Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Ако сакаме да доживееме длабока старост, исхраната игра многу поголема улога отколку што често мислиме. Иако долговечноста не зависи од една намирница, експертите предупредуваат дека секојдневните навики во исхраната можат значително да го зголемат ризикот од хронични болести како срцеви заболувања, дијабетес и рак. Токму овие заболувања се меѓу главните причини за пократок животен век, па затоа лекарите советуваат одредени видови храна ...
Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог ...
На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ. Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, се повреди синоќа во победата на Барселона од 1:0 дома над Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера. Осумнаесетгодишниот Шпанец заработи пенал кон крајот на првото полувреме и самиот го реализираше. По пеналот, Јамал лежеше на теренот држејќи се за ногата. Потоа го напушти теренот и беше заменет. „ESPN“, повикувајќи се на извори, објавува дека прелиминарната дијагноза укажува на кинење на тетивата. ...
„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска. Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше ...
Два воза се судрија во Данска денеска, при што неколку лица беа повредени. Несреќата се случила во близина на Хилерод, северно од Копенхаген, потврдија локалните служби за итни случаи, објави Ројтерс. „Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната служба во поширокото подрачје на Копенхаген. „Има неколку повредени патници. Сите излегоа од возовите и никој не беше заробен. Голем број сили се испратени на местото ...
Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството, судот ја продолжил мерката за 30 дена. Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство во февруари годинава беше уапсен на ...
МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии со задоволство информира дека склучи патрон партнерство со Property One Group и TGG, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите членки во процесот на пронаоѓање, дизајнирање и опремување на деловни простори. Ова партнерство претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за раст и развој на ИКТ секторот, преку обезбедување интегрирани услуги кои ги ...
Изградбата на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија „Струмјани – Берово“ може да започне откако во Министерството за животна средина и водни ресурси се потпишани потребните еколошки процедури, пренесува БНР. – Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е веќе завршен, и тоа во пократок временски период од очекуваниот. Во меѓувреме, се координираат барањата за инфраструктурата на самиот премин во ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Од денес четврток 23 април 2026 до недела 26 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание настабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови да имаме сончево и стабилно време со појава на мала до умерена локална облачност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст па така особено топло преку ден ќе биде за време на викендот кога ...
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември, 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена ...
Друштвото за управување со амбалажен отпад Пакомак, како дел од транспарентното работење и во согласност со својата стратегија за подигање на еколошката свест, во март оваа година спроведе обемно истражување во рамки на државата со кое доби конкретни податоци за јавното мислење, свеста, навиките и постапувањето на отпадот од амбалажа кај граѓаните. Податоците добиени од истражувањето даваат увид кон интересни податоци: позитивниот тренд ...
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство, карактеристичен за демократиите. – Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен ...
Турскиот парламент во средата навечер усвои нов закон со кој се забранува користење на социјални мрежи за лица помлади од 15 години, јавуваат турските медиуми. Според новите правила, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, а дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат системи за проверка на возраста на корисниците. Законот предвидува и дополнителни мерки за заштита на малолетниците. ...
Белата куќа синоќа ги минимизираше извештаите за ирански напади врз комерцијални бродови во Ормускиот Теснец, тврдејќи дека медиумското известување ги преувеличува инцидентите. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за Фокс Њуз дека извештаите се „преувеличени“ и имаат за цел да ја дискредитираат изјавата на претседателот Доналд Трамп дека конвенционалната морнарица на Иран е „целосно уништена“. Таа додаде дека нападите не го ...
Соопштение на ВЛЕН: Додека другите шират паника, магла и дезинформации, ВЛЕН работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација. Посветеноста на Владата на ВЛЕН и заменик-министерот ...
Овен Денес ќе чувствувате силна потреба да се движите напред и да не губите време на непотребни разговори. Енергијата ви е висока, па ова е одличен ден за нови почетоци, деловни иницијативи и завршување на обврски што подолго време ги одложувате. На работа ќе бидете забележани поради вашата решителност. Во љубовта слободните Овни може да запознаат личност која веднаш ќе им го привлече вниманието, додека зафатените ќе имаат потреба од ...
Општина Центар е подготвена да ја преземе надлежноста за одржување на хигиената доколку Градот не ги извршува своите обврски, порача градоначалникот Горан Герасимовски во дебатата „Топ тема” на Телма ТВ. Тој посочи дека општината има капацитет и јасен план како самостојно да се справи со проблемот, особено во услови на влошена состојба со јавната хигиена. „Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената. ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само за финализирање на договорите за решавање на конфликтот. Путин е подготвен за средба со Зеленски, но разговорите треба да бидат продуктивни и да се одржат во фаза на „финализирање на договореното“, појасни Песков. „Клучно е која е целта на средбата. За што е средбата? Путин кажа дека е ...
Соопштение на Партија на пензионери: Партијата на пензионери, во потполност го поддржува влегувањето во собраниска процедура на Предлог Законот со кој би се забранило да пратениците во македонското Собрание поседуваат двојно државјанство, што е едно од нашите залагања како партија одсекогаш. Исто така бараме и ја подржуваме идејата да ова правило се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја. Со ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат: – од 4.30 до 15.30 часот корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош, – од 8.30 до 14 часот корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, – од 9 до 12 часот и корисниците од ...
Иранскиот национален тим подготвен за Мундијалот Иран потврди дека неговата фудбалска репрезентација е целосно подготвена за настап на Светското првенство во 2026 година, кое и заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохајерани, изјави за државниот емитер IRIB дека Министерството за спорт и млади ги презело сите неопходни чекори за учество на тимот. Според наводите што ги пренесува ...
Иранската револуционерна гарда заплени два трговски брода Иранската национална гарда го пресретна и заплени контејнерскиот брод “MSC Francesca”, како и бродот “Epaminondas”, додека пловеле низ стратешки важниот Ормуски Теснец. Иранските власти тврдат дека бродовите биле запленети поради „непочитување на поморските прописи“ и наводна поврзаност со Израел. Црногорски поморци меѓу екипажот Министерството за поморство на Црна Гора потврди ...
Голема афера во италијанскиот фудбал Италијанскиот фудбал е погоден од нова голема афера која предизвика огромно внимание во јавноста и низа шпекулации поради споменувањето на славни имиња од светот на спортот. Според пишувањата на водечките италијански медиуми, во центарот на случајот се наоѓа организирана мрежа која, под маската на луксузни настани, нудела ексклузивни услуги на имотни клиенти. Детали за истрагата Станува збор за настани ...
Регистриран е земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала во источниот дел на Турција. Потресот се случил во околината на гратчето Патнос, лоцирано во округот Агри, денеска, во 17:17 часот по локално време. Според информациите од турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), објавени преку агенцијата Анадолија, засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно во следните три дена да се одржи втор круг преговори помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Оваа информација доаѓа во период на засилени дипломатски активности со цел деескалација на тензиите меѓу двете земји. Дипломатско посредништво на Пакистан Според извештаите на „Њујорк Пост“, кои се повикуваат на неименувани извори од Пакистан, новата средба се очекува да се одржи во ...
Пресвртница во Брисел: Формирана работна група за пристапниот договор Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија донесоа одлука за формирање на посебна ад-хок работна група која ќе работи на изработка на Договорот за пристапување помеѓу ЕУ и Црна Гора. Ова е првпат по 12 години Унијата да покрене ваква процедура за нова земја-членка. Информацијата ја потврди Јохан Сатлер, амбасадор на ЕУ, истакнувајќи дека ова се одлични вести од ...
Иран соопшти дека денеска запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина. Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), извести за заплените и пренесе предупредување од морнарицата дека секое нарушување на безбедноста во Ормуската Теснина ќе се смета за преминување на „црвена линија“. Заплените бродови се „МСЦ Франческа“ (MSC ...
Тексас може да бара Десетте Божји заповеди да бидат истакнати во сите државни училишта. Ова е одлуката на федералниот апелационен суд во САД, која претставува значајна победа за конзервативците кои долго време се залагаат за поголемо присуство на религијата во образованието. Судската одлука и нејзиното значење Одлуката беше донесена со 9 наспроти 8 гласа од страна на Петтиот апелационен суд на САД. Според мнозинството судии во судот во Њу ...
Насилен упад во семеен дом во Максимир Рано утринава, околу 04:10 часот, во семејна куќа во загрепската населба Максимир се случил насилен упад. Според информациите од полицијата, тројца непознати мажи влегле во домот каде ги затекнале 65-годишниот сопственик, 62-годишна жена и еден малолетник. Текот на нападот Веднаш по влегувањето, напаѓачите физички го нападнале 65-годишниот маж, нанесувајќи му повреди со остар предмет. И покрај ...