Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе се сретне од 02:00 часот по средноевропско време со селекцијата на САД во осминафиналето на Светското првенство. Един Џеко и неговиот тим, иако не влегуваат во овој дуел како фаворити, ќе имаат можност да го продолжат својот поход на Светското првенство и да напишат нови страници во историјата, а токму тоа го верува најпознатиот инфлуенсер во Србија и регионот, Богдан Илиќ, попознат како ...

Kапитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко се обрати на медиумите пред натпреварот од 1/16 финалето со САД. Уште на почетокот, тој истакна дека не е сигурен дали ова е најголемиот натпревар во историјата на националниот тим. „Во однос на Светското првенство, тоа е сигурно најголемиот бидејќи за првпат сме во нокаут фазата. Ова е нешто ново за тимот, особено за овие млади играчи и, на крајот на краиштата, за мене. Сите зборуваат за БиХ и ...

Един Џеко му правеше друштво на Сергеј Барабрез на официјалната прес-конференција која ја одржа Босна и Херцеговина пред натпреварот со Америка, натпревар кој добива дополнително на жар поради провокативните изјави кои доаѓаат од САД. Американските медиуми и експерти целосно ја потценуваат балканската земја и во мислите веќе се во осминафиналето, а бидејќи такви најави пристигнуваа и од Италија пред фамозното бараж финале, јасно е дека ова ќе ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина против домаќинот САД го очекува својот натпревар во осминафиналето на Светското првенство 2026. Пред дуелот кој се игра престојнава ноќ, од 02 часот, јавноста на Балканот, а секако пред се во БиХ, беше вчудоневидена од ароганцијата на новинарката на Еј-би-си, Абигејл Велез. „Репрезентацијата на САД ќе игра против Босна и Херцеговина следната среда. Знам едно за Босна – дека не знам ниту да ја ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, порача дека репрезентацијата има причина да биде горда и покрај елиминацијата од Светското првенство, откако неговата селекција загуби со 2:0 од САД во шеснаесетфиналето. Четириесетгодишниот напаѓач, кој го напушти теренот во 51. минута поради повреда, истакна дека неговиот тим дал сè од себе. „Немам некој посебен коментар. Дадовме сè од себе. За жал, одиме дома, но без разлика на сè, треба да ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го заврши учеството на Светското првенство откако со 2:0 загуби од кодомаќините Соединетите Американски Држави во шестнаестинафиналето. Избраниците на Сергеј Барбарез не успеаја сериозно да го загрозат фаворизираниот ривал, кој ги контролираше настаните на теренот и заслужено си заработи место меѓу шестнаесетте најдобри екипи. Американците од самиот почеток имаа поголем посед на топката, но Босна и ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство, откако во Сан Франциско загуби од домаќинот САД со 2:0. Американците имаа иницијатива во поголемиот дел од натпреварот и успеаја да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Балогун ја затресе мрежата за водство од 1:0. Во вториот дел истиот играч доби директен црвен картон во 64. минута по груб старт, оставајќи ги САД со десетмина на теренот. Сепак, ...