Новите американски царински давачки повеќе на индиректен отколку директен начин ќе ја погодат македонската економија, велат економските аналитичари. Најпогодени од царините од 33% за извозот во САД ќе бидат услугите кон американски компании и оние фирми кои се дел автомобилската индустрија. Со одлуката на американскиот претседател Доналд Трампза зголемување на царините на 33 отсто за увоз на македонски производи во САД, и македонските производи ...
Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и очекувам многу скоро убава вест за македонските граѓани и македонската економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали и како зголемените даноци од САД ќе влијаат на македонската економија. -Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи. -На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека Владата и институциите на САД се во постојана ...
Високите увозни царини кој во средата ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за глобалната економија во време кога растот е бавен, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Според Георгиева, важно да се избегнат чекори кои можат дополнително да и наштетат на глобалната економија и апелираше до САД и нивните трговски партнери да работат конструктивно за намалување на ...
Широко опфатните царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за светската економија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. – Сѐ уште ја проценуваме макроекономската импликација на овие мерки, но тие очигледно претставуваат сериозна закана за глобалните економски перспективи во време кога растот е слаб, изјави Георгиева. Таа додаде дека е клучно да се ...
Директните ефекти од воведените царини од САД кон Северна Македонија ќе бидат многу мали. Ефектите ќе бидат индиректни и негативни, но нема да се почувствуваат веднаш, покажува анализата на „Finance Think“. - Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1.4%, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе бидат ...