Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Струмица има нова причина за гордост. Младата и исклучително талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното меѓународно музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, оставајќи силен впечаток со својот моќен вокал, сценски настап и длабоко емоционална интерпретација. Во конкуренција со учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се издвои и да стигне до самиот врв на натпреварувањето, освојувајќи високи оценки од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне ...
Соопштение а јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е цел на јавен линч и постојаната црна кампања со лаги и измислици од еден центар – ВМРО. По неуспешните акции со Дубаи, зграда од 42 спрата, Венеција, Сент Морис, обидите за рушење на СДСМ одвнатре, неуспешните акции со квислингот Десппотовски во координација со Геро и Талеска, позната по врските со Латас, преку спонзорирани објави од Алта банка, отидоа дотаму што го ...
Соопштение за јавност на Левица: Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс” во Кочани поднел приватна кривична тужба против осум лица и други непознати лица од Кочани за оштетување на туѓи предмети. Во тужбата станува збор за оштетувањата на кафе барот „Класик”, исто така сопственост на Јованов, што настанаа на протестите на 17 март лани, еден ден по трагичниот настан со пожарот во дискошталата „Пулс” во ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче и Зоран Заев уште еднаш се разобличени пред јавноста. Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од позиција на министер за здравство, ги злоупотребиле институциите за сопствени лукративни причини и се обиделе да му ја одземат болницата на докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, според неговите сведоштва во интервју на национална телевизија. Заев и Филипче му се заканувале на ...
Овој јануари изминуваат точно 10 години откако Никола Груевски во 2016 година поднесе оставка од премиерската функција. Со неговото повлекување започна крајот на режимот кој 11 години ја уназадуваше земјата на секое поле. Заврши ерата на незапаметен криминал и корупција, грабеж на граѓаните, партизација на секоја пора на општеството, окупирано судство, медиуми, задушена слобода и демократија и изолација на земјата. Кога Македонија не беше ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на ладен бран од исток и од североисток на ден 19 Јануари 2026 Понеделник, Богојавление Водици во Македонија ќе имаме ладно време со појава на утрински мразеви кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени. Во Скопје и околината исто така наутро ќе има појава на мразеви и температура до околу -3/-4 ...
Пациент починал од грип на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Како што кажа директорот Фадил Цана, кај пациентот кој бил дојден од внатрешноста симптомите се развиле пред пет дена и бил поставен на механичка вентилација. – За жал, вчера во утринските часови на Инфективна клиника почина 69 годишен пациент кај кого беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Пациентот беше донесен во исклучително ...
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, ќе учествува на Лидерскиот состанок (Davos Leadership Gathering), кој ќе се одржи во Давос, во периодот од 19 до 22 јануари. Лидерскиот состанок во Давос ќе собере светски лидери, економисти, банкари и експерти од различни области, со цел дискусија за глобалните предизвици и меѓународните економски развои. Првиот ...
ЕСМ Снабдување информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија. За дополнителни информации, потрошувачите можат ...
На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија”. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари (скоро 1500 евра) кон примач во странство. Се преземаат мерки за ...
На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов” во Скопје, патничко возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) удрило во 48- годишната Р.Д., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е ...
Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија. По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна и ѝ на отсуството на двајцата ...
Ако секој хороскопски знак имаше свој цвет, кој би бил? Нежен или впечатлив, традиционален или ексцентричен, цвет што цвета постојано или само во својот момент? Астрологијата и симболиката на цветовите откриваат многу за личноста, енергијата и начинот на кој комуницираме со светот. Еве каков цвет одговара на вашиот знак: Овен – лале Силно, директно и прво што се забележува. Како и Овенот, лалето ја најавува пролетта, е енергично и полн со ...
Долга и густа коса не се добива со магични препарати, туку со правилна и постојана нега. Доколку ви се чини дека косата ви застанала во место, а краевите постојано се кршат, проблемот најчесто не е во бавниот раст, туку во губењето на должината. Со неколку промени во секојдневните навики, косата може да изгледа посилна, поздравa и побрзо да ја задржува должината што природно ја достигнува. Косата во просек расте околу еден сантиметар ...
Според астролошките анализи, одредени хороскопски знаци имаат посебна поддршка од планетите, што им носи поволни шанси за напредок, успех и финансиска стабилност. Кај нив, патот кон изобилството често се отвора полесно, како да имаат вродено чувство кога и каде да направат вистински чекор. Меѓу нив најчесто се издвојуваат Лавот, Вагата и Стрелецот. Лав Лавот е под силно влијание на Сонцето – симбол на лидерство, сила и самодоверба. Овие ...
Неуредниот дом не е знак на мрзеливост најчесто е одраз на замор, стрес или премногу обврски. Кога секојдневието нè преоптоварува, организацијата паѓа во втор план, а просторот околу нас почнува да го следи тој внатрешен хаос. Психолозите објаснуваат дека нередот дополнително го оптоварува мозокот. Голем број предмети постојано го „крадат“ вниманието, што ја намалува концентрацијата, ја зголемува раздразливоста и го отежнува чувството на ...
Во Словенија стапува на сила нов закон кој им овозможува на вработените кои се блиску до пензија да го скратат работното време. Поточно, вработените постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години стаж, ќе можат да изберат: да имаат слободен петок и со тоа да го продолжат викендот, или да работат шест часа на ден. Ова го потврди Министерството за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности за словенечките медиуми, а се ...
Марк-Андре тер Штеген најверојатно ќе ја напушти Барселона пред затворањето на преодниот рок, во потрага по поголема минутажа која му е неопходна за да остане во плановите на германската репрезентација пред Светското првенство во 2026 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека договорот за негова преселба во Џирона е во завршна фаза. Германскиот голман веќе ги прифатил личните услови, а останува двата клуба да ги усогласат финалните ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека најновите разузнавачки податоци укажуваат на подготовки за нов бран големи руски напади врз земјата. Тој посочи дека фокусот во моментов е ставен на зајакнување на воздушната одбрана и дека Украина интензивно комуницира со сојузниците за обезбедување дополнителни ракети и системи, бидејќи постојните резерви се недоволни. Зеленски нагласи дека е важно партнерите навреме да реагираат ...
Големи протести против амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд се очекуваат денес во неколку градови во Данска, вклучувајќи го и главниот град, како и во главниот град на Гренланд, Нуук. На социјалните мрежи, неколку илјади луѓе ја искажаа својата намера да учествуваат во протестите во Гренланд и во Данска, во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе, на иницијатива на неколку гренландски организации. „Целта е ...
Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија од „жолто“ на „портокалово“, по информациите на здравствените власти дека грипот се шири забрзано и дека се зголемува притисокот врз болниците. РМГ е група составена од претставници на белгиските здравствени власти одговорни за утврдување на мерките за заштита на јавното здравје. Според правилникот на РМГ, ...
Во Франција, за прв пат беше поднесен парламентарен предлог со кој се бара повлекување на земјата од НАТО, а иницијативата ја иницираше потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија Неосвоена Франција (LFI), Клеманс Гет. Резолуцијата бара раскинување со западниот воен сојуз и доаѓа во време на растечки сомнежи за улогата на САД и насоката на европската безбедносна политика, пишува „Берлинер Цајтунг“. Гет ...
Еквадор во петокот објави дека распоредил 10.000 војници во широко публицизирана операција против бандите за трговија со дрога, одговорни за порастот на насилството во земјата. Сместен помеѓу двата главни извозници на кокаин во светот, Колумбија и Перу, Еквадор стана главно појдовно пристаниште за дрога произведена во регионот и најнасилната земја во Латинска Америка поради бандите поврзани со мексиканските и колумбиските картели. За ...
За краток временски период, Гренланд од споредни вести се претвори во една од најважните теми во светските медиуми. Најзаслужен за ова е американскиот претседател Доналд Трамп, кој би сакал да го купи овој замрзнат остров или да го украде од Данците, во зависност од околностите. лиматските промени, новите поморски патишта, пристапот до критични суровини и безбедносната архитектура на НАТО го направија најголемиот остров во светот простор ...
Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за убиство откако наводно го застрелал својот татко откако тој му ја одзел неговата конзола за игри Nintendo Switch. Пукањето се случило на 13 јануари во семејната куќа во општина Данканон, објави „Гардијан“ . Полицијата била повикана во домот на семејството околу 3:20 часот наутро поради пријава за „маж во несвест“. По пристигнувањето, полицајците го пронашле 42-годишниот Даглас Диц мртов ...
Владата на Словенија потврди дека двајца офицери од словенечката армија ќе бидат испратени на Гренланд, кои би можеле да патуваат на островот во наредните денови. Седницата започна во петокот навечер и заврши денес во 10 часот наутро, јавува N1 . Вежба „Арктичка отпорност“ Офицерите, предводени од Данска, ќе учествуваат „во планирањето и спроведувањето на меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“. Вежбата се смета за европско ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прослави преименувањето на улица недалеку од неговиот приватен клуб во Палм Бич, Флорида, најновото дополнување на растечкиот број згради, програми и иницијативи што го носат неговото име. Законодавците на Флорида одобрија давање на почесно ново име на дел од Јужниот булевар, патот што го поврзува меѓународниот аеродром Палм Бич со Мар-а-Лаго, приватниот клуб и резиденција на Трамп. Патот често го ...
Земањето парацетамол за време на бременост – аналгетскиот и антипиретичен лек познат во САД како Тиленол – е безбедно, објави група европски истражувачи откако нејзините членови собраа мноштво научни податоци, одговарајќи на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата година за поврзаноста на лекот со развојот на аутизмот. Во текст објавен во саботата во британското стручно списание „ Лансет акушерство, гинекологија и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил ...