Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Државите од регионот се соочуваат со нов бран лажни дојави за поставени експлозивни направи, што безбедносните експерти ги оценуваат како дел од координирана хибридна активност насочена кон дестабилизација и ширење паника меѓу граѓаните. Во текот на изминатите часови, голем број јавни институции, училишта, судови и трговски центри низ Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора примија заканувачки пораки за поставени бомби. Дојавите ...
Унијата на полициски службеници од Кукуш реагираше дека примената на новиот европски систем за влез/излез (ЕЕС) на граничните премини предизвикува сериозни метежи, долги редици и зголемена нервоза кај патниците. Од синдикатот посочуваат дека на граничните премини, меѓу кои и Евзони кон Северна Македонија, се создаваат „срамни сцени“ со долги чекања и отежнат проток на патници, при што најголем притисок трпат полициските службеници. Според ...
Протестот на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама синоќа во Тирана прерасна во насилни судири пред седиштето на владата, откако демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехника, а полицијата одговори со водени топови. Според извештаите, има повредени и приведени. Протестот го организираше Демократската партија на Албанија, со поддршка од други опозициски партии, а главното барање беше оставка од премиерот Еди Рама. ...
Попладнево избувна пожар на површините околу паркингот под Калето во Скопје, при што огнената стихија брзо се проширила и зафатила три паркирани автомобили. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според првичните информации, пламените јазици се доближиле до возилата на паркингот, кој во моментот бил речиси целосно исполнет. Благодарение на брзата и навремена интервенција на скопските пожарникари, ...
Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл” часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е ...
На 17.04.2026 во 16:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети Николе едно машко лице починало, откако претходно му се слошило во објектот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот ...
Намалени се цените на нафтата за 13% денес. Американските акции пак пораснаа откако Иран информираше дека е отворен теснецот. Американскиот индекс S&P порасна за 1,4 проценти, а Волстрит забележа добивки трета недела по ред, индустрискиот просек Дау Џонс доби 2,2 проценти утрово, а Насдак беше повисок за 1,6 проценти. Американските акции пораснаа за повеќе од 12 проценти откако го достигнаа дното кон крајот на март, со надеж дека ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најавува масовен работнички протест на 1 мај, со кој годинава ќе се одбележи Меѓународниот ден на трудот. Под мотото „Се бориме за зголемување на платите, а не се молиме“, синдикатот ги повикува граѓаните да се приклучат на протестот што ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом. Главното барање останува исто – зголемување на минималната плата, но и раст на сите останати примања во согласност со ...
Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка. На средбата беше нагласено дека Народната банка ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО Помина 60 дена од почеток на кризата на Блискиот Исток а Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Помина и Велигден, иако Мицкоски најавуваше после празниците нови мерки, повторно излажа, наместо мерки продолжија поскапувањата. Се случи тоа што предупредувавме, дека цените на нафтата и ако се намалат, цените во маркетите, продавниците и ...
Општина Делчево воведува радикална новина во системот за заштита на природата – редовни контроли со дронови на терен. Оваа мерка е насочена кон превенција и рано откривање на потенцијални шумски пожари, со што значително ќе се подигне нивото на јавна безбедност и заштита на животната средина. Активностите се спроведуваат преку Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, по насоки на Општинскиот штаб за заштита и спасување. ...
Во рамките на процесот на опремување на Армијата извршен е прием на опрема за лична балистичка заштита (шлемови) и теренски чизми. Шлемовите се дизајнирани да понудат максимална балистичка заштита и овозможуваат компатибилност со дополнителна опрема за работа во ноќни услови. Новите шлемови се набавени во рамките на процесот за модернизација на Армијата. Новопримените чизми се изработени според највисоките стандарди и обезбедуваат ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша. Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија. Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да ...
Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61% на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра. Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата. Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, ...
Пишува:Јове КЕКЕНОВСКИ Кривичната пријава на СДСМ против Христијан Мицкоски за изјава сведена на „имам чувство“ е пример како политиката се обидува да глуми право. Во кривичното право не постојат кривични дела засновани на перцепции, туку на конкретни дејствија, намера и докажливи последици. Формулацијата „имам чувство“ по дефиниција е субјективна: не претставува наредба, не содржи закана и нема правно релевантен ефект. Како таква, таа ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Прогностичките материјали, односно прогностичкиот модел (ECMWF) Европски центар за Среднорочна прогноза повторно ни црта дека веќе од вторник 21 април 2026 во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот и Европа повторно ќе ни се спушти значително поладен воздух од север кој ќе ги спушти температурите на воздухот дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега и тие во ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целоснo отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а ...
Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity” (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, министерот истакна дека поврзаноста денес претставува клучен елемент за економската отпорност, регионалната стабилност и ...
На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство. Претседателката се заблагодари за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство ...
Жител на скопската населба Ново Лисиче попладнево бил нападнат од глутница улични кучиња, кои го искасале и му нанеле повреди. View this post on Instagram A post shared by 24 info (@24info.mk) Инцидентот се случил во близина на трговскиот центар ТЦ Лиса, според објава споделена во фејсбук-групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“. Според сведоци, граѓани кои се нашле на местото веднаш повикале Итна медицинска помош, по што ...
Цената на суровата нафта тип „Брент“ денеска се движи околу 88–89 американски долари за барел, откако на светските пазари беше забележан остар пад од околу 10 до 12 проценти во однос на претходните нивоа. Според податоците од пазарите, тековната цена се движи во распон од приближно 88,89 до 89,05 долари за барел, по период во кој нафтата претходно надмина 98 долари. Падот следува по веста дека Иран го прогласил Ормускиот теснец за ...
Професорот Ненад Марковиќ оцени дека Македонија не смее да чека и мора проактивно да делува во процесот на евроинтеграциите, особено ако се земат предвид можните најнеповолни сценарија во регионот и Европа. Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, Марковиќ беше прашан дали, ако Албанија влезе пред нас во Европска Унија, постојат шанси да ѝ стави вето на Македонија. Тој посочи дека кај дел од етничките Македонци постои ...
На 26 април се најавува силно астролошко влијание – Уран влегува во знакот Близнаци, отворајќи период на трансформации, ослободување и нови почетоци. Иако ефектите ќе се почувствуваат кај сите, четири хороскопски знаци ќе бидат најдиректно засегнати од овие енергии. Близнаци За Близнаците започнува период на расчистување со старите навики, односи и ситуации што ги кочат. Ќе се јави силна потреба за промена, но важно е одлуките да не се ...
Професорот Ненад Марковиќ во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4tv.mk оцени дека Македонија не смее да живее во уверување дека времето работи во нејзина корист кога станува збор за европските интеграции. Според него, земјата повторно влегува во опасна замка ако смета дека процесите ќе се решат сами од себе, додека соседните држави напредуваат кон членство во Европска Унија. „Илузијата дека времето работи за нас е погрешна. Ако ...
Професорот Ненад Марковиќ, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, предупреди дека младите во Македонија сè повеќе се изложени на радикални пораки кои лесно го привлекуваат нивното внимание, додека умерените вредности и балансираниот јавен дискурс сè потешко стигнуваат до новите генерации. Според Марковиќ, кај младите денес доминира чувство на разочараност, идентитетска несигурност и недоверба во системот. Тој оцени дека тоа ...
ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес, жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер. Од таму посочуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја нагласува потребата изборот на раководните позиции, директор и заменик-директор, во Македонската радио-телевизија (МРТ) да се спроведе низ транспарентен, инклузивен и кредибилен процес, со јасен фокус на квалитетот на кандидатите и заштитата на јавниот интерес. Имајќи предвид дека рокот за оваа постапка истече на 15 април, сметаме дека е од особена важност целиот понатамошен тек на ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство” го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со ...
Во израелски напад врз јужниот либански крајбрежен град Тир загинаа најмалку 13 луѓе. Нападот е извршен кратко време пред стапи во сила 10-дневното примирје помеѓу Израел и Либан, соопшти либанската Цивилна одбрана. При нападот погодени се четири згради во центарот на Тир. – Досега пронајдовме 13 тела и веруваме дека повеќе од 20 лица сè уште се заробени под урнатините. Повеќе од 35 лица се повредени, а операциите за пребарување и ...
Иран информираше дека Ормускиот теснец е „целосно отворен“ сè додека трае прекинот на огнот во Либан. „Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период на прекин на огнот“, пишува министерот за надворешни работи Абас Арагчи на X. Иран информираше дека Ормускиот теснец е „целосно отворен“ сè додека трае прекинот на огнот во ...