Државниот обвинител на Ново Мексиско нареди повторно отворање на кривична истрага за наводни злосторства извршени на ранч во сопственост на покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, врз основа на нови информации објавени од Министерството за правда на САД, соопшти Министерството за правда на државата во вторник. Министерството за правда на САД на 30 јануари објави милиони досиеја поврзани со Епштајн, кои фрлаат нова светлина врз ...

Диналд Трамп рече дека сакал да си го додели Конгресниот медал на честа. 79-годишниот Трамп вчера зборуваше на митинг во Ромео, Џорџија, за неговата ненадејна посета на американските сили во воздухопловната база Ал Асад во ирачката покраина Анбар во декември 2018 година, 15 години по американската инвазија на земјата. „Решив да одам во Ирак. Бев неверојатно храбар. Толку храбар што сакав да си го доделам Конгресниот медал на честа“, им рече ...

Нуклеарната централа „Запорожје“, контролирана од Русија, во југоисточна Украина работи на единствениот преостанат надворешен далновод откако го загуби резервниот далновод пред повеќе од една недела, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека далноводот „Феросплавна-1“ бил уништен на 10 февруари „наводно како резултат на воена активност“. Нуклеарната централа, ...

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за британското кралско семејство. Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција како дел од истрагата за неговата врска со Џефри Епстин. Тој е првиот висок член на британското кралско семејство што е уапсен за речиси 400 години, од времето на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција против 10 лица, за кои постојат основани сомненија дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога по член 215 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените веќе се во 48-часовен притвор, а ...

Времето денеска е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се движи од -2 до 5 степени, а дневната од 1 до ...

Познатиот српски актер Воја Брајовиќ беше вклучен во списокот на уметници на кои, со одлука на Владата на Србија, им беше доделено национално признание во форма на посебна пензија. Не долго потоа, беа објавени информации за износот на неговите месечни приходи – неговата национална пензија изнесува 73.114 динари. За време на неговата богата, децениска кариера, тој оствари голем број импресивни улоги во филмот и телевизијата, а публиката сè ...

Членот на извршниот одбор на Комитетот за мир, Марк Роуан, денес го презентираше планот за реконструкција на Газа, кој предвидува изградба на 100.000 куќи во јужниот град Рафа, од кои би започнала реконструкцијата на палестинската енклава, додека претседателот на Светската банка, Аџај Банга, најави основање на Фонд за реконструкција и развој на Газа. Роуан, кој е и извршен директор на компанијата „Аполо Глобал Менаџмент“, рече дека во ...

Смртта на десничарскиот активист Квентин Деранке во Франција предизвика нов конфликт меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџa Мелони. Во едно од соопштенијата, Мелони го изрази својот шок од претепувањето на Деранке и изјави дека неговото убиство е рана за цела Европа. Сепак, нејзиниот осврт на ситуацијата во Франција очигледно го вознемири Макрон, кој за време на престојот во Индија директно го повика ...

Поранешниот принц Ендрју беше ослободен од притвор по речиси 12 часа, објавија британските медиуми. „Скај њуз“ објави дека посрамотениот помлад брат на британскиот крал Чарлс III ја напушти полициската станица во Ајлшам со возило. Она што ги шокираше многумина беше изгледот на поранешниот принц. Изгледаше како да не знае што го снашло. Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен на неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам денес, на неговиот 66-ти ...

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот главниот град, Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. – Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа – Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат ...

Германскиот генерал, Волф-Јирген Штал, претседател на Федералната академија за безбедносна политика, тврди дека Германија веќе се соочува со руски сајбер напади, но се плаши дека Путин би можело да ги засили нападите низ Европа, па дури и да испрати копнени трупи. Во својот говор, тој го критикуваше и Доналд Трамп. Штал изрази верување дека Путин ќе употреби воена сила доколку му се даде можност. „Кога ќе видам како досега дејствувал Путин ...

Теодор Давидов (15) е вистинска тениска сензација во светот на јуниорскиот тенис. За разлика од сите тенисери, тој има специфичен стил на игра, кој вклучува користење на два форхенди додека постојано го менува рекетот од рака во рака. Teodor Davidov, another Ambidextrous tennis player who plays without a backhand.. At just 15, he won his first ATP point and will become the first player appear in the world rankings without a backhand.. Is ...

Четворица малолетници, на возраст од 14 и 15 години, се осомничени дека насилно внесоа 14-годишен малолетник во училницата на Основното училиште „Сутјеска“ во Подгорица, држејќи го на подот, удирајќи го по главата и телото со тупаници, чадор и шише, соопшти денес Полициската управа (УП). Во соопштението се наведува дека полициските службеници од Подгорица постапиле по пријавата поднесена на почетокот на февруари 2026 година од родителот на ...

Во Сараево синоќа се случи нова несреќа на трамвај во близина на мостот Царево, кога се судри со автомобил, а возачот возеше под дејство на дрога, објавува Klix.ba. По несреќата, двајцата возачи се однесени во итната помош, каде што им биле констатирани полесни повреди. Возачот Н.К.(39) од Сараево, кој го управуваше трамвајот, нема важечка дозвола за управување со трамвај. Поточно, дозволата е истечена порано. Полициски службеници на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека „лоши работи ќе му се случат“ на Иран ако не се согласи значително да ја ограничи својата програма за нуклеарно оружје, издавајќи го предупредувањето во време кога САД градат масовно воено присуство во регионот како подготовка за потенцијален напад. „Можеби ќе мора да одиме чекор понатаму, или можеби не. Можеби ќе постигнеме договор. Ќе дознаете во следните, веројатно, 10 дена“, рече ...

„Поради пустата желба за поголем и нов авион за луксузирање Гордана Сиљановска денеска кажа дека колеги претседатели ја коментирале староста на македонскиот владин авион и велат бил од времето на браќата Рајт. Рекле мал бил авионот ама не прашање за платите колку се мали. Само за авионот. Кои колеги? Можеби колегата Мицкоски или колегата Николоски. Бидејќи староста на владиниот авион во Македонија е околу 20 години. Хрватскиот владин авион е ...

Полска денес ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ненадејното зголемување на военото присуство на САД на Блискиот Исток, што ги зголеми стравувањата од директен конфликт со Техеран, пишува „Политико“. „Апелираме веднаш да го напуштите Иран и да не патувате во таа земја под никакви околности“, изјави полскиот премиер Доналд Туск денеска во градот Зјелонка во близина на Варшава. „Не сакам никого да плашам, но сите знаеме ...

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени ...

Белгискиот фудбалски голман Тибо Куртоа стана ко-сопственик на францускиот второлигаш Ле Ман. Голман кој го брани голот на Реал Мадрид, се придружи на групата инвеститори предводени од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и возачите на Формула 1, Фелипе Маса и Кевин Магнусен. При потпишувањето на договорот, Куртоа се фотографираше со дресот на Ле Ман, на кој пишува „NxtPlay“. Тоа е името на неговата компанија, преку која инвестираше во Ле Ман. ...

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента. – Анализата на опсегот на постигната продажна цена по метар квадратен укажува дека најнизок забележан минимум во втората ...

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука. Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa – „Навивај во живо на FIFA ...

Без мајчиниот јазик, не можеме да бидеме ни луѓе, тој е како матична клетка на идентитетот и на културата. Овој ден е посветен на љубовта, негата, грижата и на почитта на сите мајчини јазици кај нас и во светот зашто на мајчин јазик најлесно и најдобро се изразуваат радоста и тагата, чувствата и мислите – истакна претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари ...

Во присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова. Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, првата премиера изведена во оваа, тогаш нова и привремена зграда на ...

Поминаа пет години откако регионот беше погоден од веста за заминувањето на еден од најпознатите пејачи во регионот, Ѓорѓе Балашевиќ. На 19 февруари 2021 година, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Војводина во неговиот роден Нови Сад. Причина за смртта беше пневмонија предизвикана од вирусот COVID-19. Тој беше примен во болница само четири дена претходно, откако беше ...

Велешанка (35) ќе одговара кривично затоа што зема пари од каса на фирмата во која работеше како благајник. Како што информираат од МВР, СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26/27.12.2025 на своето работно место како благајник во приватна фирма од Скопје, таа одзема дел од парите од касата, кои и беа доверени, при што се стекна со противправна ...

Дали зад дел од еколошките иницијативи стојат вистински аргументи или лични интереси, оваа дилема за отвора рударскиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов во својата последна колумна. „Дали постојат вистински љубители на животната средина? Апсолутно ДА“, пишува Грозданов, додавајќи дека и институциите имаат обврска и капацитет да реагираат: „Дали државата е спремна да ги спречи сите аномалии кои се појавуваат со загадување на животната ...

По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“. Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените ...

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, по скратена постапка, го донесе законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со што се продолжи рокот за уште пет години, односно до 2031 година. Дополнителните пет години се дадени за да се завршат постапките за објектите изградени до 2011 година и формално измените не отвораат нова врата за нови барања, туку се однесуваат исклучиво на оние граѓани што веќе ...

Во интервју со британскиот новинар Пирс Морган во емисијата „Нецензурирано“, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека судбината на едно лице не може да ја одреди судбината на државата, нагласувајќи дека Украина ќе остане отпорна дури и во случај на негова смрт. Разговорот, објавен на официјалниот YouTube канал на емисијата, опфаќа теми како што се личната безбедност, мировните преговори, територијалните спорови и можноста за ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Кобалт

3.86