Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа постети дека Министерството за финансии не предлага кризни состојби. -Има соодветни министерства кои, врз основа на анализи, ...
Економија Над 45 милиони денари од конфискација во 2025, новиот Совет најавува поефикасни финансиски истраги 03.03.2026г Сподели: Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот официјално започна со работа, откако во февруари беше одржана конститутивната седница. Со Советот претседава вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој во интервју за Економија и бизнис, посочи дека целта е воспоставување високо ниво на ...
Добивај вести на Viber Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во регионот со долгогодишна ...
Во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширување на инвестицискиот проект на оваа компанија. Димовски истакна дека континуираниот развој на постојните компании во зоните претставува јасен ...
Економија Планот за раст на Западен Балкан како катализатор за реформите и за економската конвергенција Економија и бизнис | печатено издание | 01 февруари 2026г. Сподели: Ако 2025 година ја завршивме со горчливо чувство и со доза на несигурност, но сепак и со надеж, почетокот на 2026 година, за жал, не ветува подобри времиња. Светот се менува од ден на ден. Геополитичките поместувања кои, до скоро, беа речиси незамисливи, се случуваат пред ...
Економија Битката за Гренланд: зад опсесијата на Трамп стојат милијардери Економија и бизнис | печатено издание | 01 февруари 2026г. Сподели: Пријателот на Трамп, Роналд Лаудер, бил првиот што му ја предложил аквизицијата на огромниот арктички остров. Тој веќе има бизнис-интереси таму. Но, не е само тој. Во игра се и големите технолошки милијардери. Политичката и друга хистерија за намерата на Доналд Трамп да го присвои огромниот арктички ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици. Во рамки на своите надлежности, Министерството ја информира јавноста дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на ...
Привремената мерка предвидува билатерални договори со земјите членки за издавање национални Д-визи, наместо воведување единствен европски статус за професионалните возачи. Процесот за усвојување на новата Визна стратегија на ниво на ЕУ може да трае и до две години, што го прави ова решение единствено можно во краток рок. Транспортниот сектор предупредува дека станува збор за административно покомплициран модел, но засега неопходен за да се ...
Податокот кој го објави Државниот завод за статистика кој покажува дека во Македонија има 90 илјади лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување и чекаат нов ангажмен е неверојатен со оглед на фактот што во моментов има 10 илјади слободни работни места. Неквалификувани, без образование, да не се изгубат социјалните примања од државата или висината на платата се главните причини што овие луѓе се без работа. Во Македонија има речиси 710 ...
Да се најде жена за чистење станува мисија. Не затоа што нема луѓе што знаат да чистат, туку затоа што пазарот се смени – тивко, но суштински. Во Скопје и во поголемите градови, граѓаните велат дека со недели бараат помош за дома, прашуваат по групи, преку препораки, преку роднини. Одговорот најчесто е ист: „Тешко, сите се зафатени“. А ако сепак најдете – цената е 2.500 денари за едно темелно чистење. За некои тоа е реална сума. За други – ...
Обвинувања за организирана манипулација на јавноста, ширење страв и политичко влијание во дебатата за рударството и енергетиката изнесува рударскиот инженер, Виктор Грозданов во најнова колумна. Во текстот, тој тврди дека дел од активистите кои се претставуваат како загрижени за животната средина намерно создаваат конфузија околу прашања како малите хидроцентрали, употребата на цијанид и инцидентот во рудникот „Тораница“. „Оваа манипулација ...
Во време кога урбанизацијата е една од најголемите глобални трансформации на човечкото живеалиште, некои од најамбициозните примери на современо градежништво доаѓаат од градови создадени „од нула“ на земјишта што претходно беа неизрамнети, пустински или речиси неприродни за урбан развој. Овие плански градови не се само инфраструктурни проекти, тие се симболи на визија, економски развој, социјална организација и иновации во градежништвото. ...
Автопатот Кичево–Охрид повторно ја отвори најчувствителната тема во јавните финансии – контролата врз капиталните инвестиции. Со усвојувањето на осмиот анекс во Собрание на Република Северна Македонија, вкупната цена на проектот се искачува на над 750 милиони евра (според јавно достапни податоци и претходни владини соопштенија), што е речиси двојно повеќе од иницијалната вредност договорена пред повеќе од една деценија. Што се менува со ...
Европските цени на природниот гас скокнаа за дури 34 отсто поради неизвесноста колку долго ќе бидат запрени извозите од најголемата светска фабрика за течен гас - ЛНГ во Катар и какво влијание тоа ќе има врз глобалните енергетски резерви. Референтните фјучерси пораснаа втор ден по ред, додека Кина, најголемиот светски увозник на ЛНГ, ги повика сите страни во конфликтот со Иран да овозможат безбедно минување на бродовите низ Ормускиот ...
Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Николоски напомена дека дополнителните 186 милиони евра се за галериите и заборавените банкини и клучки, а пролонгирањето е резултат на затекнати технички пропусти, финансиски потреби и неопходност од административно запишување на објектот. Како еден од најголемите парадокси во досегашното планирање, министерот го издвојува недостигот на безбедносна опрема. Тој повтори дека не биле предвидени ниту ...
Oбезбедувањето на работен кадар во секој сектор е можеби најголемиот проблем, на пазaрот на труд во Македонија. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, бројот на пополнети работни места е 484 385, додека слободни работни места има 10 615. Најмногу работници недостасуваат во преработувачката индустрија или 2482 лица каде што веќе работат и најмногу граѓани од земјава во приватниот сектор и тоа на број нешто над 102 ...
Златото порасна петти ден по ред, бидејќи ескалацијата на војната на Блискиот Исток ги помести глобалните енергетски пазари и ги насочи инвеститорите кон побезбедни средства. Златото порасна за дури 1,1% на 5.380 долари за унца, дополнителен пораст од повеќе од 3% во однос на претходните четири сесии, бидејќи конфликтот одекнуваше низ регионот. Претседателот Доналд Трамп рече дека САД ќе продолжат со својата воена офанзива колку што е ...
Добивај вести на Viber Купувањето недвижен имот „на море“ е сон на просечен македонски турист со децении, но во последните две години овој сон доби нови, посложени контури. Додека цените на квадратните метри во Скопје рушат рекорди, сè поголем број граѓани се свртуваат кон Грција, каде што сè уште може да се најдат пространи дуплекси за 150.000 до 230.000 евра. Сепак, дискусија на Reddit отвори некои од клучните прашања, како да се финансира ...
На прв поглед, замрзнатите терени не изгледаат како привлечна средина за градење. Непријателскиот пејзаж, оддалеченоста на локациите, како и екстремните временски услови, го прават дизајнирањето за долгорочно живеење исклучително тешко. Сепак, постојат одредени архитектонски типологии кои не само што опстојуваат, туку и напредуваат во вакви услови. Арктичките опсерватории и видиковци, како и центрите за податоци и истражување, се објекти ...
Азиските рафинерии размислуваат да ја намалат стапката на работа поради проширувањето на војната на Блискиот Исток и потешкотиите во транспортот низ Ормускиот Теснец, кои го загрозуваат нивниот пристап до сурова нафта. Некои од најголемите преработувачи разгледуваат кратење на преработката од 20 до 30 отсто, додека десетици танкери натоварени со нафта остануваат заглавени во Персискиот Залив, изјавија лица запознаени со ситуацијата. ...
„Достоинствено“ пресметување на сиромаштијата – вака екс-вицепремиерот за економски прашања и актуелен пратеник, Фатмир Битиќи го коментира најавеното законско усогласување на минималната плата. Според Битиќи, Владата се обиде една законска обврска да ја продаде како достоинствена политика: минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари и истата ќе изнесува 26.046 денари нето – што е зголемување од околу 6,8%. -Но, ова е наследен механизам ...
Цената на таканареченото „велигденско“ јагне годинава повторно ќе ги изненади потрошувачите. Според најавите од сточарите и откупувачите, килограм жива мера ќе достигне и до 350 денари, што е значителен скок во однос на лани. За многумина, ова веќе не е само сезонска корекција, туку сериозен удар врз семејниот буџет, особено во пресрет на празниците, кога традицијата не се прескокнува лесно. На пазарите веќе се чувствува нервоза. Купувачите ...
Канада потпиша серија договори со Индија со цел продлабочување на врските во области како што се критичните минерали и енергијата, додека бара повеќе сојузи поради тензиите со САД, објави „Wall Street Journal“. Канада и Индија потпишаа ново енергетско партнерство, вклучувајќи договор вреден 2,6 милијарди канадски долари, или 1,91 милијарди долари, според кој канадската компанија „Cameco“ ќе испорачува ураниум во Индија за нуклеарна енергија ...
Ормускиот Теснец повторно се најде во центарот на светското внимание, откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги вознемири енергетските пазари. Овој тесен морски премин меѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив претставува една од најважните артерии за транспорт на нафта во светот – низ него минува значителен дел од глобалните испораки на сурова нафта и течен природен гас. Низ овој теснец секојдневно поминува значителен дел од ...
Добивај вести на Viber Овој 8-ми Март, направете чекор кон остварување на вашите планови со специјалната празнична понуда од Минт Кредит! Време е за одлуки што носат повеќе вредност. Во чест на 8-ми Март, во Минт Кредит подготвивме специјална понуда што значи помал трошок и поголема финансиска слобода. Кога се слави 8-ми Март, славиме со вистински бенефит. Овој пат, добивате –50% попуст на трошоци за кредит до 300.000 МКД. Брзо, едноставно и ...
Добивај вести на Viber По големиот успех на „50=100“, и на барање на љубителите на книгите и здравиот животен стил, од печат излезе нејзиното продолжение: „50>100: 50 Здравствени совети за првите 100 години од животот“ – книга што од пациент ве прави партнер во здравјето. „50>100“ е вашиот „пит-стоп“: 50 јасни, практични совети за првите 100 години – за да реагирате паметно, смирено и навреме, во секојдневните здравствени ситуации што ...
Германските автомобилски икони Фолксваген, БМВ и Мерцедес-Бенц се соочуваат со егзистенцијална закана и би можеле да престанат да постојат во нивната сегашна форма до крајот на деценијата. Оваа песимистичка прогноза ја објави Мориц Шуларик, раководител на престижниот Институт за секуларна економија во Кил. Според него, ако компанијата радикално не го промени својот бизнис-модел, нејзината историска доминација ќе заврши до 2030 година. ...
Македонија нема да биде заобиколена од економските последици со кои се соочува светот и Европа по отворањето на новиот воен фронт – нападот на Иран. Последици ќе има, но во каков обем ќе бидат, ќе зависи од тоа колку ќе траат борбите на Блискиот Исток, оценува Џевдет Хајредени, еден од поранешните министри за финансии. „Економски последици ќе има. Еве веќе цените на нафтата се зголемуваат, и натаму ќе растат. Нафтените деривати се „витален“ ...
Финансии / Банкарство СО КАРТИЧКИТЕ Е НАПЛАТЕН БАКШИШ ОД 49 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ХРВАТСКА, овој приход се оданочува со стапка од 20 проценти 03.03.2026 Сподели: Како дел од пакетот даночни измени што стапија на сила на почетокот на 2024 година во Хрватска, меѓу другото, беше регулирано воведувањето на бакшишот во системот за фискализација. Од пред две години, бакшишот може да се остават и безготовински, т.е. при плаќање со картичка. Пропишан е ...
Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшл тајмс. -Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен за економската активност, рече Лејн, додавајќи дека обемот на влијанието би ...