Израел, по извештаите за смртта на иранскиот врховен водач ајатолах Али Хамнеи, продолжи да бомбардира локации во Иран на вториот ден од масовниот заеднички напад на Тел Авив и Вашингтон врз Исламската Република. Рано в недела немаше информации за понатамошни американски воздушни напади, откако претседателот Доналд Трамп ден порано изјави дека Вашингтон започнал „големи борбени операции“ против Иран, во еден од најголемите западни напади врз ...

Израел лансираше нови напади врз Техеран и Бејрут, а Иран објави дека уништил американска воена база во Бахреин, додека Доналд Трамп предупреди дека САД имаат доволно оружје за долга војна. Четири дена откако Израел и САД заеднички го нападнаа Иран, конфликтот ескалира и не се гледа негова разврска. „Израелските одбранбени сили спроведуваат истовремени напади врз воени цели во Техеран и Бејрут. Во тек е бран опсежни воздушни напади“, изјави ...

Израелската војска соопшти дека започнала големи истовремени воздушни напади врз цели во Техеран и Бејрут, објави Анадолија. Во соопштението, војската соопшти дека израелските воздухопловни сили извршиле координирани напади врз локации поврзани со иранската администрација во Техеран и позиции што му припаѓаат на Хезболах во либанскиот главен град. Објавата следеше по израелските воздушни напади рано наутро во понеделникот врз јужните ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени убиениот ајатолах Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“. – Секој лидер назначен од иранскиот режим да го предводи планот за уништување на Израел, закана кон САД, слободниот свет и земјите од регионот и угнетување на иранскиот народ ќе биде недвосмислена цел за елиминација, рече Кац во соопштението, објавено од ...

Експлозии го потресоа либанскиот главен град, а Израел соопшти дека започнува нов бран напади врз Иран преку ноќ, додека војната што го зафати Блискиот Исток продолжува. Адмиралот Бред Купер, кој командува со американските воени сили на Блискиот Исток, во видео порака рече дека досега во Иран се погодени „речиси 2.000 цели“. „Сериозно ја ослабнавме воздушната одбрана на Иран и уништивме стотици ирански балистички ракети, лансери и беспилотни ...