Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Професорите Светлана Мојсов и Карлос Кениг се меѓу добитниците на Кралската награда „Фајсал“ што се доделува во Саудиска Арабија. Лауреатите беа соопштени деновиве во метрополата Ријад. Мојсов е добитничка на Кралската награда за медицина за 2026 година, за нејзините револуционерни откритија кои го менуваат начинот на лекување на дебелината. Кениг е прогласен за добитник на наградата за наука во областа на математиката, за неговиот придонес ...
Она што астрономите во 17 век го сметале за нова ѕвезда, денес претставува една од највредните „лаборатории“ за проучување на супернови во Млечниот Пат. Повеќе од четири столетија откако засветлела на небото, Кеплеровата супернова и понатаму открива како изгледа експлозивната смрт на една ѕвезда од релативна близина. Во 1604 година астрономите забележале појава на исклучително светол небесен објект. Подоцна било утврдено дека станува збор за ...
Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост. Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на десктоп ...
Во нов развој на големата истрага на УСКОК, Обвинителството во Загреб поднесе обвинение против 24 хрватски државјани, обвинети за формирање организирана криминална група која нелегално дистрибуирала телевизиски и филмски содржини преку интернет. Според истрагата, групата заработила најмалку 915.514 евра за речиси пет години активност, од јануари 2020 до ноември 2024 година. Организаторите, како што тврди обвинението, не само што ги ...
Apple наводно планира првиот iPhone со главна камера од 200 MP во 2028 година. Извештајот открива кога пристигнува и кој го произведува сензорот. Apple конечно би можел да ја достигне Android конкуренцијата кога станува збор за екстремно висока резолуција на главната камера. Според најновиот извештај, компанијата планира во 2028 година да го претстави првиот iPhone опремен со главна камера од дури 200 мегапиксели. Во Android светот, ...
Microsoft полека, но сигурно го трансформира својот прелистувач Edge во нешто што сè повеќе личи на Copilot, нивниот популарен AI асистент. Во најновите тест верзии на Edge, компанијата експериментира со целосно редизајниран кориснички интерфејс кој директно влече инспирација од дизајн јазикот на Copilot апликацијата. Новиот изглед вклучува позаблени агли, усогласени бои и фонтови кои потсетуваат на Copilot. Промените се видливи на неколку ...
Компанијата на Илон Маск „Екс еј-ај“ (XAI) ја ограничи алатката за генерирање слики на четботот Грок (Grok) само на претплатени корисници на социјалната платформа X, откако алатката предизвика осуди за генерирање на слики на разголени жени и деца. Од Грок им соопштија на корисниците на X дека генерирањето и уредувањето слики се достапни само за претплатени корисиници. Тие функции првично беа воведени на X бесплатно, со дневни ограничувања. ...
IfSunSets e уште една survival RPG авантура, овојпат развиенa од јужнокорејското студио Polymorph Studios. На почетокот, малиот тим од тројца вработени имале работено само на визуелни ефекти, без претходно искуство во програмирање. Денес, една година по влегувањето во раниот пристап на Steam, тимот брои петнаесет членови. По над 80 ажурирања и 75% позитивни рецензии, се чини дека играта на почетничкото студио е на добар пат. Но, дали е ова ...
Серијалот “Samsung Tech Forum“ продолжува на “CES 2026“ со лидери од индустријата кои се собираат за да ја истражат еволуцијата на стримингот Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) го одржа панелот “’FAST’ Напред: Како новите стриминг модели ја обликуваат следната генерација на ТВ“ (орг. “FAST Forward: How New Streaming Models Are Shaping the Next Generation of TV“) како дел од својата серија панели „Tech Forum“ на „CES ...
Ако сте активни во групите за програмирање на друштвените мрежи тогаш веројатно го препознавате Никола Ѓоргиев. Никола е активен, и често се појавува со одговори или совети, активен е и под псевдонимот Смајли, а на форумот на ИТ.МК како „niki_hack“. Можеби се сеќавате и на неговите YouTube туторијали за React ReactJS, HTML и CSS, JavaScript или Unity на неговиот јутуб канал Smiley Tech MKD. Овој пат, Никола го има можеби и најголемиот проект ...
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку филтрите не работат Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите. ТИТАН УСЈЕ не влијае ...
Компанијата „Шаоми“ пушти во употреба супер фабрика за паметни домашни апарати во која автоматски се произведува клима уред на секои 6,5 секунди. Клучната карактеристика на фабриката е нејзиниот концепт на производство со исклучување на светлата. Работилниците за леење под притисок и обработка на лим се целосно автоматизирани и не бараат осветлување, бидејќи работат само машини. Наведената точност на производството достигнува +/- 0,05 мм. ...
Honor Magic8 Pro беше претставен во Кина во октомври, потоа во ноември се појави во други делови од Азија, а сега и официјално пристигна во Европа. Magic8 Pro веќе може да се купи во Велика Британија по цена од 1.099 фунти и тоа во боите Sunrise Gold, Sky Cyan и црна, а ќе го нудат Amazon, Argos, EE, Virgin Media O2, Vodafone, Three, Tesco Mobile, Currys, Very и John Lewis. Достапен во една мемориска конфигурација со 12 GB RAM и 512 GB ...
Ова не важи за главните Office апликации како што се Word, Excel или PowerPoint. Microsoft продолжува со транзицијата кон cloud решенија и објавува дека ќе ја прекине бесплатната Office десктоп апликација Sway за Windows 10 и Windows 11. Оваа апликација ќе биде повлечена во јуни 2026 година, по што само веб-верзијата ќе остане достапна за корисниците. Sway е дизајниран за креирање интерактивни презентации, извештаи и дигитални приказни, а ...
Завршната сесија од серијалот “Tech Forum CES 2026“ на Самсунг (Samsung) ја истакна човечката страна на технологијата со водечки дизајнери Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја одржа завршната сесија од својата серија “Tech Forum CES 2026“, со наслов „Човечката страна на технологијата: Дизајнирање на иднина вредна за живеење“ (орг. “The Human Side of Tech: Designing a Future Worth Living“), во просторот на “Прв ...
Благодарение на лесната рамка и прилагодливите носни перничиња, овие AR очила би требало да бидат прилично удобни за повеќето корисници Кинескиот бренд под капата на TCL, RayNeo го искористи годинашниот CES 2026 за да ги донесе AR очилата Air 4 Pro на глобалната сцена. Станува збор за AR очила кои минатата година беа претставени во Кина, а се истакнуваат како први AR очила во светот со поддршка за HDR10. Имено, RayNeo Air 4 Pro се опремени со ...
Ретка природна супстанција со антиканцерогени својства конечно е создадена во лабораториски услови, што отвора нови можности за развој на терапии, особено за деца со агресивни тумори на мозокот. Соединението, кое за првпат било издвоено пред повеќе од половина век, досега било достапно само во минимални количини. Вертицилин А – молекула добиена од габи со потенцијал да се бори против ракот – сега е успешно синтетизирана, овозможувајќи детално ...
„Skyscanner“ ја откри најевтината дестинација до која патниците ќе можат да летаат во 2026 година, а на врвот на листата се наоѓа град до кој просечната цена на повратен билет во текот на годината е само 105 фунти. За оние што планираат патување во февруари, достапни се и понуди веќе од 44 фунти за повратен лет. Лион, сместен на југоистокот од Франција во живописниот регион „Auvergne-Rhône-Alpes“, често останува занемарен како дестинација ...
Gmail го добива најголемиот AI апдејт во историјата: пристигнува „Gemini ерата“ што го претвора inbox во паметен асистент кој одговара наместо вас и го филтрира хаосот од мејлови Google најавува нова ера на Gmail сандачето во која класичниот мејл клиент станува личен, проактивен AI асистент базиран на моделот Gemini 3. Повеќе од 3 милијарди корисници ќе добијат напредни AI опции што автоматски сумираат разговори, пишуваат одговори и ги ...
На саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, Невада, музиката оваа година не била само нешто што се слуша – била и нешто што може да се вкуси. Имено, компанијата „Lollipop Star“ претставила јадлива иновација: лижавче што свири додека го лижете или гризете. Лижавчето вклучува песни од изведувачи како Ајс Спајс и Ејкон, а звукот се пренесува со помош на технологија на коскена спроводливост, директно преку лижавчето до слушателот. ...
ПРЕКУ паметни уреди и масовната комуникација, до безжичен пренос на енергија и општествени промени, неговите идеи продолжуваат да воодушевуваат со својата предвидливост. Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век, не беше само пронаоѓач, туку и неверојатно прецизен визионер. Уште во првите децении од минатиот век, во своите предавања и интервјуа, Тесла предвиде бројни иновации кои денес го обликуваат нашето секојдневие. Од паметни ...
Зима е, што значи дека квалитетот на воздухот повторно е една актуелна тема за разговор. Со оглед на тоа што квалитетот на воздухот ниту во лето не е нешто со што можеме да се пофалиме, актуелноста на темата не изненадува никого. За жал, во отсуство на системски мерки, граѓаните мора да се надеваат на природата. Платформата Hylosense има нова алатка која предвидува кога ќе се створат услови за прекин на температурната инверзија, и со тоа, на ...
Наодите, објавени во вторникот се дел од проектот за ДНК „Леонардо да Винчи“ (ЛДВП), глобална истражувачка иницијатива започната во 2014 година. Користејќи неинвазивни техники на бришење, истражувачите собрале биолошки материјал од цртежот со црвена креда познат како „Светото дете“ и од писма од 15 век напишани од машки роднина на семејството на Леонардо, според списанието Сајенс. Генетската анализа се фокусираше на Y (ипсилон) хромозомот, ...
Legion Pro Rollable Concept е иновативен гејминг лаптоп со OLED екран кој се развлекува хоризонтално, овозможувајќи премин од стандардни 16 инчи во ултраширок формат до 24 инчи. На годинашниот CES 2026 саем во Лас Вегас, Lenovo привлече големо внимание со уред кој би можел да го редефинира дизајнот на гејминг лаптопите. Legion Pro Rollable Concept покажува како следната генерација лаптопи би можела да ги надмине физичките ограничувања на ...
Познатиот „Ice universe“, кој најчесто објавува точни неофицијални информации, тврди дека iPhone 18 Pro нема да дојде со „динамичниот остров“, како неколкуте претходни модели. Ова оди во правец и на повеќе претходни најави дека Apple ќе почне да ги поставува барем дел од сензорите под екранот. Според информациите, Face ID сензорите ќе бидат поставени под екранот, конечно, па ќе остане да се гледа само „селфи“ камерата, за која изгледа сѐ уште ...
Раководството на Samsung за Визуелни Дисплеи (Visual Display) овозможи подетален увид во правецот на компанијата во однос на иновации во телевизорите во 2026 година и понатаму Компанијата Samsung Electronics одржа Visual Display (VD) Deep Dive сесија на CES 2026. Предводена од Ес-Ви Јонг (SW Yong), Претседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во Samsung Electronics, сесијата се одржа во “The Wynn Las Vegas“ и нагласи како ...
Poco ја објави новата M8 5G серија, која ги вклучува моделите Poco M8 и Poco M8 Pro. Најновите телефони од M серијата се опремени со Snapdragon процесори. Poco M8 го придвижува Snapdragon 6 Gen 3 процесор, во комбинација со до 8 GB LPDDR4X RAM и 512 GB UFS 2.2 внатрешна меморија. Работи на оперативниот систем HyperOS 2 базиран на Android 15 и нуди бројни AI функции како Google Gemini, Circle to Search и други. Поседува 6,77-инчен AMOLED екран ...
Екстравагантната новонајавена игра со пирати Sea of Remnants e направена од кинескиот гејминг когломерат Нетиз што има разигран хумор како во серијалот The Monkey Island, пловење со брод подобро од Black Flag која Ubisoft ја рециклира со римејк, сличен вајб како Skull and Bones, загатки како во Tomb Raider и атмосфера како серијалот Twinsen’s Odyssey. Ликовите за Луѓето се изделкани од дрво како кукли -референца за Пинокио и во подконтекст за ...
Американците шокирани: 90% од сирењата содржат лабораториски ензим од Pfizer – а тоа дури не мора да се наведе на етикетата Милиони Американци останаа запрепастени по откривањето дека огромното мнозинство сирења што ги консумираат содржат лабораториски произведена состојка развиена од Pfizer – а според регулативите, тоа не мора ни да биде наведено на пакувањето. Оваа состојка, позната како ферментациски произведен химозин (FPC), е генетски ...
Spotify им овозможи на своите корисници во реално време, во рамки на секцијата Messages, да им покажуваат на пријателите што слушаат. Оваа нова функција се вика Listening activity и потребно е да се вклучи рачно, бидејќи стандардно е исклучена. Доколку во моментот не слушате музика активно, наместо тоа ќе се прикажува последната песна што сте ја слушале. Ова е видливо само за пријателите и семејството со кои веќе сте поврзани во секцијата ...