Сега веќе е и официјално. Од денеска Работнички има нов тренер, а тоа е Баже Јанакиевски, како што „СпортСпорт“ најави пред неколку дена. Ова значи дека некогашниот гигант во мак – фудбалот со младиот стратег ќе се обиде следната сезона да има успешни настапи во ВМФЛ со цел експресно да се врати во елитата. Инаку Јанакиевски е најпознат по тоа што во два мандата го водеше успешно Башкими. Од денеска Работнички и ги стартуваше подготовки за ...
Второлигашот Работнички денеска означи старт на подготовките за новата сезона, во која главна цел ќе биде враќњае во прволигашката конкуренција. „Романтичарите“ во новата сезона ќе бидат предводени од Баже Јанакиевски, кој е назначен за нов шеф на струката на тимот. Јанакиевски последно го водеше Башкими, а сега ќе има цел да го врати Работнички на старите прволигашки патеки. Што се однесува до екипата, таа ќе биде целосно реновирана. Во ...
Работнички ќе го гледаме во Втората македонска лига во натпреварувачката 2026/2027, предизвик во кој ќе тргне со нов тренер во името на Баже Јанакиевски. Јанакиевски е познат по одличната епизода која ја имаше во тимот на Башкими, тим кој успеа да го врати во ПМФЛ, иста цел која сега ќе ја има со популарните „романтичари“. -Баже Јанакиевски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој денеска означи старт на подготовките за новата сезона, а ...
Фудбалскиот клуб Работнички објави дека нов шеф на стручниот штаб на екипата е Баже Јанакиевски. Тој денеска означи старт на подготовките за новата сезона, а на располагање ќе има речиси комплетно реновиран тим кој ќе се обиде низ второлигашката сцена да се врати во елитата. Јанакиевски претходно го водеше фудбалскиот клуб Башкими од Куманово. Беше и на клупата на Локомотива, а беше асистент тренер во Работнички и Македонија ЃП. Својот прв ...

