Охрид, 28. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Ефтимиј Новиот. Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски ...
Охрид, 30. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква денеска го одбележува поменот на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести, и како што тој дар го ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври. Денеска е Св. пророк Осиј. Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави. Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без ...
Охрид, 29. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Светиот маченик Лонгин. Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври. Денеска е Св. маченик Лонгин. Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога Евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, Евреите го наклеветија пред Пилат ...

