Најголемиот спортски настан на планетата штотуку започна, а тимот од страницата „U penjanju“ ги откри прогнозите на српските тениски ѕвезди за големото финале, кое ќе се игра на 19 јули. Апсолутен хит е прогнозата на Новак Ѓоковиќ, која предвидува сосема неочекувано финале: „Финале Португалија – Мексико, Португалија победува со 2:0 или 2:1“. Додека Ноле верува во Португалците, Миомир Кецмановиќ очекува Аргентина да го одбрани светскиот трон. ...

„Карлсберг“ (Carlsberg) подготвува ИПО на својот бизнис во Индија, кое би можело да собере 700 милиони долари. На прв поглед, оваа приказна не изгледа спектакуларно како ИПО-то на „Спејс екс“ (SpaceX). Но кога таа бројка ќе се стави во поширок контекст, станува јасно дека пазарната капитализација на матичниот „Карлсберг“ изнесува околу 18 милијарди долари. Тоа значи дека индиското ИПО вреди само околу четири отсто од целата компанија, што ...

Хакерска група поврзана со Иран тврди дека пробила во системот за беспилотни летала на Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и се заканила дека ќе го нападне Светското првенство во фудбал, кое започнува оваа недела, соопшти во петокот група која ги следи екстремистичките групи. SITE Intelligence Group, организација која ги следи активностите на екстремистичките и хакерските групи, објави соопштение од групата Хандала во кое се наведува дека ...

Поранешниот српски фудбалер и аналитичар, Раде Богдановиќ кој е познат по своите директни и безкомпромисни ставови сега зборуваше за Португалија и Кристијано Роналдо за кого истакна дека воопшто не треба да биде дел од Светското првенство. „За фудбалот е срамота што Роналдо настапува на Светско првенство. Делува како играч кој едвај се движи по теренот“, изјави Богдановиќ. Според него, статусот на Роналдо во репрезентацијата се должи ...

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ за првпат се појави на Светското првенство во улога на телевизиски аналитичар, а веќе на своето деби успеа да привлече големо внимание. Поранешниот напаѓач на бројни европски великани му се приклучи на тимот на „ФОКС Спортс“ за следење на Мундијалот, а за време на анализата на групната фаза посебно се осврна на Групата Л, која ја смета за една од најинтересните на турнирот. Говорејќи за ...

Хулен Лопетеги ќе го води Катар на актуелното светско првенство и ќе има многу тешка задача да ја одведе азиската репрезентација до следната мундијалска фаза. Шпанскиот стручњак ќе дебитира на СП на дуелот меѓу Катар и Швајцарија, натпревар на кој европскиот претставник е голем ривал, а на интересен начин го опишал чувството да се биде дел од еден мундијал. Лопетеги тоа требаше да го оствари уште во 2018 година, но беше отпуштен од Шпанската ...

Репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина го одиграа првото реми на Светското првенство. Мечот во Торонто заврши без победник, односно крајниот резултат беше 1-1. Ако некој треба да жали за победата, тоа е Босна и Херцеговина, бидејќи имаа водство од 21 до 78 минута. Босанците дојдоа во водство преку Јово Лукиќ во 21-вата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по еден корнер. Канада статистички беше подобар ...