Кривичниот суд определи притвор за шест лица осомничени во случајот со нелегален увоз и употреба на ботокс и филери, на четворица им е изречен куќен притвор, а деветмина добија мерки за претпазливост. Според истражните органи, дел од осомничените се лекари вработени во јавни здравствени установи, како и сопственици на приватни ординации. Станува збор за организирана мрежа која е под истрага поради сомнение дека шверцувала нерегистрирани ...
Основниот кривичен суд во Скопје соопшти дека во истрагата за нелегални естетски операции за вкупно 19 осомничени се определени мерки за обезбедување, а 6-мина од нив добиле притвор. -Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, обвинителството, по сослушување на осомничените, за 2 лица го преиначи предлогот со барање за мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го прифати, а другиот го одби и определи мерки на претпазливост, ...
Повеќе профили на социјалните мрежи кои нудеа естетски зафати со филери и ботокс, а поврзани со осомничени во македонската акција против криминалната група се затворени откако лекарите кои ги раководеа тие профили добија мерки за обезбедување или притвор од скопскиот кривичен суд. Некои од понудувачите на илегални естетски зафати биле директно поврзани со српски клиники за разубавување од кои земале и купувале филери за измазнување на кожата ...

