Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот. Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал. Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, полицијата го привела на Меѓународниот ...
На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината ...
На 14.06.2026 во 02:40 часот во село Крклино, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.Т. од с. Света, демирхисарско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава. На ...
Ужасна сообраќајна несреќа ја потресе областа кај Никшиќ, откако во директен судар на два автомобили животот го загубија две млади лица, а едно лице е тешко повредено и се бори за живот. Несреќата се случила доцна вечерта, околу 22:15 часот, во близина на никшиќката Железара, во улицата „Вука Караџиќ“. Според првичните информации, дошло до силен судир меѓу два патнички автомобили со локални регистарски таблички. Во несреќата загинале ...
Трагичен инцидент ја потресе областа кај Коњиц откако едно лице го загуби животот при несреќа за време на рафтинг на реката Неретва. Според првичните информации, несреќата се случила вчера околу 16:15 часот во близина на локалитетот Калајџин Поток, кога рафтинг чамец се превртел за време на пловидбата. Во хаотичните моменти што следеле, едно лице смртно настрадало. Веднаш по добиената пријава, на местото пристигнале спасувачки и полициски ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше ...
Полицијата приведе 25-годишен жител на Штип кој е осомничен дека предизвикал пожар во близина на магистралниот пат Штип-Кочани, во период кога регионот се соочува со серија пожари и големи штети. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Штип го затекнале Б.С. (25) во атарот на селото Долни Балван како пали сува трева меѓу коловозот и земјоделска нива. Пожарот брзо се проширил, при што биле ...
Млад брачен пар во Полска доживеал вистински шок за време на реновирање на својот нов дом, откако работници откриле човечки остатоци закопани во дворот на имотот. Морничавото откритие било направено додека градежна механизација работела на уредување на пристапниот пат кон куќата. По пронаоѓањето на првите остатоци, на местото веднаш пристигнале истражни органи, кои започнале детална истрага. Според информациите од обвинителството, биле ...
Двајца 51-годишни мажи се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи што се случиле при извршување работни задачи во пробиштипско и скопско. Како што информира МВР, во 16:45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен Г.С. (51) од селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипско. Истиот ден, во ...
Триесет и шестгодишен жител на скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и грабнат и однесен на друга локација. Според информациите од МВР, Д.Е. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила. Како што навел во пријавата, едно од лицата, Р.Б., физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди. Потоа, според неговото тврдење, бил ...
Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот. Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот. Полицијата презема мерки за расчистување на ...
20-годишник од Карбинци пријавил дека бил ограбен на паркинг простор. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С.(20) од село Карбинци пријавил дека во 21:30 часот на паркинг простор во Штип, едно лице физички го нападнало и му ги одзело прехранбените производи од возилото, кои претходно си ги купил. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се лишени од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со возило. Според информациите, сите биле затекнати како управуваат возила без возачка дозвола, а дел од нив биле инволвирани и во сообраќајни незгоди. Меѓу приведените има и двајца малолетници, додека едно лице било затекнато и под дејство на алкохол. Од МВР соопштуваат ...
Тепачка меѓу двајца осуденици е пријавена во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни во 01:47 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека претходниот ден околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М. — реклама — Во инцидентот, Б.М. се здобил со тешки ...
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. Според пријавата, на 12 јуни околу 7 часот очевидец забележал машко лице кое се давело во реката и успеал да го извлече од водата. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 ...
Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни ...
Основното јавно обвинителство во Битола отвори истражна постапка против 36-годишен маж кој во период од јануари до јуни повеќепати сексуално злоупотребувал 12-годишно девојче. Според обвинението, тој преку социјалните мрежи воспоставил контакт со малолетната и ја довел во ситуација да стане жртва на продолжено кривично дело – силување на дете под 15 години. Осомничениот не само што извршил полов однос, туку е обвинет и за кривично дело – ...
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу булеварот Борис Трајковски, улицата Трајко Иванов и сервисна улица во Скопје. Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот А.А. од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Б.Л. од Скопје. Во судирот, мотоциклистот се здобил со ...
Три лица се здобиле со тешки повреди, а четворица малолетници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, управувано од 35-годишната Ф.М. од Љуботен, и патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од 20-годишниот А.Љ., исто така од Љуботен. Во возилото „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле ...
Во мирното населено место Старо Село кај Параќин се случи брутално убиство кое ја потресе целата јавност. 39-годишниот Станислав Радиќ бил смртно избоден пред својата куќа по кратка, но фатална расправија со свој познаник. Според првичните информации од истрагата, сè започнало со вербален конфликт кој за само неколку моменти прераснал во насилство. Осомничениот Бојан П. наводно извадил нож и му нанел повеќе убодни рани во пределот на градите. ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз ...
Полицијата во Скопје уапсила 14-годишно момче, по пријава од германска државјанка која тврдела дека била физички нападната и ограбена во центарот на градот. Инцидентот се случил во раните утрински часови, кога малолетникот наводно ја нападнал жената и ѝ го одзел мобилниот телефон. Според полициските информации, случајот веднаш бил пријавен, по што службениците реагирале и го лишиле од слобода осомничениот. Настанот се случил на подрачјето на ...
Двајца млади мажи се здобиле со сериозни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во населбата Јабучар во Крагуевац. Според првичните информации, автомобил „Ауди“ изгубил контрола и со голема сила удрил во бандера покрај коловозот. Несреќата се случила во дел од Белградска улица, веднаш по исклучувањето од надвозникот каде што во моментов се изведуваат градежни работи. Од силината на ударот, возилото ...
Истрагата за убиството што пред два дена се случи во центарот на Барселона доби неочекуван пресврт откако шпанските медиуми објавија дека жртвата е роден брат на позната ирска спортска ѕвезда. Станува збор за 36-годишен маж од Даблин, чиј идентитет засега не се објавува поради заштита на семејството. Според шпанските медиуми, истражителите проверуваат дали тој бил поврзан со балканските криминални кланови и меѓународната трговија со дрога. ...
Трагичен инцидент се случил на фарма за крави во Горњи Таванкут, во близина на Суботица, каде што животот го загубил вработен работник откако бил нападнат од бик. Според информациите од полицијата, несреќата се случила во утринските часови кога животното го нападнало работникот додека ги извршувал своите работни обврски. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итна медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. ...
Серија помали експлозии утрово ги вознемири жителите на населбата 11 Октомври во скопска Кисела Вода. Според сведоштва на станари, силните звуци за неколку минути ги натерале жителите да излезат од своите домови стравувајќи од поголем инцидент. На местото интервенирале полициски екипи кои им помогнале на станарите безбедно да ги напуштат зградите, додека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен. Поради безбедносни причини бил ...
Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Н.(39) од Куманово. Од МВР информираат дека 39-годишниот кумановец бил уапсен затоа што претходно околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога. На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР ...