Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека Европската Комисија во најновиот извештај нотира дека во Буџетот не се предвидени пари за потребните реформи,што е алармантно. Тоа како што кажа Филипче, го загрозува спроведувањето на Планот за раст. „Во Буџетот не се предвидени доволно финансиски средства за да се спроведува Планот за раст. Значи не се предвидени пари ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека извештајот на Европската Комисија потврди дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани. „Во делот на економија и јавните претпријатија, има ограничен напредок кон функционална пазарна економија, реализацијата на јавни инвестиции останува слаба. ...
На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час. На 05.11.2025 во ...
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви ...
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени. Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, ...
На 03.11.2025 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово приведоа лице(47) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од 15 месеци за сторено на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно ...
На 03.11.2025 во 23:45 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(29) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во населба „Деребој“ во Тетово заедно уште неколку лица со тврди предмети се заканувале на К.Ц.(73) од Тетово, кој се обидел да им побегне при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Осомничениот е ...
Вчера и денеска (понеделник и вторник, 03 и 04 ноември 2025 година), во Париз, Франција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделение за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, присуствува на работни состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската ...
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје, истакна дека ...
На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода лице(37) и лице(26), двајцата од с.Требош, тетовско. При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува првото лице, пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана. Тие се задржани во ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата се одржа на 21 октомври 2025 година и на неа присуствуваа г. Тито Петковски, г. Саво Климовски, г. Никола Поповски и г. Трајко Вељаноски. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, искажа голема почит кон Собранието, според него една од ...
Као што соопшти полицијата попладнево околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. Според полицијата возачот го оставил возилото и заминал од местото на настанот, оставајќи го и починатиот. На лице место имаше многу полиција која ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Малопродажната ...
Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за ...
Во периодот од 01.10.2025-31.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 121 лице, од кои 94 за ...
На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите. Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден ...
Соопштение на Влен: Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено. Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска победи Центар што го сакаме, победија граѓаните на фер и демократски избори. Во продолжиме, Ви го пренесуваме неговото целосно обраќање: „Денес е голем ден за сите нас. Денес победи Центар што го сакаме! Денес победија граѓаните домаќини, победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест. „Им честитам на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг на локалните избори. Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на прес-конференција по завршивањето на вториот круг од локалните избори, истакна дека резултатите потврдуваат дека СДСМ останува најсилната опозициска партија во државата, нагласувајќи дека овие избори се важна поука и насока за натамошната работа на партијата, како и за нејзиното понатамошно позиционирање во интерес на граѓаните и државата. „Согласно со изборниот ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата. „Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ...
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го искористи своето право на глас во Дебар Маало. Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината. „Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот ...