Цените на нафтата паднаа кон 65 долари на меѓународните пазари во понеделникoт, бидејќи најавата за нормализација на испораките од Казахстан ги надмина нарушувањата во производството во САД поради арктичката бура. На лондонскиот пазар, попладнево со барелот се тргуваше за 36 центи по пониска цена отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмциа, на 65,52 долари. На американскиот пазар, пак, барелот беше поевтин за 44 центи и ...

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да се зголемуваат, што значи дека горивата ќе поскапуваат и кај нас и во светот. Според најновите информации, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат раст, што веќе го отсликува и Регулаторната комисија за енергетика во одлуката за зголемување на малопродажните цени на бензин и дизел во Република Северна Македонија. Причините за растот на цените се поврзани со ...

Цените на нафтата денеска паднаа поради влијанието на комбинацијаџта од геополитички и трговски фактори, како и ризици поврзани со понудата. Така, цената на нафтата Брент беше околу 66 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) околу 61 долар за барел, објави Trading Economics. Тензиите на Блискиот Исток остануваат во фокусот по распоредувањето на ударна група на американски носач на авиони, што ...

Цените на нафтата се искачија на 68 долари на меѓународните пазари во средата, додека инвеститорите се обидуваа да проценат дали зголемувањето на американските сили на Блискиот исток може да биде претходница на воен напад врз Иран. На лондонскиот пазар, со барелот попладнево се тргуваше по цена од 44 центи повисока од вчерашната цена на затворање од 68,01 долари. На американскиот пазар, пак, барелот беше за 51 цент поскап од вчера и чинеше ...

Цените на нафтата денес се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци, по обновените закани од САД против Иран. Така, цената на нафтата Брент беше околу 68 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) беше околу 63 долари за барел, објави Trading Economics. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Техеран за можни напади, предизвикувајќи загриженост за потенцијални прекини во снабдувањето со ...

Цените на нафтата тргнаа нагоре на 29 јануари, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно го засили притисокот кон Техеран, предупредувајќи дека „времето истекува“ за договор што би гарантирал дека Иран нема да развие нуклеарно оружје. Пазарите ја прочитаа пораката како нов геополитички ризик во регион кој е клучен за глобалните испораки на енергенси, па „ризичната премија“ повторно се врати во цената. Според информациите, Трамп ...

На лондонскиот пазар, барелот порасна за 1,90 долари во однос на вчерашното затворање и се тргуваше по 70,30 долари. На американскиот пазар, цената на барелот беше повисока за 1,78 долари и достигна 64,99 долари. Трговците посочуваат дека оваа недела дополнителна загриженост предизвика заострената реторика на САД кон Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот му порача на Техеран дека е „крајно време“ да се постигне договор за ...