Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец. Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со ...

Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, ...

Денеска во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема: Воведување на уставна жалба?, на која со свое обраќање се обратија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорите на ЕУ и ОБСЕ, Михалис Рохас и Килијан Вал. Во прилог целосното обраќање на претседателот Костадиновски: Дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност до Делегацијата на Европската Унија за ...

На 23.03.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода маж(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи лицето, при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка. По документирање на настанот, против него ќе следува ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави: „Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на ...

Граѓаните не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати, поради тоа што и покрај намалувањето на ДДВ-то, цените пораснаа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека се исполни тоа на што предупредуваше СДСМ во изминатите недели, порастот на цените на горивата и нафтените деривати, придонесе за зголемување на цените на храната. “Порастот на цените на ...

Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на опозицијата дека власта не прави доволно за граѓаните, изјави: „Па да, ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера. Таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на КОВИД кризата и пандемијата. И правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки и по што ...

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата одлука на Владата за намалување на ДДВ за горивата и следењето на цените во регионот, изјави: „Во текот на вчерашната седница на Владата донесовме одлука, најпрвин да прогласиме кризна состојба во траење од 30 дена, а потоа и донесовме одлука да го намалиме данокот на додадена вредност од 18 на 10%. И ...

СДСМ излезе со реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост: „Граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра“ вели ВМРО. Прво, насловот покажува дека се неписмени. Правилната формулација е: „милион и петстотини илјади евра“. Сите граѓани треба да купат нови паричници – во старите овие суми не ги собираат. Поголем фрижидер, а може и нов автомобил, сега кога се воведени мерки за „намалување“ на цените со ...

Соопштение на СДСМ: Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо. Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари. Ова е потврда дека ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија. Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од ...

Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници. Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични ...

На 21/22.03.2026 во 20:40 часот на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(28), лице (18), лице(41), лице(23), лице(18) од Скопје, лице(53) од с.Глумово, скопско и лице(21) од с.Шутово, кичевско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана. П о целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветно поднесоци. На 21/22.03.2026 во 20:40 часот на ...

На 21.03.2026 во СВР Скопје, лице(44) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од маж, кој потоа го удирал и со кундак од пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, лице(27) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се ...

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат. Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски / Интегрално: „Почитувани граѓани, Почитувани присутни, Почитувани претставници на медиумите, Се соочуваме со предизвик којшто е навистина голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток. Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од ...

На 21.03.2026 во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 2700 евра. Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола. Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту ...

На 21.03.2026 во 11:07 часот во ОВР Гостивар, 33-годишен маж од Р.Турција пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 2700 евра. Според пријавеното, во текот на 2026 година, тој се договорил со лицето во врска со посредување и добивање возачка дозвола за неговата сопруга, му исплатил 2000 евра, а остатокот од 700 евра требало да ги исплати по добивањето на возачката дозвола. Но, услугата не му била завршена, а пријавениот не сакал ниту ...

– Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења, соопштуваат од Eye Media. – Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советниц и. Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска ...

Соопштение на СДСМ: Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата. Спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираше. Започнати се поскапувањата во маркетите. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата се над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм. Владата на Мицкоски задоцни. Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ / Интегрално: ПР от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката. Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија ...

Утрово во 10 часот и 40 минути во СВР Штип стигнала пријава дека било пронајдено безживотно тело, по што полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот. Како што пишуваат повеќето медиуми, телото било проанјдено во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска река. Телото на жената било во распаѓање, а од Јавен обвинител наредена е обдукција. Идентитетот се уште не е утврден. Додека во јавноста се шпекулира со морбидни и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и тројца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица возеле без возачка дозвола, по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка. По едно ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
3.12
45%
1021
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.37
58%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.04
65%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.07
51%
1022
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.44
45%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
5.27
76%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
39%
1019
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.14
57%
1020
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.17
46%
1020
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
44%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
44%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
5.6
55%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Алуминиум

3.40

Бакар

12.73

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Родиум

257205.97

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Злато

133769.08