Вечерва (30 октомври) од 20 часот, на фестивалот на античка драма „Стоби“ на сцената на Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Калигула“, во продукција на Кумановски театар. Претставата е работена по текст на Албер Ками, а е во режија на Ѓорѓи Ризевски. „Калигула од претставата е слободен човек, уметник, кој се бори и твори во името на слободата. Удира со главата во ѕид и го руши. Не го прифаќа секојдневието во животот и војува за промени. ...

Вечерва од 20 часот во Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Нешто големо“ на „Академија Италијана“ од Лече, дел од програмата на 22. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Претставата е мјузикл и стендап комедија на италијански јазик. На сцената се шестмина актери кои ја изведуваат преработката на песната „Qualcosa di Grande“. Таа раскажува приказна за потребата цела една генерација да биде сослушана. „Наративот дека ‘работите беа ...

Велес, 30 октомври 2025 (МИА) – Со претставата „Агаменон кругот на крвта“ на La MaMa Theatre New York и Titania Produktions од Атина, синоќа на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ свечено беше отворено овогодинешното 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2025“. Претставата по концепт, адаптација режија и изведба на Рафика Чавише беше наградена со долг аплауз од публиката. Вечерва во 20 часот ...

Вечерва во 20 часот, на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“. Фестивалот го отвора претставата „Агамемнон – кругот на крвта“ на „NEW YORK La MaMa Experimental Theatre Club“ од САД, во концепт, адаптација и режија на Рефика Чавише, која игра и една од главните улоги. По светската премиера во Њујорк и настапот во ...

Во велешкиот театарот „Ј.Х.К Џинот“ денес свечено беше отворен вториот фестивал на сатирата „Џинот“, во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Градската библиотека „Гоце Делчев“ и со поддршка од Општина Велес. Фестивалот е посветен на големиот просветител, книжевник и сатиричар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, зачетник на македонското просветителство и духовен симбол на градот. Фестивалот го отвори претседателката на Клубот на ...