Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Борбата за чист воздух не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати, туку преку поврзана мрежа која гради притисок и нуди конкретни решенија, заклучија учесниците на дискусијата „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина”, организирана од Зелената партија ДОМ во Скопје. Настанот ги поврза локалните зелени советници, независните кандидати и експертите за да се отвори системски дијалог за загадувањето и ...
По поплавите што ги зафатија преспанските села Царев Двор и Дрмени, Општина Ресен најави дека утре, доколку времето се стабилизира, ќе започне дезинфекција на улиците и јавните површини со хлор, со цел спречување на здравствени ризици. Како што изјави за МИА градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, намерата е преку дезинфекција да се отстранат потенцијалните проблеми. -Денеска продолжуваме со интензивно собирање, чистење и ...
Прес-конференција на Марија Митева портпарол на Владата: Дозволете најнапред да истакнам дека ова е мојата прва прес-конференција како портпарол на Владата, и искрено сум горда што денес можам да потврдам дека една од најзначајните мерки за младите, мерката за ваучери за електронски уреди за студентите се реализира одлично и согласно сите предвидени динамики. Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ...
Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. ” Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга ...
Во воведникот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Македонија ЃП со 2-1. Кратовскиот прволигаш дојде во водство во 15 минута со голот на Мирчевски, а Донов во 27 минута го зголеми водството на 2-0. Конечниот резултат го постигна Пецов во 32 минута. Силекс е четвртопласиран на табелата со 28 бодови, додека Македонија ЃП остана на осмото место со 14 бодови. Утре ...
Клубовите од Премиер лигата се согласија денеска да воведат ограничувања на трошоците од следната сезона. Трошоците на клубовите за трансфери и плати ќе бидат ограничени на 85 проценти од нивните фудбалски приходи и нето добивка или загуба од продажбата на играчи. Исто така, ќе има дополнителни 30 проценти, но доколку клубовите го надминат тоа ограничување – таканаречениот „црвен праг“, ќе се соочат со одземање бодови. Новите правила ќе ги ...
Женската македонска ракометна репрезентација од 4-8.декември ќе одигра три пријателски натпревари. Противнички на ракометарките ќе бидат селекциите на Турција, Словенија и на Словачка. Натпреварите ќе се играат во Анкара. Собирот на репрезентативките е на 28.ноември, а мини подготовките ќе се одржуваат во Кавадарци. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Ивана Џатевска, Ангела ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска датумите за одигрување на интерконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во 2026 година. Двете групи ќе се играат во Мексико, првата во Гвадалахара, а втората во Монтереј. Полуфиналињата се закажани за 26 март, додека финалните дуели ќе се играат пет денови подоцна. Во првата група, Демократска Република Конго во финалето за противник ќе го чека победникот од полуфиналето ...
Премиер лигата го објави денеска распоредот за сезоната 2026/2027, која ќе почне една недела подоцна од вообичаеното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Воведното коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, една недела подоцна од вообичаеното, а завршното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година. Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 ...
Фатима Бош од Мексико е крунисана за „Мис Универзум“, откако стана омилена кај публиката по прекорот од еден од организаторите на изборот за убавина на состанокот на почетокот на натпреварот. Изборот се одржа во Тајланд. Бош, инаку 25-годишна хуманитарка и волонтерка, беше крунисана од минатогодишната победничка Викторија Кјаeр Тејлвиг од Данска. Како второпласирана заврши Тајланѓанката Правинар Синг, додека меѓу првите пет беа и ...
Австралија ќе ја вклучи услугата на „Амазон“ за пренос во живо – „Твич“, во својата забрана за социјални мрежи за лица под 16 години од 10 декември, изјави австралискиот комесар за е-безбедност. Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки. „Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ ...
Индиски борбен авион Тејас (Tejas), од домашно производство, се урна денеска на аеромитинг во Дубаи при што загина пилотот, соопштија индиските воздухопловни сили (ИАФ). Ловецот летал на мала височина околу 14:15 часот по локално време пред да се урне и да експлодира. Снимка објавена од местото на настанот покажува црн чад како се крева зад оградената писта. – Формирана е истражна комисија за да се утврди причината за несреќата, соопшти ИАФ. ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина. „Новиот мировен план на Трамп би можел да биде основа за конечно решение во Украина“, рече Путин, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека Русија е подготвена за мировни преговори, но е задоволна и од моменталната динамика во Североисточниот воен округ, што води кон постигнување на целите со воени средства. „Го имаме овој текст. Го ...
Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата во ЕУ минатата година се зголемиле за 1,5 отсто на годишно ниво, што претставува речиси четирипати поголем раст во однос на 2023-та, кога стапката на ова зголемување беше 0,4 проценти. Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, најголем раст на трошоците лани европските домаќинства имале за „информации и комуникации“ и тоа за 5,7 отсто, по што следуваат издатоците за ...
Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Разговаравме со претседателот Зеленски. Разговаравме за моменталната ситуација и јасно наведуваме дека ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина“, изјавија Кошта и фон дер ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека неговата земја со нетрпение очекува да започне заедничка работа со САД и Европа на ниво на советници за развој на план за завршување на војната со Русија. „Се договоривме заедно со САД и Европа да работиме на ниво на советници за национална безбедност за да го пронајдеме патот кон вистински траен мир“, напиша Зеленски по ...
Гризли мечка нападна деца од основно училиште во канадската провинција Британска Колумбија на западниот брег, јавија локалните медиуми. Како што пренесува ДПА, во нападот, кој се случил вчера, сериозно се повредени неколку лица, од кои две се во критична состојба, јави Канадиен прес (Canadian Press). Новинската агенција се повика на итните служби во заедницата Бела Кула (Bella Coola), околу 700 километри северозападно од Ванкувер. – ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше по телефон со американскиот лидер Доналд Трамп за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА. Петнаесет-минутниот разговор се одржа во „дух на доверба и пријателство“, изјави портпаролот Стефан Корнелиус. „Следните чекори“ беа договорени во однос на координацијата меѓу советниците, додаде функционерот. Американскиот план, кој беше објавен претходно оваа недела, би можел да ја принуди Украина да ...
Двајца рудари загинаа при уривање на тунел во рудник за јаглен во северозападна Шпанија, објави ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми. Уште едно лице е пријавено како исчезнато во инцидентот во шпанскиот автономен регион Астурија, но подоцна беше објавено дека успеало да избега од уривањето. Еден од тунелите во рудникот се урна на околу километар и половина од влезот. Причината за уривањето сè уште не е позната. Според синдикатите, ...
Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно патувале во главниот град на Босна за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 90-тите години. Последната недела обвинителите во Милано почнале истрага насочена кон идентификација на ...
Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот квадрат станбен простор е продаден за 9.805 евра на локацијата „Белград на вода“, додека најскапото гаражно место – исто така на „Савски венац“ – чини 66.000 евра, речиси како цена на стан во некои делови од земјата. Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата што го поврзуваат со таканареченото снајперски сафари за време на опсадата на Сараево во 1990-те, нарекувајќи ги тврдењата „лаги“ насочени кон негово прикажување како „чудовиште“ и „ладнокрвен убиец“. „Никогаш не сум убил никого, никогаш не сум ранил никого, ниту сум направил нешто такво“, изјави Вучиќ за новинарите на маргините од регионалната бизнис конференција Велика ...
Хрватска е погодена од првиот сериозен студен бран во ноември, а со него дојде и снег што паѓа во неколку региони. Најзастапен е во Лика и Горски Котар, но паѓа и во низините. Се создаваат и проблеми со сообраќајот, каде на одредени делници голем број на автомобили (најверојатно со летни гуми) останаа заглавени на патот. Според синопричарите и денес времето во Хрватска ќе биде облачно, ветровито и релативно студено. На Јадранското Море ќе ...
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и против сопственикот и поранешното одговорно лице М.С. од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ по член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ по член 257 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот М.С. во периодот од 01.10.2019 до 31.08.2021 година ...
Млада девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Битола – Граничен премин Меџитлија. – На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од ...
Основното јавно обвинителство во Штип го информираше PortalinX дека во случајот на физичкото насилство меѓу малолетници, објавен пред неколку дена, три од децата вклучени во нападот се под 14-годишна возраст и според законот не можат да сносат кривична одговорност. „Три од децата вклучени во физичкото насилство се под 14 години и според законот не можат да сносат кривична одговорност. За нив ќе се донесе решение за отфрлање на кривичната ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во нашата Македонија а можна е и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. ...
По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност. Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите. Не треба да ...
Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде повторно одекна „победничкото ѕвонче“ – симболот на успешно завршена борба со тешка болест. Овојпат, ѕвончето го заѕвони храбриот Дамјан, кој по долг и тежок период на лекување ја извојува својата најважна победа. Од Клиниката соопштија дека Дамјан ја поминал и ја освоил битката со огромна храброст и издржливост, а медицинскиот тим упати искрени честитки за неговото ...