Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја најавува својата 33-та сезона, која ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември 2026 година во Музејот на современата уметност – Скопје, Галерија бр. 4. 33-то издание отвора нов простор за дијалог меѓу облеката, уметноста, телото и архитектурата, поставувајќи едно суштинско прашање: Што се случува кога модата престанува да биде само облека и станува уметнички објект, визуелен јазик и носител на идеи? ...
Нашиот интернационален модел Ивана Манас се најде на насловната страница и во модниот едиторијал за дигиталното издание на списанието Елит. На фотографиите Манас позира во креации од колекцијата на нашиот нашиот моден дизајнер Христијан Младеновски. Ивана до сега имаше огромни модни успеси преку кампањите за Долче и Габана, како и соработката на модните ревии во Милано на докажаните врвни модни дизајнери Филип Плејн и Рик Овенс. ...
Со три модни ревии и изложбена програма што ги поврза модата и современата уметност, вчера во Музејот на современата уметност во Скопје започна 33. сезона на Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje). На новата локација, во галерискиот простор на МСУ, вечерта ја отвори модната ревија на Dobredojde Macedonia Welcome Centre, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија. Потоа следуваше ревијата на Никола Ефтимов, кој повторно се врати ...
Изложбениот простор на Музејот на современа уметност деновиве беше исполнет со модни ревии и претставувања кои често реферерирураат на сликарски техники и артистички перформанси. Во рамките на 33-та сезона на Моден викенд Скопје/ Fashion Weekend Skopje, се поврзуваа модата, уметноста и одговорноста кон иднината, приказите на искусните модни дизајнери и на новите таленти, активизмот преку модна аукција, разговори и изложби кои повикуваат на ...
ГРОМОГЛАСНАТА ТИШИНА СИЛНО ОДЕКНА – ЕМОТИВНА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА „ДОБРИ ЛУЃЕ“ НА МАНЧЕВСКИ НА САРАЕВСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И ШИРОК МЕДИУМСКИ ОДГЛАС Документарниот филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која ...
Вековната македонска традиција добива нов живот преку заедничкиот авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio, инспириран од орнаментиката на мијачкото свадбарско знаме, еден од најпрепознатливите симболи на Галичката свадба и македонското културно наследство. Во центарот на проектот е уникатна дизајнерска чанта која ја пренесува симболиката на љубовта, достоинството, припадноста и наследството што со векови се пренесува од ...
Студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје неодамна ги претставија своите креации на јубилејната 20. студентска модна ревија насловена „Вортекс импресии“. Под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, студентите за годинешната студентска ревија твореа под инспирација на творештвото на еден од најголемите импресионисти, францускиот сликар Клод Моне, создавајќи ...
Белата класична кошула со строг крој е едно од модните парчиња што го „позајмуваме“ од машкиот гардеробер и ја вметнуваме во женскиот стил. Белата кошула секогаш е добра идеја. Сигурна опција за деновите „кога нема што да облечете“. Предноста на белата кошула е што лесно се комбинира и одговара со различни парчиња – елегантни панталони, искинати фармерки, лежерни шорцеви, мини здолниште, бициклитички бермуди… Може да се постигне ...
Филмот е селектиран во категоријата International Narrative Competition на „Трибека фестивал“ во Њујорк, главната меѓународна натпреварувачка програма на фестивалот, со што „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ќе биде претставен пред њујоршката публика, меѓународната филмска јавност и индустрискиот круг на селектори, пренесуваат од продукцијата. Опишувајќи го филмот, од продукцијата велат дека главна хероина е Адела, зад чија приказна стои ...
Фондацијата „Фросина Кулакова“ информира дека започнува официјална соработка со Министерство за внатрешни работи преку потпишување на Меморандум за соработка, со јасна и заедничка цел – унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување на трагедии. Оваа соработка е природно продолжение на мисијата на Фондацијата, која од своето основање работи на создавање долгорочна и одржлива платформа за подигнување на јавната свест, развој на ...
На 03 јуни 2026 година, со почеток во 18 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија, ќе се отвори изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски – Индог, негова 8-ма самостојна изложба. Проектот произлегува од долгогодишното истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, и во оваа фаза се фокусира на емпатијата, љубовта и колективната грижа како двигатели на подобра иднина. Преку илустрации, платна и графики ...
Од 14 до 20 мај во Скопје се случува шестото издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ во организација на издавачката куќа „Чудна шума”, книжевен и културен настан за сите возрасти кој традиционално вклучува богата програма на книжевни вечери, читања и креативни работилници за деца и млади и изложби на македонски уметници. Годинава фестивалот трае седум дена и се одвива на седум локации: кафе-книжарница и галерија „Чудна шума”, кафе „Долап”, МКЦ, креативно ...
Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од ...
Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика. За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и ...
YOVA официјално ја претстави својата нова колекција за сезона пролет-лето 2026 наречена „Блосом“, со која го продолжува својот препознатлив пристап кон рачна изработка, премиум материјали и оригинален дизајн. Моделите од новата колекција се веќе достапни за купување преку официјалната веб-страница на YOVA. Колекцијата „Блосом“ е инспирирана од моментот на цутење – симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Како пролетта што носи ...
По неколкумесечни подготовки, оригиналниот македонски мјузикл „Као Какао“ конечно ги доби своите премиерни датуми. Првите изведби ќе се одржат на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот. „Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжмани ...
По успешната зимска кампања која ги освои срцата на јавноста, MY:TIME ја продолжува приказната „Моменти за нас“ во својата пролетна имиџ кампања. Оваа пролет фокусот се стеснува на уште поинтимни детали – на оние мали, навидум невидливи гестови кои ја сочинуваат вистинската убавина на живеењето. Кампањата е потсетник дека вредноста на животот не е во надворешниот сјај или гласните настани, туку во тишината и спокојот на моментите кои ги ...
H&M со гордост ги открива сите изгледи во претстојната колекција на Stella McCartney H&M. Колекцијата ќе биде лансирана на 7 мај, околу дваесет години по првото партнерство на H&M со реномираната дизајнерка и активистка. Првото партнерство на Stella McCartney H&M – втората дизајнерска соработка на H&M – започна во ноември 2005 година. Оваа нова колекција на Stella McCartney H&M се темели на тоа наследство. Таа ги ...
На 18 април 2026 година, во Парк „Авионче“, ќе се одржи Sakura Festival, културно-едукативен настан кој има за цел да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до локалната публика преку внимателно осмислена програма. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на ...
Билетите за отворањето на 54. издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега. Со рекордна брзина и огромен интерес од публиката, билетите за отворањето на 54.Мајски оперски вечери се распродадоа за само 30 минути. Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како ...
Во новиот број на престижниот моден магазин Numero Switzerland е ангажирана една од нашите најпознати манекенки Сара Стојчевска, позната како Сара Стои. Во фантастичниот едиторијал каде се промовираат најновите парчиња на модните куќи и дизајнери како Max Mara, Dior, Vintage Chanel, Michael Kors нашата убавица зрачи со гламур и бескрајна софистицираност. Специјално за овој моден едиторијал беа селектирани парчиња од неколку колекции на ...
На 4 април, во Офицерскиот дом во Битола, за првпат ќе се одржи Bitola Whisky Fest, настан кој ја носи концепцијата на современите lifestyle фестивали надвор од Скопје. Зад организацијата стои Bottega Eventi, тимот кој во изминатите години се позиционираше со истиот проект кој е веќе традиционален во Скопје, како и проекти како што е Gin Lane Festival, со цел да се третира културата на пијалоците како дел од пошироко искуство. Bitola Whisky ...
Со ревијата на нашата дизајнерка Олгица Ѓоргиева вчеравечер заврши 32. издание на Моден викенд Скопје. Од првата вечер посветена на кинеската мода, преку повеќето модни ревии, Моден викенд се осврна и на нордиско-балтичката приказна и дизајнерските резиденции, изложбите, јавните разговори и презентациите, иницијативите како Mission for Water и регионалните соработки со сцени од Балканот. Направивме преглед на ревиите одржани на FWSK и на ...
Првиот ден на 32-то издание на Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje) powered by UniBank, кој се одржува во Diamond Mall, беше во знакот на кинеската мода преку презентацијата и ревијалниот приказ на три кинески модни и дизајнери на накит, потоа изложбата Изложбата „3D & AI во модата и инсталацијата „Луминисцентни силуети“. „CHINA NIGHT“: ПРЕЦИЗНОСТ И КОНТИНУИТЕТ Првиот сегмент, „China Night“, реализиран со поддршка на Амбасадата ...
Најисчекуваниот црвен килим е оној на Оскарите, холивудска вечер во која не се вреднуваат само филмските квалитети, туку и модниот избор. На вчерашното доделување на филмските награди во Лос Анџелес, црвениот килим повторно како модна писта на која се мешаат класичен гламур, современ минимализам, личен израз, но и кич стајлизни и претерување во изгледот. Пред самото доделување на златните статуетки, фокусот e на модата на црвениот килим, а ...
Оскарите се сметаат за финалe на сезоната на филмски награди, а на вчерашното доделување филмот на Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“, освои шест златни статуетки. „Грешници“ иако имаше рекордни 16 номинации доби четири Оскари, „Франкенштајн“ три, додека анимираниот филм „K-Pop: Ловци на демони“ освои два. На 98. Оскари, филмот на Андерсон победи во шест категории – за најдобар филм, најдобар режисер (Андерсон), најдобро адаптирано ...
Новата модна колекција Vivid Echoes на дизајнерката Росица Мршиќ претставува истражување на апстрактниот визуелен јазик како извор за современ, скулптурален моден израз. Инспирирана од делата на Хелен Франкенталер и нејзините експанзивни полиња на боја, колекцијата ја трансформира сликарската апстракција во архитектонски конструирани, носливи силуети. Секое парче функционира како автономен дизајнерски објект, каде дисциплинираната ...
Постојат настани што траат една вечер. И постојат платформи што градат систем. Триесет и две сезони подоцна, FashionWeekendSkopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет. Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered byUNIBankго позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. Домаќин на ...
Во пресрет на Денот на жената – 8 март на приземјето во Скопје Сити мол од 5 до 8 март ќе се одржи голем базар под слоганот „ЗА ТАА ШТО ТИ Е СÈ“. На базарот учество ќе земат успешните и докажани брендови: Solar creations, СОС Детско село, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана ...
Доколку размислувате што да подарите за Денот на жената 8 Март, тогаш вистинското место за инспирација е традиционалниот Осмомартовски базар на ракотворби во ГТЦ Скопје. На приземјето ќе ве пречекаат вредните ракотворци, подготвени лично да ви ги претстават своите уникатни дела, изработени со љубов, трпение и внимание кон секој детал. Посетителите ќе имаат можност да изберат од богат и разновиден асортиман: мартинки и плетени алки, накит од ...