Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Според него, во последните години зборот одржливост е еден од најчесто употребуваните во светската економија. Но, одржливоста, како што рече, веќе не е само прашање на нова регулатива или екологија, туку суштинска промена во глобалната економија и модел кој создава сигурност Денес, не се успешни само компаниите што произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние што знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во ...
Од опозициската партија велат дека причината поради која премиерот и партијата со која раководи настојуваат да ја протнат оваа измена во Изборниот законик е бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со електронско гласање од надвор Социјалдемократскиот сојуз го оценува како уште една лага тврдењето на премиерот Мицкоски дека на минатонеделната собраниска ...
Шефот на литванската дипломатија Кестутис Будрис вели дека предложил ЕУ да одреди година за прием на нови членки. Тоа, според него, ќе биде уверување за земјите кандидатки, вклучувајќи ја и Македонија, дека Брисел нема да се предомисли за следниот бран проширување Во однос на земјава, Будрис вели дека треба да се продолжи со реформите, но и дека Преговарачката рамка од 2022 година не може да се заобиколи. Европската Унија, според него, може ...
„Брент“ веќе падна од 126 долари за барел на крајот на април на 72 долари денеска Надежите за мир на Блискиот Исток ја намалуваат цената на нафтата во последните недели, а може да има и понатамошни падови, пишува „Гардијан“. Според аналитичарите во „Ситигруп“, нафтата „брент“ може да падне на 60 долари за барел до крајот на годината, ниво кое последен пат беше забележано во јануари. „Брент“ веќе падна од 126 долари за барел на крајот на април ...
„Спасувачките екипи ќе работат без прекин додека не се расчистат сите урнатини. За жал, можеби ќе бидат пронајдени повеќе жртви“, вели шефот на воената администрација на Киев Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 30 откако спасувачите извлекоа уште три тела од урнатините на станбена зграда во областа Дарнички. Државната служба за вонредни ситуации на Украина потврди зголемување на бројот на жртви, а операциите за спасување ...
Спасувачите првпат воспоставиле контакт со Гил преку камера за пребарување внесена во урнатиот подрум на зградата, а акцијата за негово спасување траела повеќе од 70 часа Четириесет и четири годишен маж е изваден од под урнатините на паркинг на трговски центар што се урнал во катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата пред осум дена. Хернан Алберто Гил Флорес бил затрупан под седум метри урнатини, а акцијата за негово спасување траела ...
За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат метеоролозите за денеска. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува да има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд кој во одредениделови ќе биде и над 15 литри на ...
Од Центарот за управување со кризи велат дека со оваа технологија се обезбедува поголема заштита на шумите, имотот и безбедноста на луѓето и додаваат дека заштитата на животната средина и граѓаните мора да биде на прво место Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување паметни камери наменети за рана детекција на шумски пожари. Овие современи камери ќе бидат распоредени во неколку критични зони низ државата и ќе ...
„Јавно кажувам, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е битно дали тоа ќе биде електронско, дали ќе биде со писма. Дајте да најдеме начин, да најдеме некоја пракса во светот како би успеале на тие луѓе да им овозможиме правото на гласање да го остварат на поедноставен начин“, рече премиерот во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Сител Тој го повтори тврдењето дека нема амбиција да се ...
Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава за случајот, полициските службеници ги забележале лицата кои биле со возило „бе-ем-ве“ со ресенски регистарски ознаки, по што ги лишиле од слобода Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје денеска привеле три лица под сомнение дека предизвикале општа опасност на територијата на скопската општина Чаир, каде вчера доцна вечерта било пријавено дека на отпад за ...
На седницата за пратенички прашања, што беше на дневен ред на Собранието на 25 јуни, Филипче упати серија критики до премиерот и Владата, обвинувајќи за лошата економска состојба во државата, стагнацијата во евроинтеграции, заминувањето на младите и за партиски тендери, на што Мицкоски одговори дека „кога луѓето ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе бидат среќни бидејќи правдата дошла“ Премиерот во вечерашното гостување во централниот Дневник на ...
Сите имаат средна клиничка слика со покачена температура, мачнини, дијареа, болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран, туку добиле терапија и се на домашно лекување Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје, од каде што додаваат дека нема хоспитализирани пациенти. Од Центарот за ...
„Сите заедно стоиме под еден покрив – Фронтот за вистина и правда. Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа. Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место“, вели лидерот на СДСМ во видеообраќањето Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче денеска преку видеообраќање до младите ...
Истражување на Центарот за граѓански комуникации за тендерите за обележување пешачки премини во периодот 2023-2025 г. открива дека повеќе од половина од општините во земјава немале посебна јавна набавка за таа намена. А, и меѓу тие што набавувале има такви што не барале минимални стандарди Сите институции што ги контактиравме, дури и тие што немаат наменски тендери, тврдат дека ги бележат улиците Секој ден, секој пешак или велосипедист го ...
„Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“, изјави денеска ресорната министерка во врска со последниот случај на меѓуврсничко насилство во општина Аеродром Во тој контекст, министерката рече дека во моментов во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за ...
Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева, која го застапува обвинението, во изјава за медиумите рече оти е задоволна од она што денеска било презентирано во судницата, а што според неа ги потврдува наводите на Обвинителството Одбраната на Ристов, пак, ги спори доказите, тврдејќи дека постои можност за манипулација со нив. Прашуваат зошто не било извршено вештачење и на парите Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот ...
„Понатаму треба да постапат јавното обвинителство и судот. Сето тоа да биде соодветно споделено со јавноста и преку медиумите да бидат запознати сите оние што во иднина повторно ќе се дрзнат да направат вакво насилство дека за сите следува санкција, дека за нивните родители ќе следува санкција“, вели министерот Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека веќе се преземени законски дејствија во врска со случајот со меѓуврсничко ...
Порталот за животна средина, наведуваат од скопскат цементарница, постојано ќе се надоградува со нови информации, а на него ќе биде поставен и новата А интегрирана дозвола Скопската цементарница „Титан-Усје“ соопшти дека од денеска е достапен нов портал за животна средина на компанијата, на кој граѓаните ќе можат да пристапат преку електронската адреса https://envi-platform.usje.mk/mk/. Воведувањето на порталот, како што се наведува во ...
Одговарајќи на новинарско прашање од кои институции најчесто чекаат одговори, појасни дека станува збор за наредби и барања што Обвинителството ги испраќа до различни институции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи (МВР), Управата за финансиска полиција, банки и други правни и физички лица Само 16 отсто од поднесените кривични пријави во 2025 година останале нерешени во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ...
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во Скопје се регистрирани последици на повеќе критични точки, при што како најпогодени подрачја се издвојуваат општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром Граѓаните што претрпеле материјални штети од вчерашното невреме, веднаш да поднесат барања до матичните општинските комисии за процена на штети, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Овие комисии, додаваат ...
Со втората испорака на американските оклопни возила, кои се очекувa да пристигнат во земјава до крајот на месецот, информира министерот за одбрана, се заокружува испораката на 42 „страјкери“ од САД во рамки на договорот вреден речиси 339 милиони евра Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека во понеделник на пристаништето во Солун се очекува да пристигнат останатите лесни оклопни возила „страјкер“ од САД, откако првата тура на ...
Со осомничените се извршени службени разговори, а по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава Три лица се приведени поради физички напад и нанесување повреди со остар предвмет врз малолетник во скопската Општина Гази Баба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека настанот се случил на 22 јуни во 23.05 часот на подрачјето на Гази Баба. „Од слобода се ...
Од Онкологија потврдуваат дека во текот на вчерашниот ден, поради обилните врнежи, било регистрирано протекување на вода на нивото -1, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија и додаваат дека исклучувањето на апаратите било превентивна мерка Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија преку соопштение дава појаснување за состојбата на Клиниката откако денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) алармираа дека по ...
Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (2 јули 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во „360 степени“ донесуваме: – од 1,8 милијарди евра што ЕУ ги одвоила за Македонија преку ИПА-фондовите во изминатите две децении, земјава успеала да потроши само 880 милиони; дел се неповратно изгубени, за дел сè уште има време да се потрошат – каде се проблемите; – зошто пешачките премини во земјава, толку важни за ...
Информациите со кои рече дека располагаат говорат оти единствениот изолиран бункер со оловни ѕидови е целосно поплавен, а дека друга таква алтернативна просторија на Клиниката нема По вчерашното невреме во Скопје е поплавена Клиниката за онкологија и се исклучени апаратите за радиотерапија, алармираат денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Од партијата велат дека на Клиниката има поплава од фекалии, а вода протекувала и ...
Средствата што не ги користат Босна и Херцеговина, Србија и Косово, затоа што не ги исполнуваат обврските од т.н. Реформска агенда, се очекува да бидат пренасочени кон земјите со најголем напредок во реформите. „Тоа се Црна Гора и Албанија, т.н. предводници (’фронтранери’), како и Северна Македонија, која исто така има добри резултати во спроведувањето реформи“, пишува „Еуроњуз“ Европската комисија најавува дека подетални информации за ...
До август 2024 година, во услови на истечен договор за јавна набавка, Клиниката примала специфични медицински материјали за хируршки интервенции без воопшто да се знае нивната вредност. Материјалите биле испорачувани, а се книжеле дури откако подоцна ќе пристигнеле фактурите Како прашање од особен акцент, ревизорите ја издвојуваат оптовареноста на оваа јавна здравствена установа. Дури 66 проценти од вкупниот број реализирани прегледи биле ...
Опозиционерите бараат итна координирана акција на сите надлежни институции, психолошка поддршка за жртвата и конкретен план за превенција на врсничкото насилство во сите училишта на територијата на Општина Аеродром, оценувајќи дека безбедноста на децата мора да биде највисок приоритет на институциите Општинската организација на СДСМ во Аеродром остро го осуди случајот со меѓуврсничко насилство што пред два дена се случи во парк на територија ...
Од Министерството додаваат дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на другите инволвирани малолетници во случајот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело насилство и за сторено кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека вчера во полициска станица се повикани на разговор две малолетнички и нивните родители во врска со случајот со ...
Апасиев во објавата наведува дека електронското гласање на дијаспората во последен момент станало централна точка и „црвена линија“ на ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за новиот Изборен законик Вчера информира дека партијата поднела 3 500 амандмани во врска со измените на Изборниот законик, за кои рече дека веќе се архивираат во Собранието Пратеникот и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук реагира на ...