Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека, како што објави специјалниот пратеник за Западна Азија, Стив Виткоф, официјално започна нова фаза од мировниот план од 20 точки за Газа. Трамп објави дека откако е воспоставен прекинот на огнот, неговиот тим помогнал во испораката на она што тој го нарече „рекордни количини хуманитарна помош за Газа“, која стигнала до цивилите „со историска брзина и обем“, со ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на втората фаза од планот за примирје во Газа, со цел обновување на разурнатата територија и поширока стабилизација на Блискиот Исток. Според најавите, новата фаза предвидува формирање преоден палестински управен комитет, разоружување на Хамас и почеток на реконструкцијата. Иако планот со 20 точки е одобрен од Советот за безбедност на ОН и предвидува демилитаризирана ...

Американскиот претседател Трамп го формираше „Одборот на мирот“ за Газа, официјално започнувајќи ја втората фаза од мировниот план за демилитаризација и обнова со меѓународни и арапски претставници. Хамас рече дека „топката е кај медијаторите“, Израел бара целосно разоружување, а Трамп предупреди на последици доколку Хамас не се согласи. Американскиот претседател Трамп го формираше „Одборот на мирот“ за Газа, официјално започнувајќи ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа. „Како претседател на Советот за мир, ја поддржувам новоназначената палестинска технократска влада: Националниот комитет за управување со Газа, поддржан од високиот претставник на Советот, да управува со Газа за време на преодниот период“, напиша Трамп во објава на Truth Social. „Овие палестински лидери се непоколебливо ...

Во војната меѓу терористичката организација Хамас и Израел во Појасот Газа од 10 октомври минатата година важи примирје. Тоа е и понатаму кревко. Но сепак, американската влада – преку чија посредништво дојде до прекин на поголемиот дел од борбите – ја започна втората фаза од мировниот план. Овој дел од планот за мир од 20 точки предвидува, меѓу другото, почеток на обновата во Газа и преодна управа. Спроведувањето на планот треба да го ...

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес објави дека објавувањето на составот на Извршниот комитет за Газа, тело подредено на Мировниот комитет, не било координирано со Израел и е спротивно на официјалната политика на израелската влада. Оваа реакција претставува редок јавен раскол меѓу Израел и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, според „Тајмс оф Израел“. Белата куќа претходно ги назначи ...

Во војната меѓу терористичката организација Хамас и Израел во Појасот Газа од 10 октомври минатата година важи примирје. Тоа е и понатаму кревко. Но сепак, американската влада – преку чија посредништво дојде до прекин на поголемиот дел од борбите – ја започна втората фаза од мировниот план. Овој дел од планот за мир од 20 точки предвидува, меѓу другото, почеток на обновата во Газа и преодна управа. Спроведувањето на планот треба да го ...

Израел се спротивстави на изборот на светски лидери предложен од Белата куќа за таканаречен „мировен комитет“ во Газа, тело кое привремено би го надгледувало управувањето и реконструкцијата на Појасот Газа. Белата куќа и други извори објавија серија назначувања и покани за телото во изминатите два дена, вклучувајќи ги турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, поранешниот британски премиер Тони Блер ...

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, лично го поканил да ја претставува Албанија во Мировниот совет за Газа, објави албанската новинска агенција АТА. Рама нагласи дека Мировниот совет е нова меѓународна организација замислена од претседателот Трамп, при што Албанија е поканета да биде една од земјите основачи, што е уште едно извонредно меѓународно достигнување кое би било ...

Познати се членовите и кој се ќе управува со Мировниот совет за Газа, кој треба да ја надгледува работата на палестинската технократска влада. Формирањето на оваа влада и Мировниот совет се дел од втората фаза од мировниот план на САД за окупираниот Појас Газа, дел од Палестина. Претседател на Советот ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп. Членови пак се бившиот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД, Марко Рубио, ...