Телото на подофицер на Војската на Србија е пронајдено утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс. Еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден вчера при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг се трага откако паднал во вода, соопшти Министерството за одбрана. Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово. Мијодраг Тошковиќ е роден во 1980 година во Цетиње. Во стручната служба во српската војска е од ...

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare). – И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40). Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во ...

Мајката и таткото на Данка Илиќ, Ивана и Милош, првпат разговараа заедно за кобниот 26 март кога ја загубија ќерката. Тие едвај зборуваа за денот кога нивното дете исчезнало. Прво проговори таткото на Данка, а потоа се приклучи и нејзината мајка, која очигледно е на мислење дека не сака никој да и изразува сочувство бидејќи длабоко во себе верува дека нејзината ќерка е жива, објавија српските медиуми. – Поради се што е кажано за нас и дека сме ...

На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увид екипа од ОВР ...

Уапсените затворски службеници во вчерашната акција на полицијата и обвинителството добија притвор и мерки на претпазливост. Шестемина кои го дозволиле бегството на затвореникот осуден за убиство заработија едномесечен притвор, а останатите 11мина кои цела недела дозволувале затвореникот да шета, добија мерки на претпазливост. Судот им ги одзема патните исправи, забрането им е да го напуштаат домот, а добиле и обврска за повремено пријавување ...

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. -Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, се посочува во роковникот на Државната изборна комисија. Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните ...

Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори. Меѓу нивните барања се зголемување на ...

Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. „Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) ...

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на МВР, патничко возило „пежо“, управувано од Ф.Х.(44) од Скопје и патничко возило „фолксваген буба“, управувано од А.Ш.(27) од с.Арачиново, скопско, сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пежото и неговите четири ...

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија. Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина. На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и ...

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. -По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...

Инцидент меѓу две групи на осуденици се случил синоќа во Затвор Штип. Интервенирала затворската полиција, но и полициски службеници. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров во куса изјава за МИА рече дека детали за случајот ќе има во текот на денот. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе потврди дека „имало случај во Затвор-Штип“. -До МВР имаме пријавено случај од ...

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле. Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче. Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука. „Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие ...

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што ...

Уште кога се појави во „Ѕвезда Гранда“- Ѕвездите на Гранд, нашиот Мики Секуловски привлекува големо внимание кај јавноста. Неговите енергични настапи, харизма и силниот глас оставаат впечаток што покрај Исак Шабановиќ и Александар Јосифовски конечно во најгледаното музичко шоу се појави рокер кој може да им конкурира. Иако на сцената е жив оган, Секуловски тврди дека надвор од сцената е токму спротивното. - Прво морам да ви кажам дека никогаш ...

Многу фанови деновиве се сеќаваат на поранешниот шеф на Плејбој, а една од најбизарните работи што ги правел во животот се однесувала на Мерлин Монро. Имено, неговата желба била да биде погребан покрај познатата актерка. Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробиштата на Меморијалниот парк на селото Пирс Брадерс Вествуд во Лос Анџелес - веднаш до Монро. Тој платил 75.000 долари во 1992 ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија ги презела сите мерки и испратила писма до сите членки на Советот на Европа за да го спречи приемот на Приштина во таа организација, како и писмо до претседателот на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград. – Напишав вкупно 14 различни писма до европските лидери, главно персонализирани писма. На сите им се обратив имајќи ги предвид ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати. Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот што започнал во текот на вчерашниот ден над село Ѓермо, Општина Тетово на Национален парк „Шар Планина“ е локализиран. Само на едно место има малку чадење, ...

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце, а митинзи ќе одржи во Крива Паланка и во Куманово, додека кандидатката за претседател поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во скопските општини Петровец, Центар и Кисела Вода. Активности денеска ќе има и кандидатот ...

ОВЕН Собирате се што сте направиле во претходниот период, резултатите ве прават горди. Сè што треба да направите е да го презентирате сето тоа пред членовите на вашето семејство, за среќата да биде целосна. Не барајте дополнителна поддршка затоа што ќе ви го расипе скапоценото чувство на задоволство. БИК Расположението расте. Свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од вашите пријатели, затоа што во изминатиот период, со вашата ...

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е јавно посочен како убиецот на Данка Илиќ, двегодишното девојче од Бор безобразно го брани нејзиниот син и ја обвинува мајката на Данка дека знае каде е детето, чие безживотно тело српската полиција го бара деноноќно, пренесуваат српските медиуми. „Мојот Деки не е убиец и тоа го потпишувам со мојот живот не 100 отсто, туку 200, 2.000, милион и два милиони отсто. Тој рече дека тоа го ...

Уште 29 патници на жичарница се уште висат во кабина во јужна Турција откако вчера се урна столб, соопштија локалните власти. Во несреќата што се случи во петокот во 17 часот и 30 минути во приморското одморалиште Анталија, едно лице загина, а десет се повредени, соопшти турското Министерство за здравство. Несреќата се случи кога една кабина од жичарницата удри во столб и се урна. Синоќа се евакуирани 137 патници од 19 кабини, а уште 29 луѓе ...

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во летото 2023 година поради шумски пожар. Околу 25.000 туристи, главно од Велика Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави Гардијан. Грција усвои нов закон за ова, а министерот за туризам Мирон Флурис рече дека Грција е првата земја во светот која одлучила на овој ...

Министерот за финансии Фатмир Бесими конечно го донесе Правилникот за заштита на граѓаните од подигање брзи кредити на нивно име од трети лица. Отсега натаму финансиско друштво нема веќе да може да дава брз кредит онлајн, само со фотографии од лична карта која може да биде украдена или најдена откако некој ја изгубил. Ќе мора со строга идентификација на барателот и со негово задолжително физичко присуство, ако барателот не ги прима парите на ...

Изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април влегува во втората половина, а за пет дена, на 18 април почнува кампањата за парламентарните избори. Во фокусот европската интеграција на земјата, потребните реформи, но и економската состојба, криминалот и корупцијата. Државната изборна комисија (ДИК) вчера ги потврди листите за пратеници за парламентарните избори, но исто така неколку листи не беа прифатени. ...

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви е важно и да побарате поддршка. Вистинско време е да разговарате со партнерот за прашања кои се клучни за вашата врска. БИК Денес имате одлична комуникација со луѓе кои ви се важни во бизнисот. Зголемено разбирање со колегите и соработниците. Денот е добар за нови емотивни познанства, затоа попладне излезете со пријателите на кафе или ...

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали. Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен. Во светот на модата, тој стана познат по својот нетривијален, светол стил. Дизајнерот инаку минатата година доби син кому му го даде името Џорџо по неговиот татко. „Бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по ...

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посетил повредениот 61-годишен Цане Србиновски, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во неделата беше нападнат од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка, соопшти ЦУК. Србиновски два дена по нападот бил пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и каде што ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
74%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.44
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.64
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
86%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.75
88%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
88%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Цинк

3.23

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

40.48