Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12. јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија а во придружба на оркестарот на Националната опера на Македонија ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо сопран од Албанија и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од САД. Ова денеска на прес-конференција го најави директорот на НУ ...

Женската македонска репрезентација го освои првото место во својата група во рамки на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје. Избраничките на селекторката Даниела Новеска во дуелот од третото коло ја совладаа Словачка со убедливи 29:13, полувреме 11:7. На тој начин со три победи и без загубен бод македонската селекција го потврди првото место во групата. Утре е слободен ден на шампионатот, додека в недела македонскиот ...

Машката македонска репрезентација ја постигна и третата победа на исто толку натпревари на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје Нашата репрезентација постигна победа од 27:25, полувреме 15:10 во дуелот со Република Српска. На овој начин македонската селекција е на чекор до првото место во групата и пласманот во полуфиналето. По утрешниот слободен ден избраниците на селекторот Горан Кузманоски в недела од 12:30 часот ќе ...

На 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје С.Д.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р.(35) од Скопје. Исто така и Е.Р. пријави дека бил физички нападнат од С.Д., а употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 22.04.2026 во домот на подрачјето на општина ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. ...

Италија и Германија денеска застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран. – Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации. Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама”. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги ...

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, на денешниот неформален Самит на Европска Унија, што се одржува на Кипар, изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство, како што се бара од земјите од Западен Балкан. – Треба да се има исти аршини за сите. Ако земјите од Западен Балкан мораат да ги исполнат поединечните услови за влез тогаш мора да ги исполни и Украина. Тоа е став на поголемиот број лидери, бараме исти услови за сите ...

Државниот пазарен инспекторат денеска најави дека ќе врши засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива, во согласност со одлуките на Владата за ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство. – ДПИ ќе постапува по сите утврдени неправилности и ќе изрекува соодветни мерки и санкции согласно со законските надлежности. Апелираме до сите економски оператори во големопродажба и малопродажба да ...

Во Клиника Жан Митрев успешно беше изведена итна животоспасувачка операција кај новороденче старо само неколку дена, транспортирано од Косово со специјализиран неонатален транспорт, во инкубатор и на механичка вентилација, поради сериозна и ретка вродена срцева маана. Станува збор за d-TGA (транспозиција на големите артерии), комплексна срцева аномалија при која аортата и белодробната артерија се поставени на погрешни позиции уште во ...

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...

Во февруари годинава во однос на февруари лани потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10.3 проценти, информира Државниот завод за статистика. Во тој период намалена е потрошувачката на природен гас, за 16,5 проценти, како резултат на намалената активност на когенеративните постојки. Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 700 715 мегават часови електрична енергија, 32.945 милиони нормални кубни метри природен гас, ...

На 23.04.2026 околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача. Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми. Се работи на расчистување на случајот. ...

Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и на реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско – Јонскиот регион. Подобра инфраструктура значи силна економија, ...

Малолетник е повреден со остар предмет во основно училиште во Арачиново, по конфликт со свој соученик. Според информациите од СВР Скопје, ученикот бил донесен на лекување во ЈЗУ Св. Наум Охридски со повреда, по што било утврдено дека инцидентот се случил во училиштето. Според првичните сознанија, повредата му ја нанел негов соученик за време на престојот во училиштето во селото Арачиново. Засега не се познати точните околности под кои ...

Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува стратешка рамка за повторно активирање на проектот “Училишта на 21 век”. Тоа подразбира заеднички активности насочени кон унапредување на дигиталната трансформација, развој на дигиталните вештини и модернизација на македонскиот образовен систем. Проектот опфаќа подготовка на материјали за учење, работа на ...

Министерството за здравство информира дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем, велат од оваа институција за акцијата на МВР. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди, додаваат од таму, ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на ...

На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување”, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма” и „примање поткуп”. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно ...

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека за неа измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш кога се донесоа и сега, се неуставни и го поддржува предлогот на власта таа да биде укината од следните избори, но смета дека за укинувањето, исто како и кога се изгласа решението, треба да има дијалог. Сиљановска-Давкова исто така смета дека, освен пратениците, можност за двојно државјанство ...

Трагедијата во скопската населба Кисела Вода, каде што загина градежен работник, а четворица беа повредени откако ги затрупал насип од земја на градилиште, повторно ја отвори темата за безбедноста на работните места во Македонија. Последните статистички податоци покажуваат дека состојбата не се подобрува, туку напротив – бројот на несреќи, сериозни повреди и смртни случаи бележи раст. Според податоците за 2023 и 2024 година, во Македонија ...

На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување”, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма” и „примање поткуп”. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно ...

Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите. Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на ...

Соопштение на ВЛЕН: ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво. Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети. Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите ...

Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура во општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која одговараше на новинарски прашања во Штип по означувањето на почетокот на функционирање на Центарот за кибербезбедност во рамките на ...

Денес во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО. На официјално соопштување на оценката од страна на ...

На 23.04.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „рено клио” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(61) од с.Сарај, скопско, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(43) од Скопје и две паркирани возила, „шкода” со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата. Во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања за важноста на имунизацијата и се вакцинираат на терен на пропуштените деца. Акцијата ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на на XX Конференција на претседатели и спикери на Парламенти на земјите учеснички во Јадранско-јонската иницијатива, чиј домаќин е македонското Собрание во својство на претседавач на земјава со инцијативата за периодот 2025-2026. Сиљановска-Давкова истакна дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку интензивна соработка во ...

Соопштение за јавност на ГРОМ: Во изминативе 34 години, живееме во општество во кое главните политички партии буквално не окупираат со површни, популистички, дневни политики „купи ден – продај“ од најнизок тип. Таков еклатантен пример е предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за носење на закон со кој се забранува пратеник да има двојно државјанство. Секоја политика, секое законско решение, мора да произлегува од сериозна анализа, и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1016
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.04
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
64%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
80%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09