. Договорите за декемвриска испорака на кафе ја завршија трговската сесија по цена од 2,34 долари за фунта. Во четвртокот, фјучерсите за кафе на Њујоршката интерконтинентална берза достигнаа 2,46 долари, со што беше највисока цена од 2011 година, кога беше 3 долари за фунта (1 фунта = 0,4536 кг). ...

Секој ќе користи криптовалути за помалку од 20 години, вели основачот на водечката светска берза за криптовалути, Бајанс (Binance), Чангпенг Жао. Тој вели дека криптовалутите се „иднината на финансиската индустрија“ и дека ќе ги зајакнат националните економии ширум светот, како и дека ќе бидат широко користени за помалку од 20 години, соопшти Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој (CIRSD). „Околу пет проценти од ...

Комбинацијата на сирење и овошје долго време спаѓа во нашите омилени слатки, па за вас денес ви подготвивме рецепт за чизкејк со малина. Сè што ви е потребно е… 500 милилитри полномасно млеко 75 грама стевиа 75 грама мелени бадеми 2 лажички масло од кокос 230 грама крем сирење 2 лажици сок од лимон 2 лажички екстракт од ванила 130 грама свежи малини малку желатин Подготовка: Загрејте ја рерната на 190 степени. Во тенџере загрејте ...

Сокот од целер е несомнено еден од најголемите трендови кога исхранатa e во прашање. Многумина велат дека чистиот сок е како ”течна магија” и дека има многу здравствени придобивки. Па, каков е тој сок и што може да направи за нашето тело кога редовно се консумира? Иако содржи богатство од витамини А, Ц, калиум, калциум и многу други елементи, процесот на цедење ги отстранува влакната што се неопходни за нашата исхрана – како ...

Моќната сурутка е течност која останува како „нуспроизвод“ на урдата, полна со витамини, протеини и малку калории. Застапниците на здравата исхрана веруваат дека сурутката е вистински еликсир на здравјето, а со своите лековити состојки помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Сурутката се препорачува за исхрана од зачнување до старост. Поради сличноста со мајчиното млеко, може да се користи како замена за вистинското млеко. Во ...

Тиквиците се богати со витамини А и Ц како и антиоксиданти кои го штитат организмот од слободни радикали и стареење. Спаѓаат во нискокалорична храна, содржат каротеноиди кои ги штитат очите, кожата, срцето. Често се застапени во исхраната, но многумина не знаат дека тиквичките имаат чудесна моќ. Витаминот К и магнезиумот во тиквиците влијаат на јачината на коските. Одлична замена се за тестенините, а се препорачуваат и за луѓе со висок шеќер во ...

Сигурно честопати сте се сретнале со вакви компири. Можеби сте и подготвувале таков, а не сте знаеле дека тоа баш и не е добра идеја. Компирите кои примиле зелена боја или почнуваат да ‘ртат поради предолго стоење или затоа што не се чуваат во соодветни услови може да бидат опасни по здравјето. Компирите содржат соланин, токсично алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид, а кој е присутен во зголемена концентрација во зелен, ...

Во продолжение прочитајте кои 5 начина на однесување може да откријат колку навистина сме интелигентни Не е секогаш лесно да се процени нечиј коефициент на интелигенција, но однесувањето во конфликтни ситуации може да покаже колку всушност сме интелигентни. Секогаш ја префрлате вината на другите Иако знаете дека сте погрешиле, се обидувате да ја свртите ситуацијата во своја корист така што ја префрлате вината на некој друг. Интелигентните луѓе ...

Асоцијативното размислување е гласот на потсвеста, патот до мистериозните агли на личноста Психолошките тестови се интересни бидејќи даваат одговори на многу прашања. Тие се користат од психолози, а можат да се користат и самостојно. Посебно интересни се индикативните тестови на асоцијации. Тие се засноваат на метафори, асоцијации или апстрактни слики и помагаат да се открие нашиот внатрешен свет. Асоцијативното размислување е гласот на ...

Здрава комбинација на пилешко месо богато со протеини и мед, е идеален избор за здрав ручек, кој можете да го подготвите со вашиот омилен гарнир. Состојки: • 60мл масло • 80мл мед • 80мл соја сос • прстофат бибер • 4 пилешки филети исецкани на коцки • 2 чешниња лук • 3 црвени кромиди сецкани на парчиња за ражнич • 2 црвени пиперки сецкани на парчиња за ражнич *Зеленчук по жеба Подготовка: Во сад заедно ...

Се подготвува брзо, а вкусот е феноменален Пржен, варен, печен, како прилог или дел од салата – компирот е секогаш идеален избор за семеен ручек. Ако немате многу време да го подготвите, тогаш секогаш може да направите компир од рерна што ќе биде готов за еден час. Печените компири се одличен прилог за месо, а доколку послужите и салата, ќе добиете комплетен оброк кој сите ќе го обожаваат. Состојки: 6 поголеми компири 120 мл масло 3 лажици ...

Меѓусебното почитување е основа на секоја врска, семејство, пријателство и секако љубов. За да функционира врската како што треба, двајцата партнери треба да го вложат својот максимум во неа. Многу е тешко да функционира врската ако едниот партнер го дава целото себе, а другиот речиси и да не е присутен. Нерамнотежата во емотивната врска е клучна „прекршна точка“ и затоа е важно широко да ги отворите очите и да забележите јасни ...

Ренот е коренест зеленчук кој најчесто се користи како зачин односно додаток на оброците. Овој лут корен содржи бројни растителни соединенија меѓу кои и глукозинолати, кои се разградуваат во изотиоцијаниати и кои можат да го заштитат организмот од рак со што ќе го спречат растот на клетките на ракот. Ренот има и антибактериски својства. Имено, лабораториските истражувања покажале дека алил-изотиоцијанат од ренот ги уништува бактериите E. coli, ...

Вежбањето е еден од клучевите за здравје и добра телесна тежина, но за да го искористите на најдобар можен начин, треба да вежбате секој ден во исто време, според експертите. Имено, луѓето кои немаат редовни навики за вежбање мораат да вежбаат подолго од оние кои на вежбање одат секој ден во исто време, покажаа истражувањата. Вежбањето е многу важно за целокупното здравје, а кога имате навика за вежбање во исто време, телото е подготвено на ...

Ако мажот ви каже дека заслужувате многу подобро од него, тој е во право – продолжете понатаму Се случува едниот партнер да е подготвен за сериозна врска, додека другиот на секој начин се труди да ја избегне. Секако, најважно е што поскоро да сфатите на што сте за да не си го трошите времето залудно. Најверојатно, таа личност нема да се предомисли кога е во прашање односот со вас. Можеби воопшто не е до вас, туку тој едноставно не ја ...

Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос. 1. Партнерот постојано ве прашува каде сте Сосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е ...

Здравите оброци се претвораат во масни калориски бомби. За време на диета, салатите се храна која најмногу се користи. Тие се подготвуваат едноставно, не им треба сериозна термичка обработка, а и лесни се за варење. Покрај тоа, се сметаат за диетални, што ги прави добар избор за многу луѓе кои сакаат да живеат здраво или да ослабат. Треба да се има на ум дека не секоја салата е диетална. Ако ставите во чинија домати, рукола, ајсберг и друг ...

За 6,1 отсто се помалку новозаразени со КОВИД-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од дијагностицираните, односно 23,1 проценти, се повозрасни од 60 години, а најмалку (4,3 отсто) се регистрирани кај децата до девет години. Во наведениот период биле направени 18 781 тест, што е 5,1 отсто помалку ...

ОВЕН Избегнувајте какво било форсирање на деловни промени бидејќи денес не е добар ден за вас. Размислувате за прекин на врската и се обидувате да донесете конечна одлука. Понекогаш не гледате решение. Болка на нозете. БИК Вие сте многу остроумни и лесно наоѓате нови деловни можности и решенија кои ви се потребни на ова поле. Некоја личност од минатото се враќа во вашиот живот. Ве очекува обнова на љубовна врска. Грижете се за вашето здравје. ...

Твитер соопшти дека нема да дозволи споделување приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое е на нив. Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти. „Кога поединци кои се прикажани или овластени претставници ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни ...

Свети Платон потекнуваше од Галатиска Анкира, Мала Азија. Се роди од родители христијани, кои го воспитаа во Христовиот дух. Свети Платон никогаш не ја криеше својата вера, па за време на едно гонење беше изведен пред суд. Кога судијата го наговараше да принесе жртва пред идолите за да си го спаси животот, свети Платон му одговори: Има два вида смрт: едната е привремена, а другата вечна; а има и два живота, краткотраен и вечен. Свети Платон го ...

Портпарол на Владата на Република Македонијa испрати демант по повод веста објавена на нашиот портал. Демантот ви го пренесуваме во продолжение интегрално: Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш ...

Времето утре ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -10 до -2 степена. Утрото ќе биде студено, преку денот сончево со умерена облачност, поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег. ...

Неколку физички напади кои се случиле во текот на вчерашниот ден се евидентирани во полицискиот билтен. Синоќа во 00.50 часот С.Д.(26) од Скопје пријавила дека околу 23:05 часот на подрачјето на Карпош, во казино каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од И.И.(41) од село Сарај. Направен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ. Во 16:50 часот вчера Б.Д.(31) од Скопје пријавил дека во близина на ...

Останува уште еден месец до крајот на оваа година, како што тврдат астролозите, за некои знаци од Зодијакот претставува крај на периодот кој не беше за паметење и влегување во нов кој носи подобри и поубави денови. Како што предвидуваат ѕвездите, пет хороскопски знаци ќе се сретнат со својата сродна душа во наредните месеци. Божицата на љубовта и убавината, Венера, особено ќе ги сака огнените и воздушните знаци. Лав Лавовите ги чека вистинска ...

Во 14:15 часот вчера во Полициската станица Чаир од Меѓуопштински центар за социјална работа е пријавено дека од домот самоволно се оддалечил Д.И.(13), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Исто така, вчера во 13 часот во Полициската станица Гази Баба од Меѓуопштински центар за социјална работа е пријавено дека од домот самоволно се оддалечила А.А.(17), која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала и била ...

Ковид пандемијата го зголеми бројот на корисници на социјална помош. Оваа година уште 8,5 илјади домаќинства се приклучиле на листата социјалци, а за наредната, министерката за труд очекува дополнителни 5,5 илјади семејства. Ова значи дека нови 14 илјади домаќинства осиромашиле и останале без работа поради пандемијата, анализира Сител. Сепак, министерката за труд и социјална политика уверува дека пари ќе има за сите кои ќе се пријават. -Минатата ...

Оваа магична мешавина ги елиминира болките за многу кратко време. Здравствените проблеми како што се дијареа или силна главоболка не можат да се сместат во категоријата болести, но сепак многу се непријатни за организмот и дополнително го слабеат. Доколку не сакaте да користите лекови, можете да ја користите оваа комбинција од две намирници кои сигурно ги имате дома. Станува збор за лимон и кафе. Против силна главоболка Сварете шолја турско кафе ...

Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 проценти и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
80%
1037
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
92%
1038
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
82%
1038
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
93%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.83
54%
1035
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
85%
1038
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
63%
1030
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1029
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -1ᴼ
4.63
80%
1033
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1037
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1032
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5803

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $