Второлигашот Кожуф од Гевгелија е посилен со Лука Трајкоски за пролетниот дел од сезоната, откако во финишот на преодниот рок двете страни се договорија за соработка, ексклузивно дознава Спортска Мрежа. Крилниот играч во Гевгелија пристигна од редовите на прилепска Победа кој е негов матичен клуб, а низ неговата кариера има настапувано и за Македонија ЃП, Тиквеш, Борец, Вардар и Детонит Плачковица. Тренерот Иван Варадиновски добива проверено ...

Второлигашот Каменица Саса се засили со Кристијан Чурлинов и Аљмир Цаколи. Двајцата веќе стапија потписи на договори со тимот од Македонска Каменица. 24-годишниот Чурлинов доаѓа од редовите на Шкендија Арачиново, а тој е всушност повратник во тимот од Македонска Каменица, а низ неговата кариера има настапувано за Тетекс, Силекс, Скопје, Работнички, Брегалница и Вардар од каде и ја започна кариерата. Цаколи, кој има 22 години, исто така доаѓа ...