Повеќе од 500 навивачи на Штутгарт се приведени по масовна тепачка со навивачи на Баерн пред Алијанц арената во Минхен, пред неделниот натпревар во кој домаќините со победа го обезбедија освојувањето на 35. титула шампион на Германија, изјави во понеделник портпаролот на полицијата, Кристијан Дрекслер. Околу 1000 навивачи учествувале во судирите, соопшти полицијата, додавајќи дека „се чинело дека инцидентот бил планиран“. Дрекслер изјави ...

Претседателот на Кина Си Џинпинг апелираше да се отвори за сообраќај Ормускиот теснец, во телефонски разговори со саудискиот претстолонаследник принцот Мохамед Бин Салмон. Си порача дека Пекинг го поддржува итниот и сеопфатен прекин на огнот и напорите за воспосатвување мир на Блискиот Исток, објави АП. Принцот Мохамед наведе дека Саудиска Арабија е посветена на решавањето на судирот преку дијалог и изрази надеж дека ескалацијат ана ...

Премиерот на Словенија, кој моментално е во технички мандат, Роберт Голоб призна дека неговата партија не успеала да формира влада, што би можело да го отвори патот за враќање на популистот Јанез Јанша, објавија словенечките медиуми. Либералното движење за слобода на Голоб победи на парламентарните избори минатиот месец со тесна разлика, освојувајќи 29 од 90-те места во словенечкиот парламент, но не успеа да обезбеди парламентарно ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и американската делегација на мировните преговори со Иран се на пат за Пакистан и се очекува да слетаат во рок од неколку часа. „Треба да водиме разговори. Значи, претпоставувам дека во овој момент никој не игра игри“, рече Трамп во изјава за „Њујорк пост“, отфрлајќи ги сомнежите дека преговорите ќе пропаднат. Тој потврди дека високата американска делегација — во која се вклучени Венс, специјалниот ...

Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел ја критикуваше Европската комисија и нејзината претседателка, Урсула фон дер Лајен, за обид да преземат повеќе моќ отколку што заслужуваат. Според него ЕК ги пречекорува своите овластувања и се обидува да ги преземе ингеренциите на Европскиот совет во одбраната, надворешното претставување и Службата за надворешни работи (ЕЕАС). – ЕК денес се обидува да ја преземе контролата. Тоа не е ...

Обнова на Газа ќе чини над 71 милијарда долари во следната деценија, покажува заедничка проценка на Европската унија и Обединетите нации, која предупредува на длабоки последици од повеќегодишниот конфликт врз населението и инфраструктурата на територијата. Во извештајот за проценка на штетите и потребите (RDNA), изработен во соработка со Светската банка, се наведува дека повеќе од две години војна довеле до „невиден губиток на животи и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран, по американската операција „Полноќен чекан“, ќе биде долг и тежок процес. Операцијата „Полноќен чекан“ беше целосно и тотално уништување на местата со нуклеарна прашина во Иран. Затоа, ископувањето ќе биде долг и тежок процес“, напиша претседателот на социјалната мрежа Truth. Операцијата „Полноќен чекан“ е кодното име за операцијата ...

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат. Како што ...

На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според ...

– На 17.04.2026 на улица „Народна револуција” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(21) од кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал мотоцикл „џонвеј” со кумановски регистарски ознаки пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. – По ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и изрази надеж дека формирањето на стабилна влада предводена од Румен Радев ќе отвори простор за изнаоѓање решение за билатералниот спор. Според неа, досегашната нестабилност во Софија и честите промени на владите биле отежнувачка околност за градење на односите меѓу двете земји. Претседателката истакна дека иако со Радев, како поранешен ...

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена. Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки. Таа ја истакна ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес, 20 април, во касарната „Илинден” во Скопје, се сретнаа со амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер со кого разговараа за инвестициите во Армијата, исполнувањето на НАТО-целите на способности и зацврстувањето на колективната одбрана на Алијансата. На средбата, министерот Мисајловски истакна дека македонскиот ...

ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. ...

Во дворот на претседателскиот Кабинет денеска се одржа спортски настан, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а со поддршка на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Настанот е дел од поширока и далекусежна иницијатива чија цел е да се развие, имплементира и евалуира национален модел за промоција на физичката активност, здравите навики и менталното здравје кај децата од 6 до 14 години. Деца од ...

Министерот за здравство Азир Алиу, кадар на ВЛЕН, потврди дека во последниот период нема комуникација со својот колега, вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, образложувајќи дека тој не присуствува на седниците на Владата. Алиу нагласи дека отсуството на Фетаи не е поврзано со здравствени причини. Во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето дали комуницира со Фетаи, Алиу одговори: ...

СДСМ вечерва го одбележа 35-от роденден со свечена седница на Централниот одбор, на која присуствуваа актуелни и поранешни партиски функционери, меѓу кои и Зоран Заев, Владо Бучковски и поранешниот генерален секретар Миле Зечевиќ. Во обраќањето по повод јубилејот, претседателот на партијата Венко Филипче истакна дека 35 години од формирањето не се само повод за славење, туку и повик за нова, чесна и одлучна борба за праведна Македонија. – ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот ...

Во Итната медицинска помоша во Кавадарци, две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, ...

Водич за паметно купување свежо месо Купувањето месо во супермаркетите на прв поглед изгледа едноставно, но разликата помеѓу свеж и застарен производ не е секогаш очигледна. Иако декларациите се корисни, многу знаци може да се забележат визуелно или преку мирисот по отворањето на пакувањето. Разбирањето на овие детали може да ви помогне да избегнете месо со слаб квалитет или производ кој предолго стоел на полиците. Боја и изглед на месото ...

Владата на САД ја обнови дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на веб-страницата на Министерството за финансии. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руска нафта и нафтени производи натоварени на танкери до 17 април можат да се купат до 16 мај, се вели во документот. ...

Албанската полиција започна истрага откако добила информации дека криминална мрежа фалсификувала документи за да им се обезбедат бугарски пасоши на луѓе кои лажно се прикажуваат како жители на административната единица Острен. Истражувањето, проследено со посебни истражни методи, траело околу еден месец со цел разбивање на групата. Како резултат на преземените активности, полицијата, под раководство на Обвинителството во Дибра, успешно ја ...

ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти. Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денар по литар, додека единствено екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – ...

На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза. Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за ...

Денес во кампот за обука „Пепелиште“, со свечена церемонија беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО. ...

Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати”, истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на ...

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани. При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

Управата за извршување на санкции најави значително унапредување на работниот ангажман на осудените лица во казнено-поправната установа во Струмица. Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма. Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа активност доаѓа како ...

Во саботата во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, попозната уште меѓу граѓаните како „Партизан“, под покровителство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, и коорганизаторство на самата Општина, се одржа Европско првенство во кинеско борење – SHUAI JIAO2026 на кое учество освен од нашата држава, зедоа тимовите од Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, како и претставници од Унгарија и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.72
76%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
96%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
80%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.79
81%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
78%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9988

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52