Денеска и официјално ќе биде означен стартот на новот, 54. издание на традиционалниот Струшки турнир, со што овој езерски град повторно ќе се најде во фокусот на вниманието на домашната јавност. Стружани по неколкуте години во кои едвај врзуваа крај со крај, летово конечно успеаја да состават солиден буџет и квалитетен тим, па претстојните дуели со екипи од самиот врв на мак-ракометот ќе бидат добра можност за домаќинот да ги тестира ...

Еден од најстарите и најпрепознатливи спортски настани во земјава, Меѓународниот ракометен турнир „Струга“, продолжува и ова лето. Од 12 до 15 август, Струга повторно ќе живее со духот на ракометот, традицијата и спортската енергија. Македонски Телеком, како долгогодишен партнер на македонскиот ракомет, ја продолжува својата поддршка на турнирот и оваа година, а настаните ќе може да се следат во живо. Во среда започнува 54. издание на ...

Струга од денеска повторно станува епицентарот на македонскиот ракомет. Со пресметката меѓу двократниот европски шампион Вардар и екипата на РК Прилеп (од 18:30 часот), официјално започнува 54. издание на еден од најстарите и најтрадиционалните ракометни турнири во регионот. За сите оние кои во моментов го минуваат својот одмор во Струга или во соседниот Охрид, ова е совршена можност да ја спојат летната релаксација со врвен спорт. ...