Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
„Ејч-Би-О макс“ (HBO MAX) и „Парамаунт плус“ (Paramount+) ќе се спојат во една стриминг услуга откако ќе биде завршено спојувањето на нивните матични компании, „Ворнер брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) и „Парамаунт“ (Paramount). Веста ја објави извршниот директор на „Парамаунт“, Дејвид Елисон, за време на неговиот прв повик до инвеститорите откако неговата компанија ја доби понудата за преземање на „Ворнер брос Дискавери“, објави ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 2 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,31% и заврши на 10.112,12 поени, додека ОМБ остана непроменет на 129,28 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 15.928.761 денари, при што тргувањето беше најконцентрирано кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, со значајна активност и кај ...
Од 02 до 05 март 2026 година Lucky Days во Нептун. Потрошувачите имаат ексклузивна можност да купуваат по исклучително поволни цени во ограничен временски период! Овие денови се посветени на сите кои сакаат паметен избор, врвен квалитет и значителни заштеди при купување на електроника и апарати за домаќинство. Во рамки на Lucky Days, клиентите ќе можат да пронајдат најголеми попусти на широк асортиман производи – од најнови технолошки уреди, ...
Шест анонимни сметки на платформата за обложување Polymarket заработија околу 1,2 милиони долари успешно обложувајќи се дека САД ќе го нападнат Иран до крајот на февруари, што е најновиот случај што укажува дека инсајдерите профитираат од воените конфликти. Пред помалку од осум недели, анонимен корисник на истата платформа заработи повеќе од 400.000 долари правилно предвидувајќи ја инвазијата на администрацијата на Трамп врз Венецуела, ...
Американскиот сателитски сервис Starlink, во сопственост на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, денеска објави партнерство со Deutsche Telekom за заедничко лансирање на сателитска мобилна услуга во Европа, која се очекува да започне со работа во 2028 година. Новата услуга ќе овозможи мобилна комуникација во области каде што изградбата на класична мрежна инфраструктура е тешка, како што се планинските региони и заштитените подрачја. ...
Додека светските вести зујат за ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток меѓу САД, Израел и Иран, берзата во Техеран (TSE/ТСЕ) останува целосна непозната за меѓународниот финансиски систем. Денес, Иран е еден од последните големи, неискористени брзорастечки пазари во светот, кој, според мислењето на многу експерти, теоретски нуди бројни инвестициски можности. Сепак, пречките за било каква анализа или влез на тој пазар се бројни и за ...
Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите клиенти – пензионери дека средствата по основ на пензии за месец февруари 2026 година се префрлени на сметките на корисниците. Пензионерите кои располагаат со дебитни картички можат да ги подигнат средствата на банкоматите на ЦКБ или да ги користат за безготовински плаќања во трговијата, почнувајќи од денес (2 март 2026 година). Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира ...
Скандинавскиот стил во пролетна верзија е совршен избор за сите што сакаат светол, смирен и уреден дом со доза свежина. Инспириран од ентериерите во Шведска, Данска и Норвешка, овој стил се темели на едноставност, функционалност и природна хармонија. Во пролет, таа препознатлива минималистичка основа добива понежна и потопла нота. Доминираат светлите нијанси, бела, крем и светло сива, но во пролетниот период тие се освежуваат со пастелни ...
2 март 2026 „Копаоник бизнис-форумот“, кој се одржува од 1 до 4 март оваа година, фокусот на дискусиите го става на теми што го обликуваат современиот глобален и регионален контекст, од индустриска политика и конкурентност, преку инвестиции и пазарот на трудот, до дигитална трансформација и одржлив развој, во присуство на лидери од бизнисот, академската и политичката област од регионот и меѓународни експерти од разни области. Централната тема ...
Азиските земји почнуваат да го чувствуваат економското влијание од ескалацијата на воздушните напади на САД, Израел и Иран, бидејќи танкерите за нафта остануваат заглавени во близина на Ормутскиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот, објави Анадолија. Неколку оператори за превоз го прекинаа транзитот низ теснецот поради зголемените трошоци за осигурување и безбедносните загрижености. Кина повикува на итно запирање на ...
Британските и американските истражувачки станици на Антарктикот бараат нови вработени, нудејќи позиции од научни и инженерски до занаетчиски и оперативни. Работата не се сведува само на лабораториски активности – базите функционираат благодарение на цел тим кој обезбедува поддршка во екстремни услови. Во станицата „Халеј VI“ престојува тим од околу 40 луѓе, кој собира вселенски и атмосферски податоци и проучува ледените гребени и дупката во ...
Нето-добивката на Erste&Steiermärkische Bank (ESB) на ниво на групација, по одбивање на малцинските интереси, во 2025 година изнесува 249 милиони евра, што претставува раст од 0,8 проценти во однос на претходната година. Нето-приходот од камати на ESB групата достигнал 442 милиони евра, што е зголемување од 1,8 проценти во споредба со 2024 година. Истовремено, нето-приходот од провизии и надоместоци изнесувал 144 милиони евра, што ...
Повторното активирање на нафтоводот Солун –Скопје и изградбата на гасниот интерконектор ја зацврстува енергетската соработка меѓу Македонија и Грција. Премиерот Киријакос Мицотакис би можел да го посети Скопје до крајот на месецот, а посетата би била повод за официјална проверка и промоција на овие инфраструктурни проекти. Со модернизирана инфраструктура за транспорт на нафтени деривати и природен гас, земјата обезбедува стабилност и ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток повторно ги зголемува стравувањата од поскапувања и нов инфлациски бран. Цената на нафтата веќе бележи раст, а економските налитичари предупредуваат дека доколку војната продолжи со истиот интензитет, можни се дополнителни скокови на светските берзи. Иако дел од прогнозите укажуваат дека ценовниот притисок може да биде краткотраен, ризикот од пренесување на ефектите врз домашниот пазар останува ...
На глобалниот криптопазар денес цената на најпознатата криптовалута биткоин се движи околу 65.000 американски долари откако бележи блага корекција во однос на претходните денови. Според најновите податоци, BTC се „одржува“ во тесен опсег со волатилност што ги третира инвеститорите внимателно, додека пазарот прави напори да ја задржи поддршката над клучните технички нивоа. Тргувањето денес ја одразува реакцијата на инвеститорите на последните ...
Дурмиши: Владината кошничка ќе биде за 13 отсто поевтина од синдикалната Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Владата е за 13 проценти поевтина од потрошувачката кошничка што ја изработува Сојузот на синдикатите, тврди министерот за економија, Бесар Дурмиши. Во потрошувачката кошничка изработена од Владата, како што изјави Дурмиши, опфатени се 101 производ и таа е реална, односно ги отсликува минималните трошоци на едно ...
Утре на владина седница треба да помине Информацијата за минималната плата, која денеска беше на дневен ред на седницата на Економски-социјалниот совет. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна и дека минимална плата за март, која ќе се исплаќа од април ќе биде зголемена. „Очекуваме да продолжи и да се интензивира бипартитниот дијалог помеѓу работодавачите и работниците. Ние како Влада секогаш стоиме на располагање да помогнеме ...
Катар го прекина производството на течен природен гас во понеделникот, а Саудиска Арабија ја затвори својата најголема домашна рафинерија за нафта по напад со дрон, изјави извор, додека израелските и американските напади и иранската одмазда предизвикаа превентивно затворање на нафтените и гасните капацитети низ Блискиот Исток. Бран напади врз регионот се проширија трет ден, што резултираше со прекин на поголемиот дел од производството на ...
Цената на старата хартија тивко се стопи. Од три денари за килограм, колку што се плаќаше пред неколку месеци, падна на само еден денар. На хартија разликата изгледа мала, во пракса е трипати помала заработка. За многумина во Скопје тоа е доволна причина да се откажат од навиката да собираат весници, списанија, кутии и стари тетратки, па еднаш месечно да ги носат во фабрика за рециклирање. Скопјанка која редовно селектирала отпад раскажува ...
Во време кога сме бомбардирани со наслови за „милиони преку ноќ“ од медиумите и социјалните мрежи, лесно е да се поверува дека успехот е оддалечен само еден клик. Честопати има приказни за луѓе кои заработиле огромни суми пари во рок од неколку часа или денови – продавајќи акции во технолошки компании, лансирајќи вирални производи, па дури и тргувајќи со криптовалути. Сепак, вистинскиот финансиски успех ретко се случува случајно или без ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 ...
Добивај вести на Viber Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на останатите производи. Во интервју за МИА Ристески денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја ...
По денешната седница на Економско-социјалниот совет, министерот за економија, Бесар Дурмиши информира дека е утврден растот на минималната плата. Според него, усогласувањето на минималецот секоја година во месец март се врши врз јасно утврдена формула. Оттаму, тоа значи дека платата ќе се зголеми за 6,86 проценти односно 1667 денари. Со тоа, минималецот сега ќе изнесува 26.046 денари. На денешната прес-конференција, министерот кажа дека ...
Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 февруари во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари што претставува раст од 179,7% или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година во споредба со двата месеца од 2025 година има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 ...
Иран важи за една од најбогатите држави во светот кога станува збор за природни ресурси, но истовремено е пример како политиката и геополитиката можат значително да ја ограничат економската моќ на една земја. Иран располага со огромни резерви на нафта и природен гас. По докажани резерви на нафта е меѓу првите пет држави глобално, додека по природен гас е втор во светот. Само вредноста на овие енергетски ресурси се проценува на повеќе ...
По случувањата на Блискиот Исток и очекувањата за скок на цената на нафтата, стигнаа и првите поскапувања на нафтените деривати во земјава. Од полноќ бензините поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува непроменета. Се зголемува и цената на Мазутот за 1,022 денари за литар и тој сега ќе се продава по цена од 35,542 ден/кг. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена ...
Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 20 проценти поради американско-израелскиот напад врз Иран и нарушувањето на транзитот преку Ормутски Теснец. На холандската дигитална берза ТТФ еден мегават-час гас за испорака во април изнесуваше утрово се тргуваше за 39,84 евра и беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела. Тоа е највисока цена за гасот од 14 февруари минатата година. Сообраќајот ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи информира дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Според Трендафилов, на седницата било направено обид за утврдување усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари, што, како што наведува, претставува само законско усогласување, а не реално зголемување. Тој истакнува дека ССМ ...
Добивај вести на Viber Народна банка на Република Северна Македонија информира дека ја унапредила техничката опременост на Дирекцијата за трезорско работење со современ уред за спектрална анализа од типот Regula, со цел поголема заштита на готовинскиот платен промет. Како што соопштуваат од централната банка, новата технологија овозможува висока прецизност и брзина при откривање на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните банкноти, ...
Во време на експоненцијален раст на урбаното население, зголемени трошоци за домување и ограниченост на градежните земјишта, терминот микро‑квартови (micro‑apartments) не е само архитектонски опис туку претставува цела социјална и економска реакција на актуелните предизвици во големите градови. Што всушност се микро‑квартови? Микро‑квартовите се мали стан‑единици често помали од 40 м², дизајнирани да ги оптимизираат секојдневните потреби во ...