Ана . Д. Божиновска од Куманово. Дипломиран професор по македонски јазик и компаративна книжевност. Поет во душа и слободно време. Реалистите веруваат дека роденденот значи една година повеќе . Песимистите тврдат дека се само разлог за прослава . Оптимистите во роденденот гледаат можност за нов почеток , за нив рорендените се како лична Нова година . Во една прилика прочитав многу инспиративна реченица ; “Изговорите се лага со која се лажеме ...

Емилија Карафилоска, лектор и професор по македонски јазик и литература. Роденденот е едно блажено деноноќие кога не се грижите што има на масата или како е декорирана тортата, туку сте под окупација на многуте подароци. Но, како што одминуваат годините, на масата се поставени спомените по некоја кетеринг-шема, а најголемиот подарок се неколкуте чифт-очи кои го гледаат детето внатре во вас со љубов која гори повеќе и од свеќичката. Секогаш ...

Јована Куциноска – одделенски наставник во О. У. ” Братство Единство”. Секој роденден го доживувам како нов почеток, ново раѓање и можност за нови предизвици и успеси. Роденденот е број што го означува почетокот на нечиј живот, а каков ќе биде тој, зависи од изборите што ги правиме во текот на истиот. Иако мојата бројка се зголемува, духот ми е се’ уште млад. Роденденот ќе го прославам само со членовите на најтесното семејство, кој што се ...

Сашо Донев, дипломиран политколог од Охрид. Ситуацијата во која ненадејно се затекнавме без наша вина налага внимателност и одговорност. Да ја победиме епидемијата со придржување кон мерките, одржување на дистанца и избегнување на собирања и прослави. Оваа година сите ќе се воздржиме од собирања и празнувања со цел наредната година да се вратиме на нормалниот живот и славењето на убавите моменти. Ви посакувам добро здравје вас и на вашите ...

Никола Баткоски, туристички водич од Охрид. Да, точно денес е мојот ден, мојот роденден. Околностите не дозволуваат никакво опуштање и големи прослави. Моето доаѓање на свет ќе го прославам во кругот на најблиските. Веќе една година поради пандемијава ние турситичките работници – водичи сме надвор од колосек, но надежта не ме напушта. Се надевам дека оваа состојба, на радост на сите за брзо ќе се смири и пак ќе го гледаме нашиот Охрид полн со ...

Димче Донески, професор по македонски јазик, поет, текстописец, колумнист и фотограф. Вработен во ООУ „Ванчо Николески“, раководител на подрачното училиште во Косел „Овој роденден ќе ми биде еден од најубавите. За првпат, среде моите најблиски, роденденски гостин ќе ми биде мојот прв внук, мојот цар Давид, мојата душа и јас за првпат ќе славам како дедо. Сигурен сум дека за секого внуците се најмили, та затоа и мојата радост ќе биде најголема ...

Зоран Велјаноски, од Охрид доктор специјалист по радиодијагностика со 30 год работно искуство од кои 20 во ЈЗУ Специјална болница за ортопедиJа трауматологија Св Еразмо Охрид а последните 10 години во ПЗУ Дијагностицки центар – Охрид , каде и се’ уште работам како началник на одделот за Магнетна резонанца. Ете, годинава роденденот ми се падна во работен ден и најпрво ќе го одбележам на работа заедно со колегите и соработниците. Но, од ...

Полка Карајанова, Скопје. Да, денес ми е роденден и убав ден. Постојано му се радувам на секој ден од животот и посебно сега во годината која остана зад нас во време на пандемија, кога како луѓе се отуѓивме еден од друг за жал. Мојата креативност и дух не давам да ми паднат. И натаму бев блиску до природата и фотографирав, речиси се’ околу мене . Најмногу цвеќињата. Верувајте, се радувам што пред нас е пролетта која би требало да ни овозможи ...

Билјана Ставрева, дипломиран економист од Охрид, вработена во Стопанска банка АД Скопје. Денес е важно да се радуваш на секој ден , а посебно на родендените! Секако поминати во кругот на најблиските, со семејството. Со желби за здравје, радост, сплотеност и љубов. За година поубава од секоја претходна, за нови успеси и среќа на секое поле. Со порака до сите , да шират љубов и позитивна енергија и секое добро со добро да се врака! Благодарност ...