Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење’’. Пријавениот ја следел неговата поранешна девојка и на 06.06.2026 пред нејзиниот стан во Тетово ѝ упатувал закани на неа и на нејзиниот вујко, и покрај тоа што претходно за истото дело тој е осуден условно на две години од Основен суд Тетово. Имено, со пресудата му биле изречени и мерки за забрана да ѝ се ...
Случај на насилство на работно место е пријавен во Кавадарци, откако 42-годишен маж од Свети Николе тврди дека бил физички нападнат од сопственикот на фирмата во која бил вработен. Според информациите, пријавата била поднесена во ОВР Кавадарци во вечерните часови на 8 јуни. Вработениот навел дека инцидентот се случил додека извршувал работни задачи во компанија лоцирана во Кавадарци, кога бил нападнат од својот работодавец. По добиената ...
На 09 јуни во 22:47 часот во ОВР Струга е пријавено дека во селото Мислешево, струшко, настанал пожар во плевна, кој зафатил и една соба од куќа. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната единица Струга ги евакуирала станарите од куќата и домашните животни од плевната. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга. На 09 јуни во 22:47 часот во ОВР Струга е пријавено дека во селото Мислешево, струшко, настанал пожар во плевна, кој ...
На 09.06.2026 во 13:00 часот на улицата „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(19) од кичевското село Бачишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот ...
Вчера во 12:50 часот во селото Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од село Новаци. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во Новаци, физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој бил пронајден и приведен. Од МВР посочија дека по целосно документирање на случајот против ...
Скопската полиција поднесе кривична пријава против 23-годишен скопјанец поради сомнение дека е одговорен за тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 20-годишен мотоциклист. Несреќата се случила на 28 мај околу 23 часот на улица „34“ во населбата Илинден. Според информациите од СВР Скопје, дошло до судир меѓу патничко возило „БМВ“, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед што го возел 20-годишниот П.С., двајцата од Илинден. Во ...
Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес. Од МВР информираат дека 45-годишниот велешанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.К. од Скопје поради сомнение за демнење. Според полицијата, пријавениот на 6 јуни ја следел својата поранешна девојка, а пред нејзиниот стан во Тетово упатувал закани кон неа и кон нејзиниот вујко. Од МВР информираат дека ова не е првпат лицето да се гони за истото дело. Тој претходно бил условно осуден на две години од Основниот суд во Тетово поради демнење на истата оштетена. Со ...
Полицијата поднесе две одделни кривични пријави против жители на Берово поради сомнение за семејно насилство и нанесување телесни повреди на нивните сопруги. Како што информира МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.Д. (52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Според пријавата, на 1 јуни годинава во семејниот дом во Берово, по ...
На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. ...
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Ниш, по налог на Вишото јавно обвинителство во Ниш, го уапсија С. Н. (19) од овој град, поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело убиство во обид. Тој се сомничи дека вчера во попладневните часови, на подрачјето на градот Ниш, со нож му нанел убодна рана на деветнаесетгодишно момче. Состојба на жртвата: Повредениот младич, со тешки телесни повреди опасни по живот, е ...
Започнаа обуките за употреба на телесните камери што Царинската управа ги доби како донација од Амбасадата на САД, преку Меѓународната програма за помош и обука при вршење криминалистички истраги (ICITAP) на Министерството за правда на САД, соопшти директорот Бобан Николовски. На граничниот премин Блаце, во присуство на полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и управникот на царинарница Скопје, Томислав Ракиќевиќ, ...
Автомобил попладнево околу 18 часот се запалило во движење во скопската населба Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, велат од полицијата. Им скршил ретровизор кај Шишево, па му ...
Каталонската полиција истражува дали мажот кој денеска е ликвидиран пред канцеларијата на Националната полиција е од Источна Европа. Напаѓачот, кој носел велосипедска кацига, му приошол од зад грб на жртвата и испукал неколку куршуми директно во главата. Оружјето со кое е извршено убиството го пронашол сведок. Како побегнал убиецот? Напаѓачот побегнал по улицата Гранада дел Пенедес, а подоцна бил забележан во округот Грасија во Барселона, ...
Висок функционер задолжен за снабдување со муниција во руската армија загинал откако бомба експлодирала во неговиот автомобил во близина на Москва, додека истовремено биле пријавени и нови напади со украински дронови врз цели длабоко на руска територија, објави „Гардијан“. Според руските медиуми, во експлозијата животот го загубил Дамир Давидов, раководител на ракетно-артилериската управа при руското Министерство за одбрана. Инцидентот се ...
60-годишен тетовец пријавил дека вчера бил физички нападнат од неговиот син во угостителски објект во Тетово. Од МВР информираат дека синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од таму. 60-годишен тетовец пријавил дека вчера бил физички ...
80-годишник од гевгелиско доби кривична пријава поради силување на 14-годишно момче од валандовско. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз ...
На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација, информира МВР. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на ...
Полициски службеници од СВР Битола на 9 јуни го лишиле од слобода Н.Б. (46) од Битола, поради сомнение дека извршил семејно насилство. Според информациите од полицијата, тој во семејниот дом во битолско физички ја нападнал својата сопруга. — реклама — Од СВР Битола информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Битола на 9 јуни го лишиле од слобода Н.Б. ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска по наплатната рампа Малгара, на клучката кај Евзони во правец кон Солун. Според првичните информации, патнички автомобил директно се судрил со камион под околности кои сè уште се разјаснуваат. Во оваа страшна несреќа животот го загуби 70-годишна жена, додека еден маж со полесни повреди е итно пренесен во болница. Што се однесува до самите околности, според досегашните сообраќајни информации, ...
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници ...
Три лица се нападнати со нож во средно училиште во англискиот град Манчестер. Полицијата соопшти дека едно девојче е уапсено, а училиштето „Ко-Оп академија“ на Плант Хил Роуд е затворено. Во училиштето владее опсадна состојба, јавува „Дејли мејл“. Над објектот лета хеликоптер, а полициски возила и возила на Брзата помош се наоѓаат пред училишната порта и во самиот двор на училиштето. „Три лица се повредени, меѓутоа, засега не се верува дека ...
На 08.06.2026 година во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради труење со лекови било донесено 5-годишно малолетно дете од село Чегране. -Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради невнимание, детето дошло ...
Млада Србинка (27) падна во провалија длабока 250 метри, по три дена потрага пронајдено нејзиното тело! Планинарењето на Проклетие заврши кобно за 27-годишната С.Р., државјанка на Србија, која трагично го загуби животот откако падна од карпа во бездна длабока околу 250 метри. По тридневна макотрпна и исцрпувачка потрага на исклучително непристапен терен, спасувачките служби успеаја да го пронајдат и да го извлечат нејзиното безживотно тело. ...
Голема трагедија се случи во основно училиште на подрачјето на Велика Горица во Хрватска, каде ученик го загуби животот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го загуби животот откако ненадејно почнало да се задушува додека јадело храна за време на големиот одмор. И покрај сите напори на наставниците, а потоа и едночасовната реанимација од страна на медицинските тимови, за несреќното дете немало спас. Несреќата се случила околу 15 ...
Голема трагедија го потресе хрватскиот град Велика Горица, откако деветгодишен ученик почина за време на училишен одмор поради задушување со храна. Според информациите на хрватските медиуми, инцидентот се случил околу 15 часот во основно училиште, кога момчето за време на одморот јадело крофна. Во еден момент, наводно вдишало поголемо парче храна кое му ги блокирало дишните патишта. Учениците и наставниците веднаш забележале дека нешто не е ...
Двајца жители на Велес завршија во полициска станица откако под дејство на алкохол го нарушиле јавниот ред и мир во казино во градот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни околу 01:00 часот полициски службеници од СВР Велес ги привеле Џ.А. (46) и Б.Ј. (24), двајцата од Велес, поради дрско и непристојно однесување во казино. По преземените мерки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Џ.А. ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска (08.06.2026) во 11:30 часот го лишија од слобода Р.З. (26) од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,,разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик. Имено, претходно во текот на ноќта, во 02:00 часот во СВР Тетово, вработениот Г.С.(38) од Тетово пријави дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет ...
Страшна трагедија го потресе регионот откако двајца 15-годишни тинејџери се удавија во реката Јужна Морава, додека нивен школски другар за влакно избегнал иста судбина. Според најновите информации, тројцата другари од ист клас дошле на реката со намера да ловат риба. Во еден момент, двајца од нив почнале да го убедуваат третиот да влезе во водата и да плива. Момчето одбило и решило да си замине дома, оставајќи ги своите работи на брегот. ...
Кривично ќе се гони гостиварец кој нападнал полицаец на должност. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Р.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. - На 14.05.2026 на паркинг простор во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата. Кривично ќе се гони гостиварец ...