Privacy Sandbox е името на систем од повеќе алатки кои Google ги најави како идна замена на користењето на „колачињата“ од трети страна во нивниот Chrome прелистувач. Системот беше најавен уште во 2019 година, но од компанијата почнаа поактивно да го пуштаат дури во 2023 година, а веќе во 2024 најавија дека го откажуваат планот за тргање на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Chrome. Тогаш беше истакнато дека продолжува развојот на ...

Ракетите од серијата Долг марш досега во орбита доставиле речиси 1.400 вселенски летала и извршиле 86 отсто од кинеските мисии за лансирање во вселената, соопшти кинеската корпорација за воздухопловна наука и технологија ЦАСЦ, пренесува Синхуа. Меѓу 24-те варијанти на ракети развиени од првиот лет на ракетата од серијата Долг марш, 11 припаѓаат на новата генерација, претставувајќи важна сила во големиот број вселенски лансирања извршени од Кина. ...

Голем дефект на платформата Amazon Web Services (AWS) во регионот US-EAST-1 предизвика прекин во работата на бројни сервиси, меѓу кои Amazon, Alexa, Fortnite, ChatGPT и Snapchat. Проблемот траеше неколку часа и беше предизвикан од грешка во DNS системот. Во понеделникот наутро, голем пад на инфраструктурата на AWS предизвика повеќечасовен прекин на многу популарни интернет сервиси и апликации, меѓу кои Amazon, Alexa, Snapchat, Fortnite, ChatGPT, ...

Fellowship, игра која е развиена од студиото Chief Rebel, свесно се дистанцира од етикетата MMORPG и се дефинира како Multiplayer Online Dungeon Adventure, или MODA. Како таква, играта е замислена да ги елиминира елементите како огромните отворени светови, долготрајното развивање на ликовите и споредните мисии. Наместо тоа, на вас се остава работа на само еден клучен аспект, а тоа е кооперативното освојување на dungeons. Благодарение на ваквиот ...

Google воведува најавување преку број на мобилен телефон и контакти за обновување на налогот, со предупредување за нови хакерски методи и кражба на телефони. Google ги предупреди корисниците на Gmail што поскоро да ги заштитат своите налози со додавање passkey заштита и промена на слабите лозинки, бидејќи хакерите сè почесто добиваат пристап со користење украдени акредитиви. Ситуацијата дополнително се влошува со сè почестите случаи на ...

Автоматизираното сопирање или активното итно сопирање е задолжително кај новите возила, но се случува да не работи како што пишува во упатството за возилото. На пример, автомобил може автоматски да сопре агресивно без пречка пред него. Самиот. Како резултат на тоа, може да настане хаос зад автомобилот што нагло сопира. Францускиот Л’аутомобил известува за жена која возела пежо 208, чие возило одеднаш почнало да сопира без причина. Како резултат ...

Сместен во Бриони, во непосредна близина на ЗОО паркот, овој тематски парк нуди уникатно доживување на праисторискиот свет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи напиша дека магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин. -Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус, ...

Платформата X тестира промена во начинот на кој се прикажуваат линковите на iOS, со цел да го задржи вниманието на корисниците во самата апликација. Досега, при кликнување на линк, страницата се отвораше во цел екран и целосно го покриваше оригиналниот пост, што често доведуваше до помала интеракција — помал број на лајкови, коментари и споделувања. Со новиот пристап, оригиналниот пост ќе остане видлив на дното на екранот, што ќе овозможи ...

Пристигнува Realme GT 8 Pro флегшип со Ricoh GR камера, 200 MP перископ и поддршка за 4K 120 fps Dolby Vision Realme се подготвува за претставување на својата нова премиум серија телефони – моделите Realme GT 8, а компанијата сега официјално ги потврди речиси сите детали за камерата на GT 8 Pro. Телефонот ќе има троен систем на камери, предводен од главен 50 MP Ricoh GR сензор. Главниот објектив користи 7P асферично леќe со високи карактеристики ...

За нешто помалку од три години, писмената содржина на интернетот драматично се промени. Имено, според анализата на Graphite.io, која опфатила 65.000 URL-адреси помеѓу 2020 и мај 2025 година, содржината генерирана од вештачка интелигенција сега сочинува повеќе од половина од сите онлајн статии. Пресвртницата се случила кратко по лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година, означувајќи почеток на експоненцијалниот раст на текстови напишани од ...

Samsung Electronics, глобален лидер во иновативната дисплеј технологија, продолжува да го поставува стандардот за гејминг телевизори со својата линија OLED, QLED и Neo QLED модели. Дизајнирани за да ги задоволат постојано растечките потреби на гејмерите, овие телевизори нудат извонредна имерзија, перформанси и разновидност, правејќи ги најдобар избор за сите љубители на гејмингот. Гејминг телевизорите на Samsung се создадени за да обезбедат ...

Со четвртата бета верзија на iOS 26.1, iPadOS 26.1 и macOS 26.1, Apple воведе ново подесување кое им овозможува на корисниците да го прилагодат изгледот на Liquid Glass. Преку новиот прекинувач, корисниците можат да изберат помеѓу „јасен“ изглед на Liquid Glass или „затемен“. Јасниот изглед е тековниот дизајн на Liquid Glass — повеќе проѕирен и го прикажува заднината под копчињата, лентите и менито. Затемениот изглед, пак, ја зголемува ...

Немаш Дигитална лична карта, нема јадење: Најголемата закана за нашата слобода доаѓа и кај нас, побрзо отколку што мислите Стравот станува реалност: од Пекинг до Берлин, владите ја дигитализираат личната идентификација под изговор на безбедност и погодност, но по цена на основната човекова слобода. Новото правило: без дигитална лична карта — нема храна, нема пристап до услужни мрежи, нема јавен транспорт. Зар ова станува иднината и за нас? ...

Microsoft успешно спречи серија напади со ransomware насочени кон корисниците на Teams. Откако беше откриено дека напаѓачите користеле лажни инсталациски датотеки и повеќе од 200 компромитирани дигитални сертификати во Teams, Microsoft успеа да ги спречи нападите со ransomware. Според Bleeping Computer, нападот бил извршен од озлогласената хакерска група Vanilla Tempest (исто така позната како Vice Society), која користела лажни домени слични на ...

Google воведува нова функција што би можела многу да го олесни враќањето на вашата сметка ако ја заборавите лозинката. Корисниците сега можат да изберат пријатели или членови на семејството како „Контакти за враќање“ (Recovery Contacts) кои можат да ви помогнат да го потврдите вашиот идентитет и да го вратите пристапот до вашата сметка. Оваа функција, според Google, додава дополнителен слој на безбедност и го поедноставува процесот кога ...

Претплатниците на платформата ќе имаат можност да купат кориснички имиња кои не се користеле долго време. Компанијата X (поранешна Twitter) планира да лансира пазар за продажба на неактивни кориснички имиња, дозволувајќи им на корисниците да купуваат посакувани сметки кои биле неактивни подолго време, објавува TechCrunch. Новата опција ќе им биде достапна на претплатниците на Premium+ и Premium Business плановите. Тие ќе можат бесплатно да ...

Засегнати биле Disney+, Hulu, Canva, Roblox, Fortnite, како и телекомуникациските оператори AT&T и авиокомпаниите Delta и United Airlines. Компанијата Amazon објави дека денеска (понеделник), го идентификувала и поправила проблемот што предизвикал голем прекин во работењето на бројни интернет услуги низ целиот свет. Како што е наведено, причината за инцидентот била дефект во системот за резолуција на DNS на крајната точка за DynamoDB API ...

Reddit Answers, алатка со вештачка интелигенција на социјалната мрежа, даваше погрешни и нелегални медицински совети кои не можеа да се исклучат или сокријат, што ги натера модераторите да побараат поголема регулација. Еден модератор забележа дека Reddit Answers им советува на корисниците кои страдаат од хронична болка да престанат да ги земаат своите тековни лекови и наместо тоа да користат големи дози на кратом, нерегулирана супстанца која е ...

Целата iPhone 17 серија бележи голем раст на продажбата во споредба со минатогодишниот iPhone 16, а најголем раст има токму обичниот iPhone 17, кој сега нуди 120-херцен екран и 256 GB внатрешна меморија во почетната варијанта. Помина нешто повеќе од еден месец откако Apple ги пушти во продажба новите модели iPhone 17, а според најновиот извештај на Counterpoint Research, побарувачката за новите модели ги надминува резултатите од минатата година. ...

Концепт автомобилите обично се ограничени на изложбени салони и музеи, но не и овој. „Audi“ се потруди многу да го регистрира „Concept C“ за употреба на патиштата, иако не е на продажба. За да се усогласи со прописите и да добие регистарска табличка, перформансното купе мораше да биде опремено со трепкачи, бришачи на шофершајбната и сирена. Повеќето концепт автомобили не можат сами да возат, а дури и кога можат, веројатно не се многу импресивни ...

Новите прописи на ЕУ бараат сите полначи до 240 W да имаат USB-C приклучок, посебен USB-C кабел и ознака за моќност, а стандардот ќе стапи во сила најдоцна до 2028 година. Европската унија продолжува со процесот на усогласување на стандардите за полнење на електронските уреди. Откако веќе ги обврза производителите на телефони и таблети да користат USB-C приклучоци од 2024 година, а лаптоп компјутерите од 2026 година, ЕУ сега ја проширува ...

Со порастот на употребата на алатки како ChatGPT, вештачката интелигенција станува дел од нашето секојдневие – ја користиме за пишување е-пошта, прибирање информации, па дури и за деловни одлуки. Но експертите за сајбер безбедност предупредуваат: колку и да е паметна, AI не е место за доверливи податоци. Ако не би ги споделиле тие информации со случаен минувач, зошто би ги внесувале во chatbot? Во продолжение – седум типа податоци кои никогаш не ...

Како што потрошувачите сè повеќе обрнуваат внимание на можностите на камерата на нивните паметни телефони, најголемите „Android“ брендови сега го воведуваат концептот на надворешни леќи, кој досега беше резервиран само за професионални камери. Оваа година, три компании претставија телефони со дополнителни леќи кои ги прошируваат можностите за снимање и отвораат нова ера на телефони кои сè повеќе личат на „DSLR“. Идејата за надворешни леќи за ...

Amazon Web Services (AWS), најголемиот светски провајдер на cloud инфраструктура, потврди дека повторно се соочува со „сериозни проблеми со поврзувањето“, само неколку часа откако објави дека глобалниот прекин што го парализираше интернетот во понеделник наутро е „целосно ублажен“. Масивниот прекин што го погоди речиси секој континент во раните утрински часови по европско време предизвика пад на голем број популарни апликации и веб-страници, од ...

Мал електронски имплант, кој се вградува во окото, им овозможува на луѓето кои го изгубиле видот повторно да можат да читаат, пренесоа денес британските медиуми. Уредот со димензии два на два милиметри, кој се вградува под мрежницата на пациентот, им овозможил да гледаат букви, броеви и зборови, пренесе Скај њуз. Експертите посочуваат дека оваа нова технологија носи револуција во вештачкото овозможување на видот и се надеваат дека имплантот ќе ...

Во заедничка студија на научниците од Универзитетот Тохо во Јапонија и американската агенција NASA, користени биле компјутерски симулации за да се заклучи кога животот на Земјата би можел да престане да постои. Резултатите не се охрабрувачки – на нашата планета ѝ се заканува колапс на атмосферата и исчеснување на кислород, пренесува „LadBible“. Што ќе биде со луѓето? Според истражувањето наречено „Идниот животен век на атмосферата на Земјата“, ...

Компанијата SpaceX изминатиот викенд лансираше 56 нови Starlink сателити со помош на ракети Falcon 9, со што го надмина бројот од вкупно 10.000 сателити лансирани во ниска орбита околу Земјата. Овој пресврт беше постигнат со 132. лансирање на Falcon 9 во 2025 година, со што беше изедначен претходниот годишен рекорд за лансирања, иако остануваат повеќе од два месеци до крајот на годината. Од тие 10.000 сателити, во моментов во функција се околу ...

Huawei во Кина го претстави својот најнов преклопен телефон Nova Flip S, кој претставува надградба на минатогодишниот модел Nova Flip. Nova Flip S доаѓа во нови бои: Feather Black, White, Azure Blue, Green, Soft Pink и Star Black, како и со пониска почетна цена од 3.388 кинески јуани (околу 475 долари) за верзијата со 8/256 GB меморија, што го прави еден од најдостапните преклопни телефони на кинескиот пазар. Телефонот е опремен со нов, сè уште ...

Amazon Web Services – AWS, еден од неколкуте најпознати и масовно користени „сервери“, во текот на денешниот ден имаше сериозни проблеми поради што недостапни беа повеќе сервиси низ светот. Големи се шансите дека и корисниците во Македонија користат некој од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, неколку часа, а тие ги вклучуваат такви како Signal, Snapchat, Facebook, Prime Video, Ring, Fortnite, Perplexity и други, меѓу кои и ...

Некои научници сега разгледуваат една интригантна можност – ако постојат вонземјани, нивната технологија може да e само маргинално подобра од нашата, а откако некое време го истражувале своето космичко соседство, едноставно им здодеало и престанале да се грижат, што го отежнува нивното откривање, пренесува Гардијан. Сценариото, опишано во нов труд од д-р Роберт Корбет, сега објавен на серверот арИксив, го прифаќа принципот на „радикална ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
70%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.49
86%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1014
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
89%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
67%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Бакар

10.76

Сребро

1837.41

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Паладиум

45879.12