Функцијата Look Around доаѓа на веб пет години откако беше претставена на мобилни и десктоп. Apple го лансираше Apple Maps за веб пред пет месеци. Сега тие додадоа Look Around, своја верзија на Street View која ви овозможува да ја истражувате вашата околина преку панорамски слики собрани од автомобили опремени со камери. Look Around е лансиран за мобилна и десктоп изданија на Apple Maps во 2019 година. За да започнете Look Around на Apple Maps ...
Се зголемува бројот на претстави кои се одиграни во театрите низ земјава. Во исто време бројот на посетители бележи раст на годишно ниво. Позитивни бројки има како во професионалните така и во аматерските театри. Што се однесува до Филхармонијата податоците велат дека и тука има зголемен број на посетители во периодот 2023-2024 година во однос на претходните две години, но тука забележан е намален број на претстави. Во периодот 23та -24та година ...
Американската централна банка (ФЕД) во средата ја објави својата долгоочекувана одлука за намалување на каматната стапка за уште една четвртина од поен, со двојна долгорочна цел да се постигне максимална вработеност и инфлација од два отсто. ФЕД соопшти дека одлучил да го намали опсегот на целната каматна стапка од 4,5 отсто на 4,25 отсто, што е во согласност со намалувањето спроведено на почетокот на ноември. Централната банка ја опиша ...
Пивара Скопје во 2023 година креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет. Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати во износ од 37 милион евра. Секое едно отворено место во Пивара поддржува уште 21 работно место во ...
Нови авиолинии од Скопје до европски метрополи Пред два дена беа пуштени во продажба билети за нови авиолинии од скопскиот аеродром до Брисел, Лион и Барселона. Овие линии ја подобруваат поврзаноста на главниот град. Економски раст и нови инвестиции „Со раст од 3% на бруто-домашниот производ, нашата земја се наоѓа меѓу најдобрите во Европа. Економските мерки на Владата носат позитивни резултати, а од следната година се предвидува уште поголем ...
Со цел да се приближи до целта за неутралност во емисиите на јаглерод диоксид, Турција ја лансираше Инвестициската платформа за индустриска декарбонизација (TIDIP) во Анкара. Платформата постави цел да привлече инвестиции во вредност од пет милијарди долари до 2030 година, што ќе доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од 20 милиони тони годишно. Како што е наведено, ова е досега најголемата програма за индустриска ...
Главниот двигател на растот на БДП на Македонија во 2025 година треба да биде комбинација од повеќе фактори кои ќе создадат одржлив и балансиран економски раст. Еве неколку приоритети: Индустриска и дигитална трансформација Инвестирање во технолошка модернизација: Поддршка на индустрии со висока додадена вредност, како ИТ-секторот, зелените технологии и иновациите. Дигитализација на економијата: Подобрување на дигиталните услуги во јавниот и ...
Продажбата на нови автомобили во Европската унија е намалена за околу два отсто во ноември, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во четвртокот. Регистрациите на нови автомобили се намалени на годишно ниво за 1,9 отсто, на 869.816 возила. Во октомври тие се зголемени за 1,1 отсто. Меѓу четирите најголеми пазари, најмногу падна Франција – за 12,7 отсто, а на второ место е Италија, каде што продажбата е ...
Агенцијата за кредитен рејтинг AM бест (АМ Best) ги потврди кредитните рејтинзи на заваровалница Триглав и позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „А“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. Сите елементи од овогодинешните оценки се на исто ниво како и претходната година, и двете оценки ја задржаа стабилната среднорочна прогноза. Агенцијата повторно ја оцени финансиската ...
Вредноста на глобалниот пазар на криптовалути надмина 3 трилиони долари бидејќи изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД поттикна облози дека попријателската американска регулатива може да доведе до нов бум за сите сегменти од поризичните инвестиции меѓу кои и криптовалутите. Вкупната пазарна вредност на криптовалутите достигна највисоко ниво од речиси 3,2 трилиони долари на почетокот на 14 ноември во Азија, врз основа на аналитиката и ...
Биткоинот го надмина прагот од 100.000 долари за прв пат во четвртокот. Ова е значителен момент, поттикнат од изборот на Доналд Трамп за претседател, со очекувања дека неговата администрација ќе создаде поволна регулаторна средина за криптовалутите. Најголемата и најпозната криптовалута во светот се зголеми повеќе од двојно од овогодинешното ниско ниво од 38.505 долари и е зголемена за над 50% од големата победа на Трамп на изборите на почетокот ...
На Вол Стрит вчера цените на акциите повторно паднаа, со што индексот Dow Jones го забележа деветтиот последователен ден на намалување – нешто што не се случило од 1978 година. Dow Jones ослабе за 0,61%, затворајќи на 43.449 поени. Индексот S&P 500 падна за 0,39% на 6.050 поени, додека Nasdaq индексот изгуби 0,32%, спуштајќи се на 20.109 поени, со што ги загуби своите рекордни нивоа. Овој пад се случува во пресрет на важниот состанок на ...
Познатиот јапонски гигант за производство на автомобили е на „работ на колапс“ – фирмата има само 12 месеци за да преживее Гигантот во автомобилската индустрија, Nissan, би можел да се соочи со колапс, откако беше предупредено дека компанијата има само 12 месеци за да се одржи. Јапонскиот производител на автомобили, кој вработува 7.000 луѓе во Велика Британија и 17.000 во САД, започна масивна програма за намалување на трошоците поради значителни ...
Геотермалната енергија, или обновливата енергија од природната топлина на подземните слоеви на планетата, има светла иднина да ги задоволи растечките потреби за електрична енергија ширум светот, проценува Меѓународната агенција за енергија во извештај, цитиран од светските агенции, кој исто така ги охрабрува нафтените компании да инвестираат во оваа област. Во извештај, насловен „Иднината на геотермалната енергија“ и објавен денеска, ...
„Лидл“ во Словачка се стреми да ја истакне својата позиција како лидер со ниски цени. Дисконтерот трајно ги намалува цените на основните прехранбени производи, со што однапред се прилагодува на намалувањето на ДДВ кое ќе стане задолжително на почетокот на следната година. Се очекува дека влегувањето на лидерот на полскиот пазар „Биедронка“ ќе изврши притисок врз нивото на цените на пазарот. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар ...
Со реформите направени во изминатиот период преку донесувањето нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, нашата држава го зацврсти својот пат кон европската интеграција. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците за платежните сметки, депозитните сметки и сефовите, што ќе придонесе ...
КАМ ги објави поевтинетите производи од новогодишната кошничка, но и ја прошири листата Како транспарентна и одговорна компанија кон своите потрошувачи, КАМ ги објави производите кои ќе се продаваат по пониски цени во маркетите како дел од новогодишната кошничка од 15 декември до 15 јануари. Покрај препорачаните производи, КАМ самоиницијативно дополнително ја прошири листата на производи по намалени цени од асортиманот на приватни трговски ...
Платформата „Економи“ синоќа во Охрид одржа презентација на своите едукативни сулуги и можностите за заработки од тргување на берза со злато и крипто валути, како и можностите за заработки од афилиет или мултилевел маркетинг. Пред преполната конференциска сала на присутните детално им се презентира начинот на кој функционира платформата „Економи“ , преку тргување на берза и едукацијата која ја нуди. Симон Антиќ еден од најпознатите фитнес ...
Неодамнешното истражување на Глобалната алијанса за електрични возила откри дека огромното мнозинство на сопственици на електрични возила не планираат да се вратат на традиционалните бензински или дизел автомобили. Според податоците, 92% од испитаниците ја изразиле својата непоколеблива лојалност кон електричните возила, наведувајќи различни причини за нивната предност. Главната движечка сила зад оваа промена се пониските оперативни трошоци ...
Најголем дел од производите во маркетите се намалени во рамки на акцијата „Новогодишна кошничка“ која ја спроведува Владата по предлог на бизнисот, но не се намалени и основните производи како зејтинот, шеќерот и јајцата. Во неколку маркети во Скопје граѓаните од утрово ги меркаа цените производ по производ и разочарано коментираа дека не очекувале вакви цени. Пакување со 15 јајца во скопски супермаркет кое од 105 скокна на 130 денари пред ...
Законот за вториот дел од милијардата на Орбан е веќе во собраниска процедура. Законот според кој ќе се осигураат 500 милиони евра заем од Унгарската развојна банка треба да биде донесен по итна постапка и со него ќе се врати еврообврзница од 2018 година која доспева во јануари 2025 година. – Владата го задолжи Министерството за финансии да подготви и достави барање до Унгарската експорт – импорт банка за обезбедување на втор заем во износ од ...
Државната енергетска компанија ЕСМ е најголем загубар во Македонија според листата на Министерството за финансии иако пред само еден месец премиерот Христијан Мицкоски во име на Владата се пофали дека успеале да ја консолидираат компанијата од лошото работење на претходната влада на СДСМ и на ДУИ. ЕСМ прикажа загуба од 22, 6 милиони евра во третиот квартал година и со оваа бројка компанијата се најде на врвот на листата на министерството за ...
Во услови на глобална климатска криза, индустријата која се занимава со производство на кафе се соочува со сериозни предизвици во снабдувањето со кафе и стабилноста на цените. Зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнува компаниите од индустријата за кафе да се адаптираат на новата економска реалност, која е обременета со високи цени на зрната на кафе и логистички проблеми. Компаниите кои што работат ...
Полска продава над 1.000 тони залихи на замрзнат путер за да го намали растот на цените пред претседателските избори во мај. Владината Агенција за стратешки резерви објави аукција на путер, наведувајќи го значителниот пораст на цените на путерот ширум светот што го припишува на недостигот на млеко. „Оваа итна акција… треба да придонесе за стабилизирање на цените на путерот на пазарот“, рече агенцијата, според извештајот на ТВН24, локален ...
Погребните услуги во Белград веќе поскапеа, а новите ценовници – се зголемени за дури 60 проценти – од понеделник, 16 декември, на големо се применуваат. Иако, неофицијално, поскапувањето на погребните услуги во Белград беше најавено за почетокот на следната година, на веб-страницата на јавното комунално претпријатие „Погребне услуги Белград“ се појави нов ценовник кој ќе се применува од 16 декември. Во Решението за одобрување на градоначалникот ...
Црна Гора и Албанија пред неполн месец беа примени во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) како први земји од Западен Балкан, а Македонија очекува наскоро да се приклучи како 39. членка на овој систем на плаќања на Европската унија кој ги поедноставува банкарските трансфери деноминирани во евра. Но, што е СЕПА и кои се придобивките од пристапувањето кон овој систем? СЕПА е иницијатива на Европската унија која започна да се реализира во ...
Известува: Пелагија Стојанчова; Графика: Лука Блажев Изминатите три години е забележан бум со фотоволтаици поради енергетската криза. Фотоволтаични централи со моќност колку што би имале 20 централи РЕК Битола чекаат приклучок во мрежа, а таа нема капацитет да прифати толку. Досега се поднесени барања за нови 8 000 мегавати соларни извори, трипати повеќе од што може да поднесе дотраената мрежа. До државната компанија МЕПСО, која се грижи за ...
Ако бурекот со сирење беше 72 денара со почетокот на акцијата, новогодишна кошница е 65 денари, ѓеврекот од 25 е намален на 22 денари и други пекарски производи се поевтини за 10 насто. Со новогодишната кошница добиваат сите, и потрошувачите и производителите-велат пекарите. Според нив, за разлика од замрзнувањето на цените, овојпат имаат можност да избираат кои производи ќе ги намалат, а сепак се од оние кои потрошувачите најмногу ги купуваат. ...
Добивај вести на Viber За успешната приказна која трае еден век, во „Бизнис муабети“ на Фактор говори Сашко Самарџиоски, првиот човек на Прилепска пиварница. Овој разговор, како што вели, му е последен годинава по повод големиот 100-годишен јубилеј, а од следната година, на шега кажува дека ќе почнат подготовките за 200 години Прилепска пиварница. Со 270 вработени, оваа македонска компанија бележи импресивни финансиски резултати. Безалкохолниот ...
Добивај вести на Viber АД ЕСМ со кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци“, соопшти Министерството за финансии. Средствата за овие два значајни проекта, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција ...