Се остава време граѓаните кои работеле во странство и кои треба да платат данок на доход да можат да обезбедат докази дека за нив е платен данокот од компаниите во кои што работеле. Ова го изјави директорката на Управата за јавни приходи Елена Петревска, која рече дека ваквиот договор е постигнат во петокот на средбата со нив. Од 1.100 граѓани кои што работеле во Авганистан и Ирак околу 200 имаат поднесено докази, но што со оние кои не можат ...

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство ќе треба да достават докази до УЈП дека данокот таму им е платен. Потоа УЈП ќе одлучува дали потврдите ќе им бидат прифатени, или ќе треба да доплатат. Проблемот е што дел од компаниите кои ангажирале работници, веќе се згаснати, па обезбедување докази за платен данок во 2020-та, не можат да обезбедат. - Околу 70% од лицата кои бевме ангажирани да работиме во Авганситан и Ирак, може да обезбедиме ...

По серијата реакции од граѓани кои работеле во Ирак и Авганистан и добиле даночни решенија, Управата за јавни приходи излезе со став дека не станува збор за „ретроактивно оданочување“, туку за обврска што одамна постои во законот за данок на личен доход. Директорката Елена Петрова тврди дека проблемот кај многумина не е во обврската, туку во практиката: по неколку години, дел од луѓето тешко доаѓаат до потврди дека данокот веќе им бил платен ...

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денеска повтори дека оданочувањето на граѓаните кои оствариле доходи работејќи во странство е обврска предвидена со Законот за данок на личен доход и не станува збор за воведување нови, ретроактивни давачки. По средбата во Сојузот на стопански комори, таа истакна дека оваа законска одредба е на сила уште од 2020 година. Главниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните во ...