Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Интегрален текст од честитката од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука Почитувани сограѓани Албанци, Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како ...
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните. АХВ укажува преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. – Доколку во регионите каде веќе има ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода”. Панелот посветен на енергетиката, привлече значително внимание поради нејзиниот директен и аргументиран пристап кон енергетската политика – тема која денес е клучна за секоја модерна држава Во своето обраќање, министерката Божиновска потенцираше дека од формирањето на Министерството во 2024 година, енергетскиот сектор ...
Денес, на 22 ноември 2025 година, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, присуствуваше на свечената седница организирана од Владата на Република Северна Македонија по повод Денот на Азбуката на албанскиот јазик. Ова е втора година по ред Владата на Република Северна Македонија да организира свечена седница во Владата на 22 ноември по повод годишнината од Денот на азбуката на албанскиот јазик. Во својот ...
Структура и организација на јавното обвинителство со посебен осврт на процесот на дигитализација и презентација на компјутерскиот систем беше тема на студиската посета на претставници на Јавното обвинителство на РСМ и на Советот на јавните обвинители во Република Полска од 17 до 20 ноември. Како дел од активностите за размена на знаењата и искуствата предвидени со Меморандумот за соработка меѓу полското и македонското Јавни обвинителства што ...
Мрежа за перење пари вредна милијарди долари, која оперирала на територијата на Обединетото Кралство, наводно купила контролен удел во една киргистанска банка со цел да се олесни избегнувањето на санкциите и да се поддржи руската војна во Украина, објави денеска Националната агенција за борба против криминалот (НАБК) на Велика Британија. Во ажурирање на меѓународната истрага за руските мрежи за перење пари, наречена „Операција ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во која предупреди дека земјата се наоѓа во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. „Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, ...
Боливискиот претседател Родриго Паз Переира го укина Министерството за правда, откако првично објави замена на неговиот шеф бидејќи беше откриено дека тој сокрил кривична пресуда. Паз Переира го повтори своето предизборно ветување дека ќе го укине Министерството пред новинарите, тврдејќи дека левицата, која беше на власт 20 години до неговата инаугурација на 8 ноември, го користела „за да ја прогонува опозицијата“. -Денеска го одржав зборот. ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило Мерцедес, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Како што информира Обвинителство, тој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот ...
ТИТАН УСЈЕ годинава го прославува својот 70-годишен јубилеј, обележувајќи седум децении од своите почетоци во 1955 година. Од своето основање, компанијата растеше паралелно со развојот на земјата, поддржувајќи изградба на домови, училишта, болници, патишта, мостови и друга суштинска инфраструктура која го обликува современото општество. Во текот на децениите, ТИТАН УСЈЕ инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модернизација и технолошки ...
Во третото тримесечје од 2025 година за 25,7 отсто е зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во однос на истото тримесечје од претходната година. При тоа, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25,7 отсто, во железничкиот за 8, а во воздухопловниот превоз за 14,2 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година, во патниот ...
Со сослушување на законскиот застапник на семејството на починатиот и со расправа околу предложените докази за казнена евиденција на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на ...
Дождовите присутни изминатите денови на дебарското сливно подрачје, го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“, во кое се влеваат реките Радика и Црн Дрим, со нивните притоки, што услови зголемување на нивото за два метра. -Котата на Дебарско Езеро пред водениот бран, односно на 17. месецов беше 562,48 метри, со вкупен дотек од 40 кубни метри во секунда. Котата сега е 564,55 метри. Вкупниот дотек од 128,50 кубни метри ...
Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска за „Скопје1“ потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски. Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, очекувајќи дека второстепениот суд ќе ја потврди ...
Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и ...
Соопштение на ВЛЕН: Денешната изјава на Арбeр Адеми за „неуспехот во владеењето на правото” јасно ја покажува исклученоста на ДУИ од реалноста. Неверојатно е да се слушне партија, чие половина раководство е на црната листа за корупција, да зборува за европски стандарди кога ДУИ е главната причина зошто со години земјата не напредувала ниту еден чекор во основните обврски од Кластерот I. ДУИ, која 20 години го претвори заробувањето на ...
Kазнено-поправната установа Идризово, најголемиот затвор во Северна Македонија, доби посебно детско катче наменето за младите посетители и семејствата на осудените лица. Катчето, кое се наоѓа во просторијата за посети, како безбедна и топла средина која се користи во текот на семејните посети, денеска беше отворено од претставниците на надлежните институции, Делегацијата на Европската Унија, како и на Советот на Европа. Во неговото обраќање, ...
Американската крајбрежна стража повеќе нема да ги класифицира свастиките како симболи на омраза, објави весникот „Вашингтон пост“, посочувајќи дека новата политика треба да стапи во сила следниот месец. Наместо тоа, амблемот од нацистичката ера ќе биде означен како „потенцијално поделбен“. Вршителот должност командантот на Крајбрежната стража, адмирал Кевин Ландај, во изјава цитирана од весникот, рече дека секое прикажување, користење или ...
Сеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма, што се ширела во бранови на повеќе од 20 километри во земјината кора на длабочина поголема од 10 километри под морското дно, покажува студијата на меѓународен истражувачки тим, објавена во списанието „Science“, која ја пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, ...
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дојде до излевање на Болнска и Источка река, што предизвика поплавување во селата Царев Двор и Дрмени. Над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште се погодени од водата. Поплави се евидентирани и кај селото Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 сантиметри. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, ЈП ...
Лидерот на ракометната Супер лига Вардар денеска го игра дуелот од 13.коло. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува битолски Еурофарм Пелистер 2. Секако „црвено-црните“ кои имаат максимален учинок во лигата се фаворити во дуелот. Почетокот на дуелот е во 18:30 часот. Утре на програмата се три натпревари: Алкалоид – Тиквеш, Пролет – Еурофарм Пелистер и Бутел – Радовиш, додека во недела се игра последниот натпревар од оваа рунда меѓу МРК Куманово и ...
Во Палатата на Бригадите во Тирана се одржува самитот на Планот за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, на кој присуствуваат лидерите на Западен Балкан и комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос. Премиерот Еди Рама во својот воведен говор рече дека регионот на Западен Балкан никогаш не доживеал реформи на ова ниво на трансформација со доделени 490 милиони евра што ги вклучуваат сите области. Рама рече дека регионот се стреми да расте ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...
Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. На четвртиот ден беа разгледани главно амандмани поднесени од пратениците на Европскиот фронт, а се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи и реконструкции на локални и регионални патишта. Ниту еден амандман не беше усвоен, што предизвика реакција кај пратеничката Арбана Пашоли: “Како пратеници ние сме ...
Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити пред се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите прозлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор. Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти. Кај автомобилските ...
Основното јавно обвинителство Кочани соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која на двајцата вработени во Управата за јавни приходи, осомничени за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс“, им беше определена мерка куќен притвор. Во писмениот одговор од обвинителството се наведува дека одлуката е примена и дека ќе биде искористено правото на жалба: „Јавното обвинителство ја прими одлуката за куќен притвор ...
Во Кочани почна со работа регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка на Црвениот крст. Министерот Азир Алиу го посети центарот каде информираше дека целта е да се продолжи со организирано обезбедување професионална психолошка помош, советување и поддршка за повредените од пожарот, нивните семејства и целата заедница. „Центарот за ментално здравје ќе биде место за доверлива и безбедна грижа, со акцент на справување со ...
За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана. Тоа, вели, е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена и нагласувајќи притоа дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. – Ова беше резултат на посветена ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека креираат матрица на човечки ресурси во здравството, според која, ќе се креираат сите политики од денеска па натаму, што ќе значи дека нема веќе да има отворање конкурс за специјализанти по градови, по желба на институцијата ако тоа не се вклопува со таа матрица на податоци за човечки капацитети. – Нашите податоци ќе бидат дел од анализите заедно со Министерството за образование и наука. ...
Средбата на деца со нивните осудени родители им овозможува на семејствата полесно да ја пребродат траумата додека нивниот член издржува казна затвор, смета Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во врска со отворањето на детското катче во Казнено-поправната установа Идризово. Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда денеска го промовираше катчето кое е наменето за средба на ...