Д -р Харалампие Шокаровски – Хари, спец. Анестезиолог-реаниматор, Началник на одделот за интензивна нега во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија ” Св. Еразмо” Охрид. Роденденот за мене претставува една ретроспектива кон минатото, а воедно и поглед и надеж кон иднината. Ги сакам родендените, ме развеселуваат, ги будат најубавите чувства во мене иако изразени во броеви говорат за возраста, сепак јас сум еден од оние кај кои во ...
Наташа Доковска, новинар и програмски директор на Новинари за човекови права. Благодарност до ПУБЛИЦИТЕТ што не пропуштате ниту еден мој роденден… И оваа година денес ќе си посакам и догодина во исто друштво и во ист број да го прославам роденденот.. Посакувам сите да бидеме здрави и насмеани, а јас да продолжам да го крстарам светот без Ковид пасоши… И за овој роденден ќе дувам свеќички, а ќерками и сопругот ќе ми пеат Happy birthday… ...
Митре Мангоски Радождански е дипломиран правник, поет и полициски службеник од Радожда кој живее во Охрид. 01.11.1969 год. е мојот најубав ден кога по божја промисла сум го започнал овоземниот живот. Денешниот ден ќе го поминам работно, додека во вечерните часови со моето семејство ќе наздравиме со македонско црвено вино и торта.Со секоја година велат човекот станува помудар, бидејќи животот е големо школо, живот исполнет со секакви убавини, ...
Васко Паскали, директор на ЈУ НП „Галичица“ – Охрид. Секој роденден за мене е посебен ден. Секако овој е можеби мојот најчуден, поради кризава со короната која сите не ограничува. Дел од овој ден ќе го поминам работно а вечерта ќе ми биде резервирана за моите најблиски. Парче торта и чаша пијалак и секако споделена радост со сопругата и децата. Да помине епидемијата и од неа да излеземе без последици тоа е мојата роденденска желба. ...
Вили Котовски – поп и рок пејач од Охрид , живее во Саратов – Русија. Драги мои ви благодарам на честа и вниманието и тоа што не ме заборавате иако сум далеку од Охрид. Денеска за мене е посебен ден славам 60 години исполнети со подеми и падови и премногу љубов кон рок и поп музиката која и овде не ја заборавам. Роденденот како ден ќе помине во убаво расположение и враќање во минатото и со поглед кон иднината нови песни и настапи. Поздрав од ...

