Белград
10ᴼ /
10ᴼ
На 25.09.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна Чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на ...
Приведен возач од Пробиштип кој управувал возило со 185 километри на час, на место каде е дозволено 110 километри на час. Како што информираат од МВР, вчера (25.09.2025) во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани - Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со ...
Ноќеска во центарот на Скопје, во близина на Зеленото пазарче, избувнал пожар во кој бил зафатен автомобил од засега непознати причини. Според очевидци, при пожарот се слушнале и експлозии. Огнот, кој започнал од автомобилот, се проширил и го зафатил маркетот во непосредна близина. На терен интервенирале три противпожарни возила, чијашто екипа успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење. На местото на настанот била ...
Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал. А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во ...
Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик. Како што информираа од МВР, вчера (25.09.2025) во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на ...
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила денеска важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат ...
Во Прилеп се уапсени три лица под сомнение дека намерно запалиле дива депонија во населбата Тризла. Станува збор за Ф. М. (38) од Битола и М. С. (56) и А. Н. (23) од Прилеп, кои на 24.09.2025 предизвикале пожар, информира Министерството за внатрешни работи. Тројцата се товарат за кривично дело „Предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пожарот бил навреме изгаснат од екипите на Територијалната противпожарна единица – ...
Тројца поранешни и актуелни функционери од струмичкиот затвор се пријавени за злоупотреба на службена положба. Станува збор за екс-директорот Б. Ц. (41), поранешниот в.д. директор В. М. (36) и заповедникот на затворската полиција В. Т. (42). Истрагата покажала дека тие незаконски одобрувале бројни погодности за осудени лица. Б. Ц. му дозволил на еден затвореник три кратки излегувања, а В. М. организирал дури 32 краткотрајни излегувања за седум ...
Вчера попладне, се случил инцидент кој го нарушил јавниот ред и мир во скопската населба Аеродром, кога жител на Свети Николе се степал со двајца браќа од Скопје, информираат од полицијата. Препорачано „На 24.09.2025 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(35) од Свети Николе од една страна и ...
Две млади момчиња и 63-годишник се тешко повреден во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Радовиш. - На 25.09.2025 во 02:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од 63-годишниот М.К. од Штип и патничко возило „сеат“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(21) од Штип. Во ...
Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека возачот на возилото, за среќа, нема тешки телесни повреди. Олеснителна околност е единствено како што вели, што нафтата се излеала во канал до патот, каде што веднаш е затрупано со песок. Ова се деталите од денешниот еколошки инцидент за кои информираше ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ц. (41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М. (36) од Струмица, поранешен в.д. директор на истата установа, и В.Т. (42) од Струмица, заповедник на затворската полиција, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. ...
Вчера во Скопје се регистрирани неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир со физички пресметки и напади. Околу 18:10 часот на автобуска постојка во општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до тепачка меѓу 35-годишниот Б.С. од Свети Николе и двајца скопјани – Н.Ц. (45) и О.Ц. (40). Во 10:50 часот, во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, 34-годишниот А.Е. од Неготино бил физички нападнат од 41-годишниот С.С. од Скопје. ...
Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот над Балатилиска Река. Според првичните податоци, во несреќата има жртви, како и повеќе повредени лица, информира 4NEWS.mk. На самото место веднаш интервенирале екипи на Брза помош со две возила, противпожарната служба од ТППЕ-Штип, како и полициски екипи од штипската станица. Се очекува во текот на ...
Во полициската станица во Скопје вчера, на 24 септември, околу 18:16 часот, било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода починал 38-годишниот К.К. од Скопје. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, која ги ...
Во близина на индустриската зона кај село Раброво, валандовско, вчера во 09:10 часот полицијата го уапсила 31-годишниот А.Х. од Струмица, кој бил осомничен дека еден час претходно се обидел да изврши кражба во една од куќите во селото, откако бил забележан од сопственикот, побегнал. Препорачано Струмичанецот А.Х. бил запрен управувајќи „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за украдено во Неготино, информираат од ...
Виница, 24 септември 2025 (МИА) - Синоќа околу 21, 30 часот, во локалното Одделение за внатрешни работи, дваесет и деветгодишна виничанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, С.И., физички го нападнал нејзиниот сегашен партнер Б.М., откако претходно на двајцата им упатувал закани, информира СВР Штип. Неколку часа подоцна во 00: 40 и Б.М. пријавил дека физички бил нападнат од поранешниот сопруг С.И. при што нему и на партнерката им се ...
Лишен од слобода разбојник од Струмица. Одземеното ќе биде вратено на сопственикот. Како што информираат од МВР, вчера (24.09.2025) во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал. А.Х. е ...
На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект, информира МВР. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, во ...
Денеска во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода А.Т.(54) од Италија. -При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта, информира ...
Нема повредени, се чека официјална информација Експлозија проследена со силен пожар ја вознемири населбата околу скопски Зелен пазар синоќа (среда, 24 септември) околу 23 часот, кога огнот целосно зафати паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“. За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Огнената стихија оштети уште едно возило „Цитроен Ц4“ и се прошири кон покривот на маркет на пазарот. Пожарникарските екипи пристигнаа брзо и околу полноќ успеаја ...
Протипожарните екипи го гаснат огнот од експолозијата што настана вечерва во близина на Зелен пазар откако беше запалено возило. Станува збор за БМВ хибрид кое било паркирано кај зградите околу пазарот. Експлозиција беше толку силна што предизвика вознемиреност кај жителите од околните згради па многумина излегоа да видат што се случува. Од првичните информации најверојатно станува збор за подметнат пожар а допрва ќе се утвдуваат причините и кој ...
Неготино, 24 септември 2025 (МИА) - Приведен бил струмичанец во Неготино, возел украдено возило од Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Вчера во 14:20 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. При контрола на патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки што тој го управувал, било констатирано дека истото на 23.09.2025 било пријавено за ...
Дебар, 24 септември 2025 (МИА) – Дебарското Одделение за внатрешни рабати поднесе кривична пријава за двајца дебрани, поради намерно предизвикување пожар во градскиот парк во населбата „Венец 2“. -Кривична пријава е поднесена против М.Ф.(41) и А.Р. (38), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288, став 1 од кривичниот законик, информираше Стефан ...
Инцидентот ја вознемири јавноста во раните утрински часови во скопската населба Аеродром Во 3 часот и 15 минути наутро во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Владимир Комаров“ изби пожар на паркирано патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, сопственост на 19-годишно момче од Скопје. Од пожарот било оштетено и друго паркирано возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишен човек. Повредени лица нема. Пожарот бил ...
51-годишен жител на Прилеп и неговата 15-годишна ќерка се повредени откако, возејќи се на мопед, удриле од куче и паднале на улица во градот, соопшти полицијата. Препорачано „На 23.09.2025 околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, ...
Пешакот Ж.Ј. (47) од село Габрово е потешко повреден на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај истоименото село, откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Струмица. Во соопштението се наведува дека вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од село Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или заплаши сопственик на ...
Тешко повреден турски државјанин бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје. Од Клиничкиот центар е пријавено во полиција дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на ...
Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...